Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции не дозволува конзумирање марихуана за уживање и рекреација, одредбите од законот во врска со марихуаната:
3. “Зависност” е состојба на неодолива потреба, психичка или физичка, за употреба на опојна дрога;
4. “Зависник од опојни дроги” е лице кое со употреба на опојна дрога се довел во состојба на зависност;
7. „Коноп за индустриски цели“ се сите надземни свежи или исушени делови на растението, суви делови на растението и семето од видот Cannabis (sativa, ruderalis) од сортите запишани во европскиот заеднички каталог кои служат за производство на влакно, паста, масла, семе за исхрана на животни илуѓе, понатамошно размножување и преработка на семе;
8. “Канабис за медицински цели“ се растенија од различни сорти, вариетети и подвидови на Cannabis sativa, Cannabis indica и Cannabis ruderalis, добиени со одгледување во контролирани услови пропишани со овој закон и наменети за медицински цели;
9. „Канабис за научни цели“ се растенија од различни сорти и подвидови на Cannabis sativa, Cannabis indica и Cannabis ruderalis, добиени со одгледување во контролирани услови пропишани со овој закон, кои се користат во клиничко испитување, кога се врши истражување дали тие растенија може да се користат за медицински цели и кога се истражува како тие растенија влијаат врз здравјето на луѓето
36. “Хербална суровина канабис“ се различни надземни свежи илисуви растителни делови (претежно соцветија) добиени од канабис за медицински цели, со определена содржина на канабиноидни компоненти, особено на тетрахридроканабинол (ТХЦ);
37. „Масло од конопово семе“ е масно масло, рафинирано или не рафинирано, добиено со ладно цедење или некој друг вид на екстракција од семки на растенија што припаѓаат на различни видови индустриски коноп од родот Cannabis и во себе не содржи повеќе од 10 mg/kg на тетрахридроканабинол (ТХЦ), чија примарна примена е во козметички и хигиенски производи, лубриканти, бои или како храна,
38. „Канабиноиди“ се фито компоненти на растенијата од родот Cannabis од кои се издвојува единствениот познат канабиноид со психотропни својства тетрахидроканабинол (ТХЦ), додека сите останати познати канабиноиди немаат или не покажуваат психотропни својстваи можат да се користат во храната и во храната за животни, доколку ги исполнуваат барањата од прописите на безбедноста на храната
и храната за животни.
Член 95-в
Правното лице кое одгледува коноп за намена и под услови спротивни со одредбите од овој закон, не води евиденција на одгледуваниотконоп, не ги евидентира и не ги пријави настанатите промени и отстапувања во одгледувањето на конопот претходно планирани во елаборатот од членот 29-в став 2 точка 3) од овој закон, не го извести Министерството за здравство за денот на отпочнувањето со бербата наконоп, исушеното растение/коноп не го спакува во картонска кутија и не го запечати со сигурносна лента за запечатување, не поднесе извештај до Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за лекови и медицински средства за завршениот процес на одгледување и добиената вкупна сува маса ќе се казни со парична казна.
Одговорното лице кај правното лице, за кривичното дело од ставот 1 на овој член, ќе одговара и ќе се казни со затвор од шест месецидо три години.
Член 95-д
Лицето што ќе бара, нуди или земе пари или друга материјална корист како паричен надоместок за изнесување, пренесување на семе, расад, лист од коноп, ќе се казни со казна затвор од три до десет години.
Обидот од ставот1 на овој член е казнив.
Парите или другата материјална корист побарана или земена, понудена или дадена како паричен надоместок или друга корист, ќе се одземаат.
П.С.
...инаку, без разлика дали се користи медицинска марихуана или рекреативна, не дека не може да се инјектира дрогата во телото, земајќи во предвид високите ризици кога се вбризгува масло или смола во крвоток, вискозноста на маслото на марихуаната е поголема од крвта и доведува до згрутчување во внатрешноста на кротокот или ако се инјектира само чист THC, тоа е небезбедно и во екстремни случаи може да доведе до аневризма во мозокот, но тоа не значи дека научниците не работаат на тоа да се добие таква форма на марихуана која за медицински цели би се користила во болничко лекување против силни болки, а што да не, штом може од афион да се искористи морфиумот интравенски, кај да е ќе се овозможи, а може да биде канабидиол иднината на безбедно интравенско користење на бенефитот во болнички услови.