Што можам да направам со оваа случка освен да ја пријавам на меил на Веро?
Кога ги собирав работите од каса во кеса, слушнав еден крик, позади мене, обезбедувањето тепаше по лице без осет еден ром кој наводно украл чоколадо. Пред нив, зад нив деца, муштерии, стари луѓе, болни луѓе. Овој го маваше со цела сила, почна крв да му тече од носот и молеше те молам немој да ме тепаш. Само пола чекор бевме ние муштериите додека овој го тепаше како крвник човекот, а тој молеше. Нели политиката на маркетите е украденото да се наплати х10, а не онака јавно и бедно да бидеш тепан и омаловажен.
На страна тоа, некој ќе каже крадел, ама имаше бебиња на сите страни, и деца. Што ако на тој од толку тепање не му пукнеше филмот и да земеше да фрла со производи и да се тепа и да настрада некој муштерија?
Нема да го оставам ова само на меил, само што можам друго да направам?