Каде се иселивте и како?

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.217
Тој што се убедува дека во Македонија има поголем квалитет на живот отколку земјите во EU/USA/AUS сигурно верува дека Дедо Мраз е вистински и живее во свет кој е паралелно еднаков на фантазија.

Корупција, сиромаштија, неквалитетно здраство, најлоша инфраструктура во ЕУ, без шанси да работиш работа за која вистински си учел и си се спремал и припремал (замисли учиш за доктор 12 години, буквално за да спасуваш ЖИВОТ и државата ти е толку под корупција што не ти дава можност за работа, само пример) но место тебе на работа го земаат Алиу шќипот оти сите позиции се поткупени со пари и партиска книшка, за вадење документи и извршување на легални работи да не правиме муабет.

Скопје како најзагаден главен град каде што 5/5 членовите сите возат автомобил и градот е задушен и пренаселен, да собереш пари чесно и да си купиш своја куќа или стан е Mission Impossible и така настануваат некој ликови на форумов што уште живеат во куќата од таткото на 37 години.

Единствено нешто позитивно што за мене остануваше во вукојебинава е дружбата со другарите и добрата храна која ја нуди нашата почва, но 80% од друштвото се отсели странство и сега скоро и да нема никој, можам да ја намирисам иднината дека државичкава ќе си остани со луѓето кои си ја продадоа душата за државна работа и сега вечно мораат да лижат газ и другиот дел ќе бидат пензионерите. Поздрав до другарите од средно што скитаат по улица и што удираат по народот со казни, песој улични сте, маму ви јебем.

Додека младината се преселува на ново место во туѓина, со надеж за подобри услови за живот, кои се подобри во секој случај отколку овде, ама ќе остани една носталгија назад во главата, за местото во кое растевме кое за жал е место кое на никој не му посакувам да се роди.
 
Последно уредено:

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.019
Социјализирај се со комшиите, никад не знаеш кога ќе треба да му тропнеш на врата за 5-6 грама :D
Толку имам низ фиоки без да барам. :D Тоа е убавината на центар, побрзо ќе си земам од шоп на 2мин одошто комшија да облече пиџами. :D Спреми се за воук и 1200+ годишно за гане ако идеш и дуваш како мене. :D

Незнам за холандија ама тука пример ако живееш подалеку од работното место и патуваш доста можеш да користиш даночни олеснувања за патувањето до работа (30% од трошоците над лимитот), имаш даночни олеснувања ако имаш кредит (30% од платената камата), даночно олеснување од 7000€ за поправки кои ги извршуваш ако поседуваш куќа и важи само за работната рака (ова е по сопственик, со оглед на тоа што куќата ни е 50-50 имаме 14000 годишно), така што и покрај скинатиот 54% данок на добивка што ми удрија прошли месец, овој или следниот ке ми вратат повеќе од пола од тоа на база на олеснувањава што ги пишав.
Не патувам често. Фирмата ми покрива комјут базирано на колку пати лаптопот се чекирал во офис, мислам секаде во Холандија е 25 центи од километар но кај мене не пресметува добро така што ми исплаќаат на пејслип повеќе од што трошам на тоа. Исто работам во фенси офис со мишелин шеф со неколку фри ресторани внатре за јадење, плус има сендвичи и салати за takeaway и луѓето си земаат за дома вечери така да сум во голем плус ако одам од офис но пуста мрза да се стане наутро… башка од дома we fuck on company time па се изедначува. :icon_mrgr:

Во Холандија има олеснување 30% данок ако доаѓаш од страна како highly skilled migrant првите неколку години (беше 8 сега мислам 5) и затоа е атрактивна земја за миграција за млади, но не бевме најмени од МК туку веќе бевме таму и не го фативме. Исто има државно олеснување при купување куќа/стан за да не изгубиш пари ако падне цената под таа купена но уште истражуваме. Ќе најмиме финансиски адвисор сега за купување па ќе не советуваат и општо за финансии и даноци, пример за 2023 ни вратија 3-4к данок назад за појма немам што.

Мој единствен совет е нетворкинг. И да се откинете работејќи по 12 саати у некое ќоше нема никогаш да бидете први земени предвид за некоја нова позиција, унапредување, препорака од некој што врзал некој муабет плус и се заинтересирал за нешто вон неговите дејли таскс.
 
D

Deleted member 157923

Гостин
Не друже малку е тоа. Иако несмеам еве ке скријам имиња, имам пристам до сите плати во компанијата што работам.
Ова е само во една држава платите на 300 вработени од највисоки до најмали. Ова е за последен месец.

Прегледај го приврзокот 412763
Е дај кажи ако си во ИТ сектор што е она што моментално е актуелно, што се бара и што би било најлесно за почетник. Има некои туторијали на нет сакам нешто да читам во слободно време. Плус софтверот е бесплатен за download.
Што се бара front end, back end, full stack, бази на податоци, тестер...?
Ова react js да се изучува се бара ли као за front end?
Blockchain технологија како девелопер?
Што толку сите криете информации.
 
Член од
29 март 2024
Мислења
435
Поени од реакции
841

Никој не крие информации бе другар, треба сам да запнеш да бараш.

Ja знаеш странава? Доста QA инжињери се бараат

Исто зачлени се на оваа група на фб:
“Работа и вработување во IT сектор”

Често постираат огласи директно ако им требаат работници.
Ако можеш на пракса било каде да почнеш повеќе ке научиш него да фрлаш пари на курсеви.
 
Член од
7 јуни 2022
Мислења
20
Поени од реакции
7
Е дај кажи ако си во ИТ сектор што е она што моментално е актуелно, што се бара и што би било најлесно за почетник. Има некои туторијали на нет сакам нешто да читам во слободно време. Плус софтверот е бесплатен за download.
Што се бара front end, back end, full stack, бази на податоци, тестер...?
Ова react js да се изучува се бара ли као за front end?
Blockchain технологија како девелопер?
Што толку сите криете информации.
Bratu nikoj nisto ne krie se ti e dostapno online, koj jazici se izucuvaat koi tehnologii.Se mozes da vidis i da pocnes da ucis, samo so tutorijali ne se pravi nisto moras dobri 2 3 godini od zivotot da odvois ako ne i poveke za da pocnes kako pocetnik.I od koga ke pocnes dobra visoka plata posle 2 3+ godini iskustvo.A momentalno pocetnik bes fakultet sam sto uces da najde rabota e isto kako na loto da si fatil, ili ekstemno da si talentiran pa da te biva i da ti dade nekoja firma sansa.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Темава треба да се постави важна и да стои на почетна како потсетник зошто за кур не ни ја бива државата, пред се менталитетот на поединци кои очигледно преовладува. Чист пример зошто луѓето си заминуваат.

Не знам која е потребата за докажување каде е подобро за живот? Ликови како Рон што живеат со мама и тато, и чекаат 100че за кафе за да идат да се жалат на други како они се граѓани од втор ред, како Љавдрим зимал повеќе пари од него, тоа не е никакво мерило.

Јас немам ништо против луѓето што останаа во Македонија, има и таму работници и луѓе што се борат, ама ваквите што кукаат по кафиња се шлајмот на општеството.

@Pitu Guli MKD
Која ти е тебе таа логика дека ако ни било убаво у странство ќе сме седеле на странски форуми? Тоа што не живееме во Македонија не значи дека сме одродени. По твојава логика, ти сакаш да се иселиш чим дремеш на тема за иселување, така? Не бива логикава нели?

@Ron Burgundy
Уште сега жалам што воопшто и те спомнувам, ама многу си гласен кај што не ти е место. Граѓанин од втор ред, од трет ред... и 5ти ред да сум/сме, сите што заминале имаат поубав живот од што имале. Јас лично ич не ми чуе од кој ред сум. Си го знам идентитетот, вредноста и живеам онака како што сакам. И дај молимте не споредувај живот со мама и тато и живот во странство.

Една голема грешка е што сите мислат дека заминувањето е најчесто за пари, не е. Голем дел е, меѓутоа по некое време се менуваат работите.

Еве како граѓанин од 5ти ред јас:
- што и да ми треба на доктор, завршувам најчесто во истиот ден без да чекам со месеци ред
- било каков документ да ми треба го вадам за неполн час ОНЛАЈН, или со ден два чекање
- живеам во средина со чист воздух, не се замарам со мојвоздух апликации и немам потреба да галамам на социјални медиуми колку е загадено
- образованието е одлично и евтино, деца да растам тука не би имал никаков проблем
- безбедноста е на највисоко ниво, без да се замарам дали некој Љавдрим ќе ми избрца дете во автобус
- сум тоа што сум ради знаењето во струката, а не ради партиска книшка
- месечна плата ми е поголема од годишната во МК

Се отселив во 2019 и успеав да опремам стан од 0 што имаше само паркет, кола не купувам иако можам (не ми треба затоа што ќе се селам во друга држава), годишно идам на 3 одмори, и секој 3 месец сум некаде во околина на шетање, често си одам и во Македонија, на моите им плаќам патувања, и имам комоција за многу работи. Ми рикна компјутер, нема проблем си купив доста појак во кеш. Сум сакал апарат од 2к евра, еве и тоа си купив. ТВ, Сони 5, телефон, не треба да правам математики за рати. Не се фалам, ама сакам да доловам дека некои работи во МК не се возможни.

