Ај малку да ја воскресниме темава...
Досега видовме безброј теории, од кои голем дел немаат логика, а во најмала рака се смешни.
Некои конспираси теории:
1. СТЦ е урнат од вонземјани - нема потреба од коментар.
2. СТЦ е урнат од сатаната - исто, нема потреба од коментар, премногу е смешно, можеби некој режисер ќе го искористи ова за некоја пародија.
3. Странски влади го финансирале нападот. Иако има логика одредени субјекти од одредени Влади да помогнат финансиски во планирањето и изведувањето на нападот, тоа отфрла вмешаност на цели Влади, бидејќи и самата Ал Каеда е финансиски доволно моќна за да ги изведи нападите.
4. СТЦ е урнат од Американската влада. А како го направиле тоа?
- Со помош на експлозив поставен во зградите, денови пред да удрат авионите, а Пентагон е срушен со беспилотно летало. Пентагон срушен со беспилотно летало?!?! Ами стотината очевидци кои виделе како Боинг удира во Пентагон? Фактот дека фалат 4 авиони, и патниците на нив? Значи фејл. Исто така и со експлозивот во кулите. Кулите почнуваат да се рушат онаму каде што удрил авионот:
- Mind control. И се ќе беше добро доколку не постоеше тој "проклетиот" 4 авион или летот 93. Доколку пилотите биле под контрола, тогаш како дознале патниците и го урнале авионот?
- Далечинско управување. Исто како и со мајнд контрол, истата логика.
Да, остануваат терористите со џебни ножиња кои киднапираат 4 авиони.
Во секој авион по 5 мина добро истренирани терористи со ножеви. Да, се случувале и порано киднапирања на авиони со нож и тоа од страна на само едно лице. Петмина добро обучени терористи е сосем поинаква ситуација. Доста е веројатно да се случи тоа, а во прилог на тоа оди и 4 авион, каде откако претходно патниците ја дознале судбината на 3 авиони, решително ги совладуваат терористите. Немајќи што да загубат.