Кај пензионерите може да се интервенира со мерките на социјалната политика, а тоа значи ниту еден пензионер во Република Македонија, односно ниту едно пензионерско семејство, да не смее да има помалку од 25.000 денари, смета претседателскиот кандидат на ГРОМ.
plusinfo.mk
„Војната во Украина покажа дека сите земји во Европа, вклучувајќи ги и земјите членки на НАТО, се во состојба да водат војни од таканареченнизок интензитет, меѓутоа за долготрајни војни практично недостасуваат многу ресурси. Очигледно е дека се истрошија сите резерви на оружје и опрема, како и на муниција во целиот свет и тоа јасно покажува дека тој недостаток ќе трае и во иднина. Тоа значи дека македонската економија под итно треба да размислува за развој на наменската индустрија“.
Ова го изјави претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски. Тој предлага на Машинскиот факултет во Скопје да се отвори катедра за вооружување. Во исто време, треба да се види дали може да се рестартираат оние делови што беа способни да произведуваат делови за тенкови, а тоа беше мултипликаторот, кој беше битен дел за тенкот Т-72, како и друга битна опрема за МЗТ-ФОП.
– Од друга страна, војната во Украина мора еден ден да заврши, а тоа значи дека ние мораме да го подготвиме нашето стопанство за учество на украинскиот пазар, како во делот на прехраната, како во делот на трговијата, производството на репроматријали, суровини, оосбено во делот на градежни материјали. Треба да ја подготвиме нашата градежна оператива, како нискоградбата така и високоградбата, за учество на украинскиот пазар затоа што за Украина ќе има Маршалов план, со којшто таа земја ќе мора да се реконструира, ќе мора да се обновува, а Македонија е на петто место по глава на жител по пружена помош на украинската војска. Тоа значи дека во мирнодопско време не смееме тоа да го запоставиме.
За овој да го дадеш гласот треба да си баш специјален случај.