Каде се иселивте и како?

Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.045
Поени од реакции
11.311
Тој што се убедува дека во Македонија има поголем квалитет на живот отколку земјите во EU/USA/AUS сигурно верува дека Дедо Мраз е вистински и живее во свет кој е паралелно еднаков на фантазија.
Отвори темата Станови во Скопје па ќе забележиш веднаш пар ликови што веруваат во Дедо Мраз. ;)

Трапале имотот ти е штедна книшка ако барем имаш 2 грама мозок.
Колкави се пензиите во странство знаеш или незнаеш? Како сакаш да живееш кога ке остареш како куче или како достоен човек?
Тоа што повеќето не се ни трудат да купат нешто си е ваш проблем не мој, вие ке бидете без заштеда.

Шлепајте се 30 години под кирија ако сакате, нека ви кажува некој кога и како ке се преселувате. Нека ви крева кирија он кога сака. Такви ли граѓани од 1в ред сте?
Другар, нема потреба да се вреѓате меѓусебно. Еве и сам кажуваш дека 10 години си живеел странство па си купил имот работејќи по 2-3 работи паралелно.
Во ред, така и е на почеток или било кој пат да го фатиш ќе ти требаат години за да стигниш до имот (како што ти искоментирав порано на темава, секој има свој различен пат и своја борба).

Во Германија, пример, добро е што може да правиш Untervermietung т.е. да го реиздаваш просторот (во договор со газдата). Тоа е еден начин да направиш пари.
Пример, земаш куќа цирка 1500-2000еур кирија и издаваш соби во неа на работници и слично. Им земаат по 300-400еур, дури и повеќе од кревет. Двајца, некогаш до тројца во соба. Удри му математика.
Само неодамна имаше измени мислам во делот на оданочување (но не ги имам побарано пошто засега не ми е тоа во интерес) и малку станува потешко да имаш поголем профит. Отсегаде гледаат да ти исцедат пари.

Друга опција ти е, две добри плати дома, исто земаш куќа за некои 400к еур на кредит, има постари куќи од минатиот век со еден куп соби. Си пазариш мајстори од Балкан кои ќе ти ја средат што на фактура (што поголем дел на црно) тип топ со вода и струја и рентај ја.
Куќа на 2 спрата со 8 станови ваму кај што сум годишно прави ЧИСТ профит после данок од 40к еур, па сеа ти види.
Тие што ги кажуваш НЕ елитни населби баш се цел на ваквите издавачи на станбен простор затоа што ќе ја наполни со бабари од Иран и шо ти ја знам каде (сега модерно и со Украинци), државата ја плаќа киријата, НЕГО НЕ МУ ЧУЕ.

Дали се расипало нешто, дали функционира или не (а грото функционира) многу многу не се замараат таквите на кои државата им плаќа. ;)

И многу е битно да капнува, НЕ да тече. Не може се доселил вчера странција и одма бизнисмен или одма највисока плата во фирма. Не оди тоа така, се' си бара време.

Но еве ти погоре два примери како со рентање од сопствена хипотека или со ре-рентање да капнува секој месец. После X години, покрај сопствената работа со која се бавиш и ова ќе ти донеси една пристојна куќа дури и во таква елитна населба како што ти ја посочуваш низ примери.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
835
Поени од реакции
1.217
Нема воопшто во државно К15. За тие со мене зборев плус пример за приватното од мојот пример. Дека кај ќе идеш исто е. Што седиш ваму, што седиш таму, кај да идеш? Се е бетер освен надвор. Ваму партиски притисоци, таму газдата вечно за семки работи и нема за тебе, ќути барем плата се вади лебче да си купиш. А не е никако лесно да заминеш од секој аспект.

Настрана парите. Мање битно.
Си испазарил за јадење, сакаш да идеш дома да одмориш, не можеш да си влезеш во зграда. Собрани луѓе не се тргаат од скали и зјапнати во кесата. И ти доаѓа да им речеш, да тоалетна имам земено за газот да си бришам. Знаеш колку пати ми дошло тоа да го кажам?

На работа, поголем проблем од притисоците се колешките од шалтер. Цел ден јаде ѓеврече и вечно се искомплексирани зошто веќе не се млади и зошто млади работат на поголеми функции а не тие. И замисли ја ти таа тортура на тие жени. И тие муабети што вртат и не дај боже колку и да изгледа смешно и безначајно можат и семејство да ти уништат.

Лежиш во болница 2 месеци, станот цели 2 месеци заклучен, пиле не прелетало низ него, си одиш дома и за тие два месеци ти доаѓа сметка од ЕВН 4000 ден. Од каде??? Се јавуваш, ама знам јас да да во право сте, ама тоа паушал е, следните месеци ќе ви одбиеме. И толку, што можеш повеќе, шансите да се докажеш со нив ти се нула. Мораш да платиш. И ќе легнеш и ќе се нервираш. И следната сметка 6 000.

Возиш низ улица, пешак пензионер буквално ти се фрла во кола дур веќе си го поминал пешачкиот. Не се гледа лево десно, пешачки е и мора да се помине. Не е битно дали кола во тој момент го поминува пешачкиот, абе има да застане и да се врати зошто мора пензионеров да помине. Уплав имам од пешачки. Нема пешачки, трчаат ко без глава да поминат улица. Таксисти те преминуваат од десно, вртат насекаде било дозволено или не, мајки што шетат деца на улица, а таа качена на тротоар. И на тоа да му го пазиш гајлето, ако се пушти толку. Да возиш кај нас, а да си нормален, ќе полудиш.

Идеш во продавница, место едвај да се преминат количка и човек, се нашле два пријатели и како ко правило секогаш едниот седи на едниот крај, другиот на другиот и двајцата со количките и тогаш мора да се кажат најбитните работи. И ти зад нив седиш дремеш, се врткаш, извинете, извинете, не те става на такво, а истото и по паркови и надвор. Шеташ и истото. На сред патека, т. е низ цела патека друштва и муабети.

Ако сакаш можам да ти набројувам уште. Парите спрема она што го пишав делуваат небитно. Барем мене.
Тука ли ќе растеш деца? Морони ќе растеш?

Лесно е да кажеш а што чекаш, а зошто трпиш. А ајде што да правиш?
Ќе ти препорачам ич, ама ИЧ да не се замараш со другите што зјапаат и мислат за тебе. Ако работата ти зависи од партија, дали имаш можност да работиш нешто постручно за кое имаш способности а да не е партиска книшка потребна?

Потполно ти ја разбирам маката за во каква средина живееш и со каков народ се расправаш, за жал единствено решение ти е да емигрираш во држава со подобри услови, ти посакувам се најдобро!
Автоматски споено мислење:

Отвори темата Станови во Скопје па ќе забележиш веднаш пар ликови што веруваат во Дедо Мраз. ;)
Знам, се убедувавме како тоа стан во Скопје 180,000 евра е подобар од стан во Виена од 280,000 евра споредено со примањата. Уживај, има дегенчиња :D
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Ќе ти препорачам ич, ама ИЧ да не се замараш со другите што зјапаат и мислат за тебе. Ако работата ти зависи од партија, дали имаш можност да работиш нешто постручно за кое имаш способности а да не е партиска книшка потребна?

Потпонло ти ја разбирам маката за во каква средина живееш и со каков народ се расправаш, за жал единствено решение ти е да емигрираш во држава со подобри услови, ти посакувам се најдобро!
Ваљда има, ама јас си ја сакам работата и ме боли неправда каде имам притисок и уцени без потреба и не можам да мрднам од место поради тоа што немам партиска книшка. Зошто едноставно мирно не може да си работам? Кога има мир и љубов кон работата, тогаш си и покорисен, попродуктивен и придонесуваш многу. Со книшката, само доаѓаат нестручни фаци на кои јас им ја работам работата, до следните избори, па ќе дојдат други на нивно место од друга партија и со нив така и така до недоглед. Еден двајца не можат да работат работа на 60 луѓе, а тие 60 луѓе не знаат каде се наоѓаат а не па да ја работат таа работа.
Може забегав со ова, ама не се парите, ова е проблемот.

Сега, можностите не се на моја страна да можам да одам некаде.
 
D

Diferans

Гостин
И живееш така огорчен, бесен, како робот, легни стани, нервози, стресови и мозочен удар ќе те трефне на 40ката. Е затоа сакам да си одам од тука
Мислам дека малку ги идеализираш развиените земји. Тие се повеќе аномалија отколку правило, еден мал број на напредни економии кои со векови црпеле ресурси и работна рака од глобалниот свет, оставајќи зад себе вакви бројки:
Само 15% од населението живее во развиените земји, остатокот е дури и многу полош од нас. Знам дека нема да те утеши ова многу, но вреди да ги погледнеш работите од историско-економска перспектива.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Мислам дека малку ги идеализираш развиените земји. Тие се повеќе аномалија отколку правило, еден мал број на напредни економии кои со векови црпеле ресурси и работна рака од глобалниот свет, оставајќи зад себе вакви бројки:
Само 15% од населението живее во развиените земји, остатокот е дури и многу полош од нас. Знам дека нема да те утеши ова многу, но вреди да ги погледнеш работите од историско-економска перспектива.
Доволно ми е само да ги нема таму вмро и сдсм.
 
Член од
29 март 2024
Мислења
435
Поени од реакции
841
Ќе ти препорачам ич, ама ИЧ да не се замараш со другите што зјапаат и мислат за тебе. Ако работата ти зависи од партија, дали имаш можност да работиш нешто постручно за кое имаш способности а да не е партиска книшка потребна?

Потполно ти ја разбирам маката за во каква средина живееш и со каков народ се расправаш, за жал единствено решение ти е да емигрираш во држава со подобри услови, ти посакувам се најдобро!
Автоматски споено мислење:



Знам, се убедувавме како тоа стан во Скопје 180,000 евра е подобар од стан во Виена од 280,000 евра споредено со примањата. Уживај, има дегенчиња :D
Гледаш дека извртуваш? Не ги разбираш бројките и тропаш на памет?
Строг центар во Скопје:
2,000 евра квадрат x 90 кв= 180,000 евра

Строг центар Виена:
8,400 евра квадрат x 90 кв = 756,000 евра

Малку утна повеќе со математиката и споредбата.

 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.127
Поени од реакции
30.219
Мислам дека малку ги идеализираш развиените земји. Тие се повеќе аномалија отколку правило, еден мал број на напредни економии кои со векови црпеле ресурси и работна рака од глобалниот свет, оставајќи зад себе вакви бројки:
Само 15% од населението живее во развиените земји, остатокот е дури и многу полош од нас. Знам дека нема да те утеши ова многу, но вреди да ги погледнеш работите од историско-економска перспектива.
Iako donekade si vo pravo, toa ne gi objasnuva Singapur i Hong Kong.
Mozebi zavisi koj ti bil kolonizator.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.438
Поени од реакции
24.628
Iako donekade si vo pravo, toa ne gi objasnuva Singapur i Hong Kong.
Mozebi zavisi koj ti bil kolonizator.
singapur i hong kong se kade sto se blagodarenie na kinezite koj ziveat tamu.

singapur po proglasuvanje na nezavisnost bil mocuriste i najsiromasen del na malezija. nivniot "tito" najverojatno e najpameten i najuspsen politicar sto nekogas vodel drzava.

britancite igraa golema uloga vo ona sto e hong kong denes ama i tamu kinezite se odgovorni za 90% od rabotite. nivnata blizina so fabrikata na kina kantonshkiot reon prakticno gi napravi bogati. spojuvanjeto na britanski/svetski kapital so kineska rabotna raka i zdelki uglavno napraveni od kinezi se klucnoto zosto hong kong e tamu kade sto e denes. deka i bez britancite ke bil toa sto e dokaz ti se shanghai, beidzin, shanzen, guandzou i foshan, poslednite 3 prakticno na pomalku od 2 saati od hk so kola.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Мислам дека малку ги идеализираш развиените земји. Тие се повеќе аномалија отколку правило, еден мал број на напредни економии кои со векови црпеле ресурси и работна рака од глобалниот свет, оставајќи зад себе вакви бројки:
Само 15% од населението живее во развиените земји, остатокот е дури и многу полош од нас. Знам дека нема да те утеши ова многу, но вреди да ги погледнеш работите од историско-економска перспектива.
Ова! Илјадници пати имам зборувано дека Македонија како држава се средува додека трепнеш, само ни треба политички врв спремен да преземе ризик и да направи чистка (по кратка постапка, судски не може да се изведе ни во најразвиените земји).

Најголемиот проблем на тие простори (се влече повеќе од 2000 години) е корупцијата. Ако тргнеш историски и во времето на Филип и Ацо најголемите проблеми ги имале од ова, и ја имаме од чистач па се до највисок врв.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.643
Поени од реакции
4.481
Илјадници пати имам зборувано дека Македонија како држава се средува додека трепнеш
Ма не бе друже, проблемот е многу подлабоко а го знаеме тоа сите.
30+ години се прават „чистки„ но и покрај тоа за исти фаци и идеологии се гласа.

Па нели гледаш што се случува моментално... „Од врата на врата„ , „Не се откажуваме од иднината„ ...
Добро што е ова бе? До кога со вакви предизборни фори и мачкање очи? Ми се гади што ги гледам сите, како тие кои се тепаат за фотеља и позиција, така и тие кои трчкаат за нив предизборно.
Каква иднина бе, каква врата бе, крв...

Не ти е крив политичкиот врв, народот е ретардиран!
„Преку политичка партија за животна егзистенција„
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Ма не бе друже, проблемот е многу подлабоко а го знаеме тоа сите.
30+ години се прават „чистки„ но и покрај тоа за исти фаци и идеологии се гласа.

Па нели гледаш што се случува моментално... „Од врата на врата„ , „Не се откажуваме од иднината„ ...
Добро што е ова бе? До кога со вакви предизборни фори и мачкање очи? Ми се гади што ги гледам сите, како тие кои се тепаат за фотеља и позиција, така и тие кои трчкаат за нив предизборно.
Каква иднина бе, каква врата бе, крв...

Не ти е крив политичкиот врв, народот е ретардиран!
„Преку политичка партија за животна егзистенција„
Се гласа за исти партии поради што секој има некаков интерес од нив. Разликата е што интересот на нискиот ешалон е работа во шумско за 20к, а на тие нагоре оди до милионски тендери.

Да си гледаше народот гајлето, и да сакаше да работи, немаше ни да му треба таква мизерна работа, а уште помалку партии. Следна работа е живеење вон реалноста, буквално секој се токми писар, само и само да не работи. Илјадници километри квадратни земја стои буквално така, едно чудо и државна која се зема под наем и по 100 евра за хектар годишно, но како држава увезуваме храна :tapp:

Да се загнеше народот да развива приватен сектор, ќе можеше да прави притисок за промена на закони, притисок да работат институции, притисок да си ја бркаат работата владите.

Ние 30 години си ги вадиме очите меѓусебно, ако треба да завршиме нешто работа во институции ги гоштеваме како сватови и без да побараат, само и само да се помине преку ред, и на крајот Цацко ни е крив.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.643
Поени од реакции
4.481
Разликата е што интересот на нискиот ешалон е работа во шумско за 20к
Е од ова не се прави чистка, ова не го искоренуваш од лузерскиот менталит на народот.
Да се загнеше народот да развива приватен сектор, ќе можеше да прави притисок за промена на закони, притисок да работат институции, притисок да си ја бркаат работата владите.
Тоа е тоа за кое асоцирав.
Но и покрај тоа во кампањиве сите звучат како да го имаат клучот во рака, како да ја солвнале равенката и знаат што треба сега да се прави.
А уште поболно е ако има некој таму кој верува. А убеден сум дека ги има. Грото знаат што се случува, знаат дека се борат само за личната позиција и не им е гајле за државата и иднината, али има и групи кои стварно се дното кои и покрај сѐ веруваат во сѐ.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.438
Поени од реакции
24.628
Е од ова не се прави чистка, ова не го искоренуваш од лузерскиот менталит на народот.

Тоа е тоа за кое асоцирав.
Но и покрај тоа во кампањиве сите звучат како да го имаат клучот во рака, како да ја солвнале равенката и знаат што треба сега да се прави.
А уште поболно е ако има некој таму кој верува. А убеден сум дека ги има. Грото знаат што се случува, знаат дека се борат само за личната позиција и не им е гајле за државата и иднината, али има и групи кои стварно се дното кои и покрај сѐ веруваат во сѐ.
ke ogranicis drzavno da moze da rabotat samo do 35 god i plata da e pola od privaten sektor. normalno za odredeni pozicii ke ima isklucoci ama ova e pocetok
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.438
Поени од реакции
24.628
Ќе имаш хаос после ваква мерка :D
jas sum za voveduvsnje diktatura edno 10 godini, cistka ko sto spomna lester ama so site nishani... voveduvanje smrtna kazna za korupcija i predavstvo i trebenje edno 200-300 funkcioneri prvo pa da vidime dali nekoj ke pravi haos :icon_mrgr:

kolku edno predgradje na london sme a nemozeme da se sredime 30 godini....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom