САД од Јужна Кореја зеде пола милион гранати за да си ги пополни резервите. Си имаат големите земји бројка од која не смеат да паднат, САД имаат и тенкови, оклопни возила, авиони и пак ги тераат другите земји да дадат. Не дека немаат туку само во исклучетлни ситуации би паднале испод тие бројки. Русија доста потроши од залихите, произведува доста ама и троши доста. Доста им се паднати и на нив, и Путин го прашаа на ТВ за ова и кажа дека доста потрошиле од залихите и тоа во милиони беше бројката ама и дека ги зголемуваат цело време капацитетите.Русија ако сака да го замени САД како светски полицаец не смее да си дозволи да зависи макар и за куршум да се работи од трети земји. Да си ги користи третите земји како прокси океј, но да им зависат резервите? Тоа во никој случај не смее да си го дозволи, нормално доколку целат да се наместат на местото на Америка, ако не, сепак нека си продолжат вака.
3 милиони корејски гранати? Ашколсун..Значи чим Кореја има 3 милиони гранати да им даде на друга земја, тогаш таа има гранати цела земјина топка да ја напрај ораница, и џабе се тепаат САД Русија за превласт, кога веќе го имаме победникот. Намалете малку со верувањето во басни...
Русија си играла со Украина како мачка со глушец? Ајде бе, хаха. Помина први април. Руси гинат исто така, и на Русија му одговара да си ги оствари целите што е можно побрзо, а желбите се едно, можностите друго, така да ова што го пиша со мачка глушец, оди прашај ги војниците што 2 години го освојуваа Бахмут....
Дека си играла како мачка со глушец и се е по план, со некој оптимистички бројки тоа само тука на овој форум . Дека напредуваат и ќе победат мое мислење е дека 99% ќе победат. Цената што ќе платат дали ќе им се исплати вајда си знаат ама нема да се откажат.
Анти-учк, анти-комуњари, анти-северџани, анти-невладини. Штом ги видиш овие мизерии од луѓе на една страна автоматски треба да си за другата.Ниту НАТО ниту Македонија не се засегнати од кој било да е резултатот на војнава. Навивате за Русија чисто бидејќи се анти-запад.