А, во МК работев во една од најдобро платените фирми во тоа време каде што бев приморан секој ден да патувам по 45 минути во правец. Хром - Аеродром, јебига. И имам опција да заминам на х3 подобро платена работа, можеби звучи смешно ама не сум заминал затоа што конкретно тука имам слобода да работам фул тајм од дома.

Затоа не серете многу за животот во странство, ако ви е ок во Македонија баш ми е драго, ако не, подобро да ќутите секако ништо паметно немате да кажете. Дали некој работи како шофер, доставувач на бургери, ИТ или нешто трето е негов проблем. И он превземал нешто околу тоа за да има подобар живот. А, вие живејте си ја бајката дома со мама и тато.
Сосема коментар на место.

Кога кажав дека ние сакавме да одиме во Швајцарија, ама не ни успеа, поединци нели ми пишаа остана бедна тука без пари, а никако не може да им влезе во глава дека мене парите не ми се никаква причина за да си одам од тука.

Тука живеам солиден живот, ама немам мир.
Притисоци од партии, ако сакаш да бидеш унапредена мораш да дојдеш од наша страна, а јас 10 години не можам да мрднам од место со работа како коњ, работа за сите, работа за тие што се на власт, па после за другите, дупла и мачна за инает, само зошто сакам бе раат да работам не сакам да се мешам во политики и да завземам страни. Исто гомно е се тоа.

Ама, притисоци, посебно сега пред избори, а полошо после избори.

И така живееш со неправди, идеш на работа која ја сакаш, ама нозе ти се враќаат зошто некој ќе се изживува и одмаздува за гласот што не го добил.

Другата страна... К15 не добил со години. Во минус фирмата работела а газдата три стана во Грција зеде и иронично, го викна заедно да го средат. Па ајде ќе се даде, ама не можам цело немам кеш, ама ајде и од тоа пола жити мене ќе ми вратиш пола.

И живееш така огорчен, бесен, како робот, легни стани, нервози, стресови и мозочен удар ќе те трефне на 40ката. Е затоа сакам да си одам од тука. За мир, за парче раат, за мирен сон и мирна работа. Ама ете не можеш да им објасниш. Не замина не успеа остана тука без пари и толку, ограничено, не може понатаму.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Ептен ретко се уклучувам на ова форумот, секое уклучување ваква тема мора да биди од најактивните.

Јас се преселив во Холадија пред 4 години преку виза за високостручен кадар и 30% даночно олеснување. Работам како инжинер за автоматизација и роботика. Дојдов овде ептен случајно, на еден саем запознав едни дечки со стартап од Ротердам и после онака опуштен муабет и неколку пива во кантината се договивме онака ко на заебанција. После 1 месец ми се јавија и официјално ме побараа да аплицирам и дека ќе сределе се за виза и стан. Океј викам и после прифаќањето на понудата за 2 месеци бев преселен во Холандија со среден стан, виза, даночно олеснување и преведена возачка за мене и женами.
Првите месеци мислев дека ќе е само привремено до макс 1 година ама некако ко да ме бендиса па си останавме. Сеа веќе иаме куќа купено (на 20 минути со точак од центарот на 2риот најголем град) и успеав да си отворам сопствен бизнис во мојава бранша.

Според мене Холандија е идеално место да преселба на стручен кадар од Мкд (дури и во ранг меѓу Австралија и Америка)
- беспрекорна инфраструктура и јавен танспорт. Измислена е државава за точаци.
- Амстердам аеродромот има дирекнти летови до секаде во светот, а Ајнховен за 200е повратна со визер до Мкд.
- компактна земја, можеш да живееш во Ротердам и да работиш во Амстердам, не само ремоте туку и во канцеларија.
- првите 2 години можеш да се шлепаш само на англиски, посебно во техничките кругови.
- 30% даночно олеснување во рок од 5 години што прави да финалната даночна стапка да се намали на 15-20 % (груба математика де) , дополнително дава бенефит да се смени возачката од македонска во холанска и дополнително дава бенефит да не те оданочува на каптална добивка, акции, и дивиденди
- многу добри услови за започнување на бизнис, со секакви грантови и даночни олесувања, а башка што Холаднија е светски трговски хуб и центар за инвовација во скоро секоја индустрија. Реално неможам да опишам на какви се работи сум работел последниве 4 години. Од машини за телескопи до автономни камиони па се до машнини за контрола на огромни карго бродови.
- најбитното за мене и за секој млад човек, 100% хипотека за вредноста на 1 виот имот на твое име (имот на кој живееш), било куќа било стан и до било која бројка. Ненормално добра привилегија поради тоа што овозможива секој да може да си дозволи да си купи имот. Максимална хипотека е 6х заедничката годишна плата. Квадратот е отприлика 3500 во приградски населби до 4500 во центар ( во просек и со исклучок на Амстердам). Куќите се малце поскапи +20% за квадрат. Обично луѓето купуваат куќи по некоја навика/традиција.

Не да ја фалам многу, има и многу лоши страни исто така, ама во споредба со другиве земји има доста подобри услови.
 
А зошто седиш во државно чим не ти плаќаат К15? Верувам тоа работиш. Странските компании во Мк плаќаат к15 и 13та плата. Нема партиско вработување.

и на крај краева ако толку не ти се седи преселисе во странство види како е? Што е кочницата?
Автоматски споено мислење:

Ехее инжинер за автоматизација и роботика, ти ке се одцепиш од пари во оваа струка. Имаше еден дечко што работеше во минатата компанија кајшто бев беше на 200к годишно со АI ама напушти од Америка и отиде за Лондон. Веројатно таму многу повеќе ги плаќаат.

Иначе за живот топ е Холандија со тоа точаците, :D бев пред 3 месеци. Само едино времето ако не ти смета. Многу врне и е поладно.
 
Последно уредено:

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
@Darling зошто уште не си исселена? Дали и ти си партиски бот ко Биџи? Има ли притисоци периодов? Издржи. Или си ќерката на Попот?
Или ти е страв од геј момците на Европата? Че го земиш за маж, че те изневери со другар му, ццц.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.127
Поени од реакции
30.219
@Darling зошто уште не си исселена? Дали и ти си партиски бот ко Биџи? Има ли притисоци периодов? Издржи. Или си ќерката на Попот?
Или ти е страв од геј момците на Европата? Че го земиш за маж, че те изневери со другар му, ццц.
И јас сум геј
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
558
Поени од реакции
1.093
Drugar nemoj da drapash jajca i kazhi ja vistinata!
Edinstvena tvoja greshka e shto te mrzi.
Na prvi sprat zhiveesh, vo prizemje rabotish, cel grad do jajca, parkovi na 200m od tebe. AMA MRZA TE FATI OTI TI SE ZAARNI!
Dosega i F12 ce znaeshe da ne beshe mrzliv i zalegnat so toa tursko, sirisko i bosansko drushtvo.

I eve od mene pred cela kajgana!
Ako ti treba za zhenati 3-4 saati dnevno rabota ili vo Sabota. Rabotno mesto vo Europark. Chistacka , pishi mi.

Ama ako me usranish ce ti gi otsecham jajcata, ce gi slikam i ce gi stavam vo interesni fotki za spomen!

Pozdrav,
Blagodaram onkel @vouager ke ve imam v predvid... zasega zenata stanuva nautro ja cisti kladionicata raboti gerunfuge jedan saat dodeka ich bin mit kind pa posle jas rabotam...zasega e taka nemoze da raboti poveke casovi posto maliot ne go primat ovie fasisti vo gradinka mora da ima polni 3 godini a nemam star nekoj da mi pomogni...jas rabotam po celi denovi random 15 mesecno imam zaeban raspored.........blagodaram za pomosta.....trazam nesto ona da cisti koga sum i jas sloboden ali svi hoce po redosled nema random denovi ...
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
А зошто седиш во државно чим не ти плаќаат К15? Верувам тоа работиш. Странските компании во Мк плаќаат к15 и 13та плата. Нема партиско вработување.

и на крај краева ако толку не ти се седи преселисе во странство види како е? Што е кочницата?
Автоматски споено мислење:

Ехее инжинер за автоматизација и роботика, ти ке се одцепиш од пари во оваа струка. Имаше еден дечко што работеше во минатата компанија кајшто бев беше на 200к годишно со АI ама напушти од Америка и отиде за Лондон. Веројатно таму многу повеќе ги плаќаат.

