- Член од
- 30 август 2012
- Мислења
- 3.629
- Поени од реакции
- 6.405
Не треба да се исклучат коментари така се зголемува ричот , нека си коментират кој нема друга работа , само на управата е да не потпаѓа на коментари од кој било .Тој е проблемот со новата генерација на поджувачи на клубот, шо 70%(ако не и поќе) се профил на луѓе како овај на видеото шо го спомнувате.
Активни на социјални нрежи 24/7 и час креват еуфорија до макс. и после првиот пораз фрлат со дрва и камења и по играчи и по управа. Дури во конверзација со таквите ликој те убедва како не требало Ивич да го донесат, требало Ќизич да сме го задржеле а не е свесен дека пред 5 год играч од калибар на Ивич, Борзаш, Лесјак и да не ги набројвам, беше незамисливо да се донесат во Пелистер. И ден-денес освен Вардар(и Металург во свое време) ниеден друг клуб од Македонија неможи да донеси играч од тој калибар. Ете Охрид се доста добри финансиски, исто и Тиквеш и уште некоја екипа шо е во плејоф, нека донесат играч од калибарот на гореспоменатите па да прајме муабет. Нејќам да ги потценам клубојте шо ги набројав, ама реалноста е таква и дајбоже и тие да стигнат до ниво да можат такви имиња да носат и првенството да ни биди уште посилно. Сите ќе имаме бенефит од финансиски стабилни клубој.
Од тука е и мојот апел до управата на клубот за наредна сезона да ја исклучи опцијата за коментирање на објавите на ФБ и Инста за да се намали влијанието на таквите инстант навивачи за доброто на клубот. На форуми во приватни групи нека си се групираат и нека коментират, ама нека не го серат профилот официјален на клубот, пошо на нив се надоврзват и телетабисите од спротивниот табор со дебилни коментари.
Клубот си оди во добра насока и дајбоже да продолжи и во наредните години така, успехот неминовно ќе си дојди. Уште општината да изнајди начин да издејствува средства од централната власт и да се започни со изградбата на салата и се ќе си дојди на свое место за некоја година.