Приколка во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
@bijons Ти благодарам многу.
Имам понуда за една приколка на островот Амуљани, па здравје после велигден ке одиме да ја видиме....била блиску до плажа, оддалеченост од приколка до друга приколка била супер, интима, услови и хигиената во кампот била добра.
 
Ти кажале дека 3000€ годишно плаќаат луѓето за такви приколки?!
Остај ја другачка ти chatGTP, што имала другар, што плаќал 1000че :rolleyes: (тоа може само во некој чунга-лунга камп, во лозјето и нивите на ридот! Со поглед на море… на само 5км воздушна линија.. и комшија да ти биде Убумбу со неговите 9 деца)

Ај ќе почекаме апдејт :icon_lol:

П.С. и комарци има по тоа камповите.. во случај еве да не знаеш, пошо летуваш само во Бурџ Ал-Араб :rolleyes:
 
Да, знам се, но тоа и ми беше поентата на темата...убаво ми рече Хоуп дека поисплатливо е да си купам гарсоњера отколку приколка...но ми требаат причини за да ги разубедам децата кои во моментот се запалени за приколка поред плажа(ама не било која).
 
Ова веќе не е тема за исплатливост!
Тој што ужива во кампинг, ќе оди со приколка па не знам колку и да кошта!
Тој што нејќе камп, ни со стап не можеш да го натераш да кампува!
Лично знам човек што има приколка што кошта колку апартман, и плаќа 5000€ годишно! Хинт:кампот има сопствен базен :rolleyes:
Или го сакаш тоа или го нејќеш…

А во случајов, изгледа децата пробуваат да ве закрпат оти немаат доволно пари, па ви прават филм “колку е убаво”! Па да си делите трошоци, ко демек еве и вие ќе го користите…
Памет у глава!
 
Огромна е разликата од камп до камп, дури во одредени случаи буквално ти е како да бираш помеѓу стан во Монте Карло и Шутка. Платамона, Матамона, тие после Олимпик Бич не се споредливи со, на пример, Талата или Арменистис, затоа и едните се 1.500е сезонски, а други одат и преку 3.000е. Во Платаници (втор крак накај Сарти) имаш супер плажа ама затоа додека спиеш во шатор или приколка навечер имаш чувство како и ти да се е*еш со комшиите што се до тебе, бидејќи шаторот го лоцираш буквално каде што ќе најдеш место. Арменистис и Талата ти се како мал град, со се и сешто внатре, сосема ок народ, обележани места и барем за мене лично неспоредливи се овие две локации со некои од оние под Олимп. Кампот во Амулијани (кога бев пред неколку години) не беше ништо посебно, плажата и водата се преубави, но останатото не ми остави којзнае каков впечаток. Убаво средени камп приколку со тенди-менди имаш буквално секаде, но останатите работи може ептен да те фрлат во депресија.

Треба убава математика да се направи, купувањето камп приколка и нејзино лоцирање во Грција (или било каде) носи сосема солени трошоци. За мене лично, кампувањето е супер, знае да биде доста напорно, но си има посебни убавини. Од друга страна, даваш значителна сума на пари, врзан си за едно место итн. Мора сите (фамилијарно) да ги привлекува кампингот, иначе ќе ти бидат фрлени пари... Дури и да не ја лоцираш приколката сезонски во Грција, да ја влечеш секое патување од дома, може да те чини повеќе пари од изнајмување на апартман. Затоа, седнување дома, кроење убави планови и пресметки и на крајот носење на конечен одговор.
 
Да, знам се, но тоа и ми беше поентата на темата...убаво ми рече Хоуп дека поисплатливо е да си купам гарсоњера отколку приколка...но ми требаат причини за да ги разубедам децата кои во моментот се запалени за приколка поред плажа(ама не било која).

... и да си земеш приколка,
внуци, роднини растрчани де на плажа де накај приколицата, не се споредува со апартман тоа е посебно доживување на опуштање, не само за годишен одмор, туку најчесто и најисплатливо во другите месеци и денови, празник ОП ќе тркнеш 3,4, дена во пакет сите, па друг рандом викенд Оп ќе тркнете 2,3 дена релаксирачки меѓу работните денови, море си е море.

all-camps-ouranoupolis-book-online-camping-camping-alikes-5.jpg

(Camping Alikes - Ammouliani)

...но не знам колку е паметно на единствениот остров на Халкидики да купиш (изнајмиш) ќе зависиш од превозот (фериброд), дополнително ти е подалечна дестинација, па ќе си ги скусиш викенд посетите, а и парично ќе ти го дотепа буџетот, не иди на краците, земи тука блиску што превозот ќе ти биде неосетлив, независен.

dsc_6575-medium.jpg

Амулијани (Ammouliani) островот е оддалечен 122 километри од Солун,

route1.jpg

со фериброд од фери пристаништето Трипити 8-ми километар на патот Ирисос-Уранополис 15 мин до Кампинг Аликес што се мисли дека има најдобра плажа но со 1,5 км оддалеченост од пристаништето Амулијани (врзана си со сопствено возило) и земи во предвид за цената на билетот за траектот (менливи) 2 €/лице и 10 €/по возило, во текот на летните месеци секои половина час до 20:00 часот, но вон сезона многу поретко, па можни прекин на транспорт, па како ќе се префрлиш со такси глисер ли? :P

routeskopia.jpg

...па кога ќе погледнеш што пат те чека од Скопје до островот не ќе можеш да го користиш твојот кампинг како викенд посета, ептен комплицирано временски, а само за годишен одмор од две недели што знам дали се исплатува.
П.С.
и остај тоа Монте Карло или Шутка, нашиот менталитет е нешто измеѓу, испружи ги нозете колку ти е чергата, ако го купуваш (изнајмуваш) за твој ќеф или за „еј видете не“, тоа е секој според желбите, но не и според реалноста!
 
Последно уредено:
@bijons Ти благодарам многу.
Имам понуда за една приколка на островот Амуљани, па здравје после велигден ке одиме да ја видиме....била блиску до плажа, оддалеченост од приколка до друга приколка била супер, интима, услови и хигиената во кампот била добра.
Не знам колку пари е приколката и не знам колку пари е годишна кирија за местото каде ќе ти лежи кампот, само за информација Амуљани е многу мал остров со една добра плажа (Аlikes Beach) која е многу фул со народ. Другите плажи не се као на слики, туку се тесни и мали и малце критични за со кола, тесни патчиња низ тоа ридовите а ништо посебно. Башка и транспортот е малце финансиски преценет, пошто траектот 10 минути вози од копно до островот а плаќаш 15-20 евра со све кола во еден правец. Не ме држи за збор за цениве пред 2 години бев ама памтам дека го искоментирав ова дека не се исплати. Ништо посебно од место вака генерално гледано. Јас тогаш бев у Јерисос на одмор и ги поминав сите околни места од кои највише впечаток (после Јерисос) ми остави Коумитца бич, убава песочна плажа. И Аликес е добра ама има многу гужва, ние први дојдовме на плажата и се сместивме на буквално 1 метро од вода, после 5 саати нагрна народ и не можев да влезам у вода.

Не би купил камп таму, кога веќе си стрикно решена за камп боље ти е у она прчварникот тука околу Солун тие Парајлија марајлија како и да ги викаат местата каде идат сите и се најблиску за да можеш и рандом викенди да тераш.

Лично за мене камп приколка е тапа ствар и кампување ми е истотака циганска работа, да се бањаш и идеш по нужда у јавен тоалет и туш, да немаш клима и да те дават комарци.
Поише ми се свиѓа идејата да се купи од оние најмодерните кампови со клима и вц што имаат, со соби внатре, као им беше името не ми текнува, и да си возиш кај сакаш.
 
Па ете тоа ми треба бе душо...Ти благодарам.
 
ако земеш таму приколка ќе ти треба и Кајче бесПлатно, најубавата плажа е на Мајмунскиот остров ... кајчето може да остане и зимно време во приколка, не верувам дека таму се краде
 
Последно уредено:
Кога ќе бидам пензионер дефинитивно ќе си купам камп приколка и ќе се паркирам во некој камп, од средина на мај, па се до крај на септември. Нема поголем благодет од плажа, сонце и море.

Сум летувала во хотели, апартмани, камп приколки, и сè си има своја предност и мана. Генерално, на одмор кога одам сакам да поминувам што е можно подолго време на плажа, отколку да дремам во хотелот или собата.
 
На два ума сум искрено, дали да купам или не, некој добра приколка во некој, се разбира, добар камп во Грција.
Едни ми велат боље да си изнајмам и да си поминам десетина дена отколку да ја купам за да во неа бидам само еден месец, па дека ке ми здосадило секое лето да одам на исто место, многу трошкови идр.

Грчките кампови не ги знам, никогаш не сум била во ниту еден, па затоа дајте мислења, дали да се вложи во приколка, дали се исплати, кој камп ви се бендисал, кој има најидеални услови, нели, тоалети, плажа, продавници идр.
Топ е приколка, ќе се отепаш клецкање на раат.
 
Генерално, на одмор кога одам сакам да поминувам што е можно подолго време на плажа, отколку да дремам во хотелот или собата.
A во хотели и апартмани те држат затворен одреден предиод во собата или смееш да искачаш и да се враќаш кога ќе посакаш ?
 
A во хотели и апартмани те држат затворен одреден предиод во собата или смееш да искачаш и да се враќаш кога ќе посакаш ?
Не среќо, сакам да кажам дека не ми е битно пример да е хотелски смештај со пет ѕвездици. И како што кажав се си има предности и мани. Јас сум човек што ја сака природата.
 
Не среќо, сакам да кажам дека не ми е битно пример да е хотелски смештај со пет ѕвездици. И како што кажав се си има предности и мани. Јас сум човек што ја сака природата.
Види.. убаво е што ја сакаш природата..
Ама имав прилика да поминам еден ден Пантелејмон(-ас). Тоа е кога одиш накај Лептокарија..
Цела колонија наши има таму! Буквално пола камп!

Арно ама: плажата чемер накај јад! Па Охрид има подобри плажи од тој тип(камчиња/песок). Неисчистена, јер само кампот ја опслужува, а камперите не се шинуваат! Влегуваш во вода, три чекори, две метра длабина. За деца автоматски не е, а ни па мене ќеиф ми орави тоа. Во близина некој чува свињи, и тоа така апла убаво на плажата се осеќаше :icon_lol:

Е сега не влегов во самиот камп, па не можам да кажам повеќе…
Ама ако сакаш таква “природа”.. ондак океј!
 
Еве и јас истото искуство го имам. Од толку џапање и фалење од мој другар како грчка било на друго ниво, он на македонски си зборел сегде сите го разбирале, охрид било тапа за грција и појдовме во неговата камп приколка.

1. Не е твој имот, плаќаш годишно сума на пари за одржување. Ако му прдне на газдата на комплексот утре ке те нема.
2. Грците незнаат многу англиски тешко е за разбирање. Многу и на косо те гледаат кога збориш на друг јазик.
3. Кампот корнеше, приколката ај така и така. Али тоа заедничкото веце што го имаат? Со среќа влегување.
4. Плажата чист песок да ама нема ништо. 20 лежалки. 1 кафич. 1 продавница.
Штама, досадно. Ако не си со друштво џабе одиш.

од тоа што ми беше кажано и тоа што го видов е небо и земја. Извинете ама во Охрид барем ресторан или кафич до вода ке седам ко човек. А не ке јадеме на плажа од ваму е поефтино, пиење од продавница пошто порција паста е 25 евра.

Значи во Грција не е срамота да купуваш ефтино и јадеш на плажа, а во Охрид седиш на плажа во кафич ждереш како магаре и се жалиш скапо е?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom