- Член од
- 23 мај 2013
- Мислења
- 2.393
- Поени од реакции
- 5.756
Јас и ти зборуваме за едно исто нешто, разликата е што јас велам дека со прифаќањето за оној кој што си, таквото однесување ,,куртонско” доаѓа природно и само по себе.Сега ќе пишам некои работи со кои сигурно нема многу да се согласат а и не е убаво да се слушнат.
Замисли сакаш да учествуваш на маратон, ама по опис и карактерни особини си уживач-релаксатор, сакаш да се лупнеш на кауч да си пуштиш серија и да ја бинџ гледаш. И ми викаш ама зошто морам да се променам за да трчам маратон, мојата личност така ја множам со нула. Ок, валидно, ама тогаш нема да трчаш маратон.
Или замисли си човек што не преќутува. Тоа ти е дел од личноста. И утре задутре ќе се вработиш. Ако не си ја промениш личноста и "се помножиш со нула" како што ти го перцепираш, а не е баш секогаш така, тогаш ќе останеш невработен долго време.
Затоа ти реков зависи што сакаш. Сакаш да си бидеш тој што си? Ако тој што си, ако тие карактеристики што те прават тебе тој што си не се карактеристики што жени ги посакуваат кај еден маж тогаш спреми се да бидеш сингл долго време.
Ама ете знам и момци што со жени се поразлични отколку што реално се. И што треба сега да им кажам дечки бидете монаси не изигравајте фраери не ви треба секс и врска во животот бидете сингл со месеци и години и лишете се од природните потреби.
Валидни се и двата избора, твој живот, твои одлуки. Ама она што не е валидно е да се жалиш дека лежиш на кауч, а не можеш да истрчаш маратон. Маратонот треба да ги смени правилата за да можеш ти да го трчаш. Мислам и тоа е валидно, да се жалиш, ама ти нема основа во тој случај.
А оние приказни биди каков што си па макар бил смотан и фрик и на крај ќе се најде некоја која е еднакво смотана и фрик како за тебе се приказни за во холивудски сценарија. Посебно ако си машко. Жени секогаш ќе бидат бомбардирани со курови. Ти го немаш тој луксуз (не со курови да бидеш бомбардиран).
Она што ти го кажуваш со угледувањето на ебачи е кратко трајна работа затоа што кога тогаш ќе бидеш ,,откриен” дека не си таков како што се претставуваш
Точно е тоа што викаш ти дека ако имаш одредена карактерна црта, животот ќе го поминеш како наивна будала…но на тие луѓе никој не им е крив што ја немаат согледано реалноста.