Абе овој момент кога ќе се спомне значи... А машките какви женски гледаат и тоа не само во тин и рани 20ти? Баш такви од коишто се полни со омраза овде. И мене никогаш не ми биле привлечни тие фраери со пијачки, коли, бед бој и слично. Напротив, отсекогаш ми биле одбивни и да погледнам некого од нив ми било навреда на интелигенција. Затоа што тоа не ми е ни енергија на возрасна личност, ниту пак на машко. Ниту сум имала многу богат некој, ниту пак премногу фраер сите што ќе го гледаат. Врската којашто може да се изгради ми е поважна од самата личност. Нормално, не ич да не ми се свиѓа, треба некој контакт да имаш со него сепак, ама видов ли дека се заљубувам или на каков било начин емотивно се поврзувам до степен да ми влијае на други сфери на животот, се повлекувам, нема потреба од токсична и психолошки нестабилна енергија. Се влегува во врски коишто можат да ги управуваат двајца.
Делумно се согласувам со тебе. Дури мислам дека дел од филмовиве и серииве се со таа цел, да се растурат врски, кај жените да се напумпаат нереални и ирелевантни критериуми коишто во суштина не придонесуваат за квалитетна врска, кај мажи нормализираат промискуитет на пример и неверство. За првиот состанок со мојов лом го направија буљаш ова она дека правевме изненадување и биравме поклон за другар. Таква сцена на филм нема да видиш а уствари целта беше да се чувствувам комотно како за прв состанок после сѐ низ што поминавме. Пример ја да обрнев внимание на реакцииве по темиве за случајот, ќе имаше непотребна кавга поради слушање други, види тука си во право. Но, тоа е поентата, треба да се научиме да се слушаме со партнерите меѓу себе и да не бараме проблем во сѐ. Да не почнам со тие токсични сцени, бившиот што нема г***на што не изел во врската своевремено како просветлен и со напраен егзорцизам и ореолче пред олтар како на тукушто залечената жртва и прави романтичен момент, немој, јас те сакам.
И има многу важен момент за сите сфери на живеење, рамнотежата give-take. Кога едната страна е поголема жртва, никогаш не е на арно. Мора да има заеднички напор за сѐ.