Иначе за живот топ е Холандија со тоа точаците, :D бев пред 3 месеци. Само едино времето ако не ти смета. Многу врне и е поладно.
Нема воопшто во државно К15. За тие со мене зборев плус пример за приватното од мојот пример. Дека кај ќе идеш исто е. Што седиш ваму, што седиш таму, кај да идеш? Се е бетер освен надвор. Ваму партиски притисоци, таму газдата вечно за семки работи и нема за тебе, ќути барем плата се вади лебче да си купиш. А не е никако лесно да заминеш од секој аспект.

Настрана парите. Мање битно.
Си испазарил за јадење, сакаш да идеш дома да одмориш, не можеш да си влезеш во зграда. Собрани луѓе не се тргаат од скали и зјапнати во кесата. И ти доаѓа да им речеш, да тоалетна имам земено за газот да си бришам. Знаеш колку пати ми дошло тоа да го кажам?

На работа, поголем проблем од притисоците се колешките од шалтер. Цел ден јаде ѓеврече и вечно се искомплексирани зошто веќе не се млади и зошто млади работат на поголеми функции а не тие. И замисли ја ти таа тортура на тие жени. И тие муабети што вртат и не дај боже колку и да изгледа смешно и безначајно можат и семејство да ти уништат.

Лежиш во болница 2 месеци, станот цели 2 месеци заклучен, пиле не прелетало низ него, си одиш дома и за тие два месеци ти доаѓа сметка од ЕВН 4000 ден. Од каде??? Се јавуваш, ама знам јас да да во право сте, ама тоа паушал е, следните месеци ќе ви одбиеме. И толку, што можеш повеќе, шансите да се докажеш со нив ти се нула. Мораш да платиш. И ќе легнеш и ќе се нервираш. И следната сметка 6 000.

Возиш низ улица, пешак пензионер буквално ти се фрла во кола дур веќе си го поминал пешачкиот. Не се гледа лево десно, пешачки е и мора да се помине. Не е битно дали кола во тој момент го поминува пешачкиот, абе има да застане и да се врати зошто мора пензионеров да помине. Уплав имам од пешачки. Нема пешачки, трчаат ко без глава да поминат улица. Таксисти те преминуваат од десно, вртат насекаде било дозволено или не, мајки што шетат деца на улица, а таа качена на тротоар. И на тоа да му го пазиш гајлето, ако се пушти толку. Да возиш кај нас, а да си нормален, ќе полудиш.

Идеш во продавница, место едвај да се преминат количка и човек, се нашле два пријатели и како ко правило секогаш едниот седи на едниот крај, другиот на другиот и двајцата со количките и тогаш мора да се кажат најбитните работи. И ти зад нив седиш дремеш, се врткаш, извинете, извинете, не те става на такво, а истото и по паркови и надвор. Шеташ и истото. На сред патека, т. е низ цела патека друштва и муабети.

Ако сакаш можам да ти набројувам уште. Парите спрема она што го пишав делуваат небитно. Барем мене.
Тука ли ќе растеш деца? Морони ќе растеш?

Лесно е да кажеш а што чекаш, а зошто трпиш. А ајде што да правиш?
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.690
Blagodaram onkel @vouager ke ve imam v predvid... zasega zenata stanuva nautro ja cisti kladionicata raboti gerunfuge jedan saat dodeka ich bin mit kind pa posle jas rabotam...zasega e taka nemoze da raboti poveke casovi posto maliot ne go primat ovie fasisti vo gradinka mora da ima polni 3 godini a nemam star nekoj da mi pomogni...jas rabotam po celi denovi random 15 mesecno imam zaeban raspored.........blagodaram za pomosta.....trazam nesto ona da cisti koga sum i jas sloboden ali svi hoce po redosled nema random denovi ...
More priznaj te fati strav za jajcata :pos: :pos: :pos:

Smeata nastrana,

Deteto ne ti gobzemast v gradinka zatoa shto mocha vo pampers. A gi zemast i takvi ama koshta mnogu.
Inache,
Vcera i spomnav na Sheficata od Europark.
Ako mozhish da se organizirash. Nozhi samo vo Sabota da raboti. A ti vo medjuvreme go chuvash deteto :D .
Zhena ti od 6-7 do 12h ti posle toa!
RAZMISLI!!!.

I isto im treba asolen coek shto ja znaj taa rabota za smenovoditel.

Ako imas nekoj kazhi mi vo poraka
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom