Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Цел тим колективно импресионирани денес од амбиентот на Градски, иако несфатливо за мене затоа што повеќето имаат веќе играно на овој стадион како играчи на Вардар или Работнички во минатото.
Не ми беше јасна одлуката Пато баш денес да биде седнат на клупа (теренот на Градски измислен за некого што има убедливо најмногу претрчани км во Вардар) и неговото место да му го отстапи на полжавот Шушњара. Мајсторот не поттрчна тие саат време додека беше во игра.
Дошев очај тежок. Секоја потез му беше погрешен на дечкото ми се чини.
Пато е ровит иначе сигурно ќе играше. Немаме кондиција за на Градски, чим Лемос издиши се е кажано.. оној Дошев треба да јаде заушки од Брда, човекот сам трча и на крај детево си шутира…
 
Следната со Воска да се биде или не,мораме победа.Баталете играње на Градски да ја изиграме сезоната до крај во Маџари.

posle denes treba da se razmisli ubavo dali sakame so voska na gradski. kriticna ni e taa utakmica.
 
imase doshev i nekolku dobri topki onoj omeragic poveke nervira, drzi klucna pozicija a promasuva premnogu.
Не заебавај :D

Врска нема Дошев, максимум ќе му биде клуб како Саса. Влегува со 18 години (или колку и да има) во 60та минута, едвај оди. Го тицаа како запрежна кола, не можеше да се врати да покрие позади.

Не е толку лош Омерагиќ, колку што едноставно не може да игра како осамен напаѓач. Мислам и он е на ранг на второлигашки играч (макс ко Фичо Петковски), ама најдобар избор за младинец во моментов.

Како и да е, разочарувачки пораз.
Јас не паметам некогаш кога имало повеќе публика да победиме некого. Па ни гол не може да дадеме, барем еднаш да се израдува трибината.
Ти ебам умреното Работнички, што само децата од младинска екипа им се радуваа на головите. За грев е да постојат вакви тимови и како за инает не' победија и утре ќе изгубат од сите конкуренти и пак ќе се спасат. Само да не заебат, матер нивна, умрен клуб.

Бројка на трибина феноменална. Навивање одлично со оглед на условите. Играта депресија, таман да ги избркаме сите луѓе што после некое време дојдоа на стадион.
Прво полувреме беше слабо, имавме два добри шута од далеку но не влегоа во гол. После они преземаа иницијатива и имаа две добри шанси, како и неколку опасни шутеви од далеку.

Во второ полувреме тотално паднавме. Едно 20 минути топка на допревме, буквално во шише не ставија. Едно 3 чисти шанси имаа, ама Гача беше добро поставен.

Немавме идеја, немавме сила и немавме играчи за да сториме нешто. Средината не постоеше, нападот исто така, одбраната и Гача беа под опсада од сите страни.
Швајц со преслаба утакмица. И он испаѓа разочарување. Ма да мислам дека утна работа Горазд. Стартуваше со Шушњара на крило, а Швајц нешто ко полунапаѓач ко што видов. Тотална утка со бавниот Шушњара.
Не ми е јасно зошто не стартува со Сусо и Омерагиќ, а Лемос и Швајц на крило.
Шушњара исто очаен, едино Лемос нешто пробуваше да направи.
После го смени Омерагиќ со очоболниот Дошев, а место одма да го стави Сусо, го стави Мацата.

Со никаква игра, добивме шанса од контра да поведеме. Лемос излезе пред гол странично, но биеше млаком и тука од против напад ни тртнаа гол. Не уби тоа црнчугата, му ебам мајмунот.
Се виде дека ќе примиме гол, мораше да ја скинат акцијата уште кога не претрчаа во зачетокот, па макар и да ризикуваа картони. Од авион се виде дека ќе дадат гол.

Требаше да примиме гол за да нападнеме, ама за жал само неколку полуприлики и уште еднаш можеше Глишиќ да даде еврогол на несакајќи. Вториот гол небитен.

Одлично што од утакницава барем прибравме некои финансии од картите. Единствено добро е што уште сме над зоната, иако поразот многу боли. Три пати не надиграа, два пати тепавме на среќа, немаше шанси и третпат.

Наредна утакмица е да се биде или не. Воска мора да падне, инаку отидовме курбан во втора лига.
Се преценив кога реков дека треба да се вратиме на Градски. Немаме ние тим со кондиција за на Градски. Едвај дишеа второ полувреме. Со Воска мора да играме во Маџари...
 
Запад денес доста пополнет како ретко кога , штета што играчите не ја искориситија оваа атмосфера да ни достават победа ..

Но сепак може и реалната слика на овие играчи е таа , дека сепак Маџари и градски е небо и земја за притисок од трибини , за да доставиме тука притисок ни треба 20.000 публика и секако квалитетен тим..

Денес скоро и да не создадовме чисти шанси за гол , од тоа што видов Работнички повеќе напаѓаше и на крај веројатно заслужено победи ..

Во моментов Маџари е најдобра опција и во борбата за опстанок треба сите мечеви да ги играме таму , џабе ни е градски ако на крај дома се мачиме да дојдеме до победа ..

Не ги отпишувам ниту Ѓорче ниту Брегалница која денес и зема бод на гости во Струга , лигава е слаба и искача дека секој на секого може да му земе бод .

Бидејки денес изгубивме наредна дома со Воска во Маџари мора да се иде на победа , они играат сега куп во среда со Ѓорче и ние ке влеземе поодморени за разлика од нив ..
 

Кој беше скапандуров што не го блокираше Мазари за првиов гол?
Сто пати премотав, не можам да проценам. Какво елементарно непознавање на фудбалот, мајко мила. Го врати духот на Вецески...
 
Заслужен пораз, нема што да се дискутира. Со три полушанси во 90 минути не се победува. Штета само за публиката, по подолго време солидна посетеност на Градски и како по обичај сите навивачи на Вардар, освен децата со топките и управата на Работнички. Не знам што се случува со Дебармаалци, но порано имаа барем по 100тина симпатизери на дуелите со Вардар…

Воска мора да се добие, преголем должник ни е и дојде право време за наплата на долгот, плус ако треба некој клуб да се прати во Втора лига тоа се токму тие. Не смее калкулации и излети како со Шушњара, мора да играат најдобрите. Се согласувам со повеќето, ова не е момент за враќање на Градски, здравје Боже од година.

Како не им е срам на оние АССДПКХД или како кур и да се викаа што стопанисуваат со Градски, брука е седиштата да не се исчистени 10 години и да има по 3кг лајна од гулуби на м2.
 
Не мислев на него. Туку на тој што тррбаше да го чува, што не знае кај тера на видеото. Што стои позади него и за време на пасот тргна да го брани духот Каспер во празно.
 
Не мислев на него. Туку на тој што тррбаше да го чува, што не знае кај тера на видеото. Што стои позади него и за време на пасот тргна да го брани духот Каспер во празно.
Сега видов на кој мислиш, мене ми личи на Омерагиќ, ама некако премногу блиску до наш шеснаесетник за напаѓач не е својствено
 

Кој беше скапандуров што не го блокираше Мазари за првиов гол?
Сто пати премотав, не можам да проценам. Какво елементарно непознавање на фудбалот, мајко мила. Го врати духот на Вецески...
Дошев
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom