Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    735
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Русија ако сака да го замени САД како светски полицаец не смее да си дозволи да зависи макар и за куршум да се работи од трети земји. Да си ги користи третите земји како прокси океј, но да им зависат резервите? Тоа во никој случај не смее да си го дозволи, нормално доколку целат да се наместат на местото на Америка, ако не, сепак нека си продолжат вака.

3 милиони корејски гранати? Ашколсун..Значи чим Кореја има 3 милиони гранати да им даде на друга земја, тогаш таа има гранати цела земјина топка да ја напрај ораница, и џабе се тепаат САД Русија за превласт, кога веќе го имаме победникот. Намалете малку со верувањето во басни...

Русија си играла со Украина како мачка со глушец? Ајде бе, хаха. Помина први април. Руси гинат исто така, и на Русија му одговара да си ги оствари целите што е можно побрзо, а желбите се едно, можностите друго, така да ова што го пиша со мачка глушец, оди прашај ги војниците што 2 години го освојуваа Бахмут....
САД од Јужна Кореја зеде пола милион гранати за да си ги пополни резервите. Си имаат големите земји бројка од која не смеат да паднат, САД имаат и тенкови, оклопни возила, авиони и пак ги тераат другите земји да дадат. Не дека немаат туку само во исклучетлни ситуации би паднале испод тие бројки. Русија доста потроши од залихите, произведува доста ама и троши доста. Доста им се паднати и на нив, и Путин го прашаа на ТВ за ова и кажа дека доста потрошиле од залихите и тоа во милиони беше бројката ама и дека ги зголемуваат цело време капацитетите.
Дека си играла како мачка со глушец и се е по план, со некој оптимистички бројки тоа само тука на овој форум . Дека напредуваат и ќе победат мое мислење е дека 99% ќе победат. Цената што ќе платат дали ќе им се исплати вајда си знаат ама нема да се откажат.

Ниту НАТО ниту Македонија не се засегнати од кој било да е резултатот на војнава. Навивате за Русија чисто бидејќи се анти-запад.
Анти-учк, анти-комуњари, анти-северџани, анти-невладини. Штом ги видиш овие мизерии од луѓе на една страна автоматски треба да си за другата.
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
980
Поени од реакции
3.818
Ниту НАТО ниту Македонија не се засегнати од кој било да е резултатот на војнава. Навивате за Русија чисто бидејќи се анти-запад.
Каде тоа бе Шеки не се засегнати, во некој имагинарен твој свет? Се декларираат како не засегнати или како иде тоа во твоите ментални гимнастики, бтњ ти си педофил и член на терористичка организација, така да разбирлив е твојот страв од Русија.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Анти-учк, анти-комуњари, анти-северџани, анти-невладини. Штом ги видиш овие мизерии од луѓе на една страна автоматски треба да си за другата.
Анти-ЛГБТ, анти-наука, анти слобода на говор, про-фашизам. Штом ги видиш овие мизерии од луѓе на една страна автоматски треба да си за другата.
Автоматски споено мислење:

Каде тоа бе Шеки не се засегнати, во некој имагинарен твој свет?
Не гледам што ќе смени кај нас дури и цела територија да им ја украдат русите.
 
Член од
3 јуни 2023
Мислења
650
Поени од реакции
2.201
Анти-ЛГБТ, анти-наука, анти слобода на говор, про-фашизам. Штом ги видиш овие мизерии од луѓе на една страна автоматски треба да си за другата.
Точно треба и против тавки да си што се против наука, слобода на говворд итн, сега уште да имаш 2 чисти да разликуеш кое што е добро ќе е ама тоа е нешто што нема да го дознаеш од детската и лимитираниот ум.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Точно треба и против тавки да си што се против наука, слобода на говворд итн, сега уште да имаш 2 чисти да разликуеш кое што е добро ќе е ама тоа е нешто што нема да го дознаеш од детската и лимитираниот ум.
Па ги разликувам. Следам кои веруваат во научни докази, кои држави фрлаат луѓе во затвор ако изразат незадоволство со диктаторот на власт. Затоа сум против Русија и останата фашистичка багра низ светот.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
САД од Јужна Кореја зеде пола милион гранати за да си ги пополни резервите. Си имаат големите земји бројка од која не смеат да паднат, САД имаат и тенкови, оклопни возила, авиони и пак ги тераат другите земји да дадат. Не дека немаат туку само во исклучетлни ситуации би паднале испод тие бројки. Русија доста потроши од залихите, произведува доста ама и троши доста. Доста им се паднати и на нив, и Путин го прашаа на ТВ за ова и кажа дека доста потрошиле од залихите и тоа во милиони беше бројката ама и дека ги зголемуваат цело време капацитетите.
Дека си играла како мачка со глушец и се е по план, со некој оптимистички бројки тоа само тука на овој форум . Дека напредуваат и ќе победат мое мислење е дека 99% ќе победат. Цената што ќе платат дали ќе им се исплати вајда си знаат ама нема да се откажат.


Анти-учк, анти-комуњари, анти-северџани, анти-невладини. Штом ги видиш овие мизерии од луѓе на една страна автоматски треба да си за другата.
Им лапнаа територија колку 2 Македонии, и тоа најбогатиот дел. Земја не се раѓа, луѓе и оружје ќе се дополнат во иднина.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
Па ги разликувам. Следам кои веруваат во научни докази, кои држави фрлаат луѓе во затвор ако изразат незадоволство со диктаторот на власт. Затоа сум против Русија и останата фашистичка багра низ светот.
зошто треба да гине војска и марод,зошто не ја исечите главата на диктаторите да се заврши Се за брзо
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.882
Абе што има јас да се секирам што имала С.Кореја. Нит е соседна земја на Македонија нит имаме некоја закана од нив.

Малку ми сте двосмислени. Од една страна вие викате дека Русија кубури од оружје, од друга страна С.Кореја и продава на Русија оружје, па и тоа си го сметате за некое си достигнување кое реално тебе ништо не ти менува бидејќи Македонија нема никаква ќар од тоа па со толку помпи и радости да го кажуваш тоа.
Автоматски споено мислење:


Смее...

А зошто ги снабдува, нели Русија кубури од оружје?!
A toa sto Izrael kupuva od Srbija oruzje na primer, znaci deka Izraelcite nemaat oruzje, ili imaat pomalku od Srbite?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Им лапнаа територија колку 2 Македонии, и тоа најбогатиот дел. Земја не се раѓа, луѓе и оружје ќе се дополнат во иднина.
Русија има територија и ресурси многу повеќе отколку што имаат завземените територии.
Не им требаат нив нови територии и ресурси, ако гледаме од тој аспект.

За луѓето дали ќе ги надополнат, не знам. Демографијата не им е јака страна последните 2-3 децении.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.311
Луѓево се откажаа од пишување на темава оти е станата ментална болница и сеа немаат попаметна работа, еден по еден тагнуваат членови бе :LOL:

Какви ретарди, Божее :D
Ти и твојата екипица бевте тие што како навиени тагнувавте луѓе и спамавте Слава Украини 24/7 на темава. Сега ве тагнуваме за да ве потестиме пак да пишете нешто мотивирачко за НАТО.

И ова не е ништо, кога ќе дојдат пред Киев, Варшава, Берлин, Париз, Лондон ќе видиш што е тагнување .
Само полека и стрпливо. Се ќе биде.
Како викаше Дарко : " Работајте Братја " .
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.713
Поени од реакции
42.298
Луѓево се откажаа од пишување на темава оти е станата ментална болница и сеа немаат попаметна работа, еден по еден тагнуваат членови бе :LOL:

Какви ретарди, Божее :D
се откажавте пошто вашите губат на секој фронт. :kafence:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Ти и твојата екипица бевте тие што како навиени тагнувавте луѓе и спамавте Слава Украини 24/7 на темава. Сега ве тагнуваме за да ве потестиме пак да пишете нешто мотивирачко за НАТО.

И ова не е ништо, кога ќе дојдат пред Киев, Варшава, Берлин, Париз, Лондон ќе видиш што е тагнување .
Само полека и стрпливо. Се ќе биде.
Како викаше Дарко : " Работајте Братја " .

се откажавте пошто вашите губат на секој фронт. :kafence:

Последниве три страни чоек да ве чита каква еуфорија владее, ќе си помисли дека Русите влагаат во Киев со зурли и тапани. :LOL:

На Српски форуми кај што се збори за војнава, не владее таков detachment from reality.

Ама ако терајте, работајте братја :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom