MaxTV IPTV телевизија (Македонски Телеком) генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.106
Сликата ќе биде таква какца што е се дури буквално во сите градови 100% не се инсталира оптиката а ADSL и VADSL не го згаснат.

IPTV e зависен од интернетот колку и Телеком да не ти го бројат интернетот како потрошен при гледање MagentaTV/MaxTV.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.503
Поени од реакции
2.868
Кој оператор има најдобра хд слика, конкретно за спорт?
Од најоглемиве 3 А1, Телеком и Телекабел, А1 и Телекбел се далеку пред Телеком.
Автоматски споено мислење:

Сликата ќе биде таква какца што е се дури буквално во сите градови 100% не се инсталира оптиката а ADSL и VADSL не го згаснат.

IPTV e зависен од интернетот колку и Телеком да не ти го бројат интернетот како потрошен при гледање MagentaTV/MaxTV.
Јас за тоа потполно се согласувам, но ајде да бидеме реални, кога да очекуваме такво нешто? Некое идно наше поколение? Зошто ја направија глупана промена да ги тргнат СД каналите и да ги заменат со ХД и да намалат битрејт интие корисници да може да гледаат?

Зар не ќе беше подобро СД да се направат во 720p со тој битрејт, каде што колку толку ќе се подобри сликата а сепак нема да има шум коцкички при брзи движења, а другиве ги пуштат во 1080i со висок битрејт и да е стакло слика? Точно се слагам дека и оба е компромис но според мене многу подобар него овој сега гледајќи дека АДСЛ треба да им се овозможи и нив подобрување.

Ама не, така немаше да можат да го фураат маркетингот СИТЕ КАНАЛИ ВО ХД, ПРВ ОПЕРАТОР СО СИТЕ ВО ХД. Идеа одлична реализација дно. Ама на 90% кои ќе го видат тоа си викаат се топ е одлично а после кога ќе видат ќе им стане јасно дела е плакнење очи само.

Реков веќе некаде мислам дека операториве стнаа само маркетинг фирми и ништо повеќе од тоа. И на крај што добивме? Скоро исти цени можда минимално зголемени, а во интернетот веќе нема симетрични брзини се до највисоките 2 пакети. А години уназад се изнарекламираа со симетрични брзини :ROFLMAO: Се за овој андроид смарт тв бокс кој го рекламираат. Уживајте :)
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.478
Поени од реакции
824
Сликата ќе биде таква какца што е се дури буквално во сите градови 100% не се инсталира оптиката а ADSL и VADSL не го згаснат.

IPTV e зависен од интернетот колку и Телеком да не ти го бројат интернетот како потрошен при гледање MagentaTV/MaxTV.
ама гледано уназад телеком секогаш тера со низок битрејт било оптика, адсл вдсл....што е погрешно и затоа доста се жалат на сликата и тоа години
Автоматски споено мислење:

Од најоглемиве 3 А1, Телеком и Телекабел, А1 и Телекбел се далеку пред Телеком.
Автоматски споено мислење:

Реков веќе некаде мислам дека операториве стнаа само маркетинг фирми и ништо повеќе од тоа. И на крај што добивме? Скоро исти цени можда минимално зголемени, а во интернетот веќе нема симетрични брзини се до највисоките 2 пакети. А години уназад се изнарекламираа со симетрични брзини :ROFLMAO: Се за овој андроид смарт тв бокс кој го рекламираат. Уживајте :)
Дали се знае зашто сменаа телеком т.е зошто повеќе нема симетрини брзини?
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
955
Поени од реакции
629
Верувај дека ќе смислат начин поскапиот пакет како да го овозможат и за тие без оптика и ВДСЛ. Колку и да се постабилни приемниците со MaxTV јас не верувам дека долги години ќе им се исплати да го работаат, да го полнат со содржини, да го сервисираат, да му прават update/aжурирање на платформата имајќи го сега MagentaTV.

Нормално со години од сега ќе се повеќе фокусирани на MagentaTV.
Па и сега заебаја, имав најскуп ТВ пакет L, дојдов дома, фали хбо, други канали...се жалев, ми рекоа ако сакаш старите канали, префрли се на XL. Така да сега за исти срања од канали плаќам поскапо. Фала Телекоме

Sent from my phone using Tapatalk
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.617
Поени од реакции
769
Во Радишани за куќите практикуваат воздушни оптички инсталации преку бандера, ова го знам за улица Скоевска и за селото Радишани, но за останатите улици низ населба Радишани не знам.

Но доколку веќе имаш спроведено подземно црево до бандера, тогаш треба да видиш дали на бандерата е поставена оптичка спојка MOB или UCAO.

Доколку има една од овие две спојки на бандерата до која завршува твоето подземно црево, тогаш дефинитивно има техничка можност за спроведување на оптички кабел до твојата куќа.

Но доколку подземното црево е ребрасто добри се шансите дека кабелот нема да помине, бидејќи оптичкиот кабел за воздушни инсталации е многу тврд и крут, поради што тешко поминува низ ребрасто црево, колку повеќе кривини има по цревото толку потешко ќе биде спроведувањето.

Иако сакаш подземна инсталација до куќата, сепак од бандера ќе мора да се спроведува оптички кабел за воздушни инсталации низ цревото, а не подземен доводен кабел, бидејќи дури и ако кабелот успешно помине низ цревото и пристигне до куќата, сепак само тврдиот и крут оптички кабел за воздушни инсталации доаѓа со приклучок кој одговара на портите на MOB и UCAO спојките на бандерите.

MaxTV никогаш не се вбројува во потрошениот Интернет сообраќај уште од самиот почеток кога се нудеше преку ADSL линија преку бакарна телекомуникациска мрежа.

Кај бакарните линии со многу слаб сигнал намерно го ограничуваат Интернет сигналот за рисиверите со цел да остане стабилен Интернет сигналот за домашните корисници. Во вакви ситуации вообичаено каналите во висока резолуција High Definition - HD трпат, односно стануваат недостапни.

Кај оптичкиот Интернет нема вакви проблеми и ограничувања на Интернет сигналот за рисиверите.

А по ново кај Андроид рисиверите за Магента ТВ, Интернет сигналот кој го троши Магента ТВ апликацијата не се вбројува во потрошениот Интернет сообраќај. Ако преку Wi-Fi го вбројува Интернет сигналот за Магента ТВ апликацијата во потрошениот Интернет сообраќај, тоа веројатно им е технички проблем кој ќе мораат да го решат во иднина. Можеби тоа е и главната причина зошто Македонски Телеком препорачува Магента ТВ да се користи преку мрежен кабел, исто како и MaxTV, а не преку Wi-Fi.
Нема се уште такви спојки на бандерата во селото Радишани имаат поставени пластични орманичиња по главната улица ,инаку имам пуштено пластично црево за вода кое ќе може да го издуваат оптичкиот кабел
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
955
Поени од реакции
629
За што служи црвеново дугме?

Sent from my phone using Tapatalk
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.478
Поени од реакции
824
Од досега прочитаното излегува дека новата платформа е минимално подобра (во квалитет на слика пример) од старата..или грешка сум? Сепак битрејтот е ист. Прашував за магентатв бидејќи сега сум на ДВБ-т од А1 и би требало магентата далеку подобра да е од А1 (телевизија не гледам па во мисла сум дали да се префрлам комплет на телеком, нет+тв кога ќе заврши договорот на крај од годинава).
Сега плаќам 1300 ден а ако се префрлам комплет на телеком ќе биде 1500. 40 канали А1 vs 140 телеком...дома се гледаат горе-долу 10 канали, се друго е вртење по канали :)
Дали се исплаќа да се префрлам на магентатв?
 
Член од
12 март 2024
Мислења
400
Поени од реакции
541

Не може со ист битрејт да биде подобра сликата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom