Никој не го оспорува тоа.
Јас разбирам човек да се промени поради себе, но да се променувам себеси само поради тоа дека одредени однесување ми носат жени во кревет? Тоа значи дека мојата личност е помножена со нула.
Зарем не го поминуваш животот како автентичен човек? Погрешно ли наровоучение ли вадам?
Сега ќе пишам некои работи со кои сигурно нема многу да се согласат а и не е убаво да се слушнат.
Замисли сакаш да учествуваш на маратон, ама по опис и карактерни особини си уживач-релаксатор, сакаш да се лупнеш на кауч да си пуштиш серија и да ја бинџ гледаш. И ми викаш ама зошто морам да се променам за да трчам маратон, мојата личност така ја множам со нула. Ок, валидно, ама тогаш нема да трчаш маратон.
Или замисли си човек што не преќутува. Тоа ти е дел од личноста. И утре задутре ќе се вработиш. Ако не си ја промениш личноста и "се помножиш со нула" како што ти го перцепираш, а не е баш секогаш така, тогаш ќе останеш невработен долго време.
Затоа ти реков зависи што сакаш. Сакаш да си бидеш тој што си? Ако тој што си, ако тие карактеристики што те прават тебе тој што си не се карактеристики што жени ги посакуваат кај еден маж тогаш спреми се да бидеш сингл долго време.
Ама ете знам и момци што со жени се поразлични отколку што реално се. И што треба сега да им кажам дечки бидете монаси не изигравајте фраери не ви треба секс и врска во животот бидете сингл со месеци и години и лишете се од природните потреби.
Валидни се и двата избора, твој живот, твои одлуки. Ама она што не е валидно е да се жалиш дека лежиш на кауч, а не можеш да истрчаш маратон. Маратонот треба да ги смени правилата за да можеш ти да го трчаш. Мислам и тоа е валидно, да се жалиш, ама ти нема основа во тој случај.
А оние приказни биди каков што си па макар бил смотан и фрик и на крај ќе се најде некоја која е еднакво смотана и фрик како за тебе се приказни за во холивудски сценарија. Посебно ако си машко. Жени секогаш ќе бидат бомбардирани со курови. Ти го немаш тој луксуз (не со курови да бидеш бомбардиран).
Кога сите ние и мажите и жените ќе сфатиме дека поентата е да најдеш личност во којашто ќе најдеш она што ти треба и можеш да го добиеш без големи жртви, а не што фантазираш, или што капиталистичкиот свет те подбуцнува да фантазираш и да мислиш дека по секоја цена треба да се бориш да биде твое, сите ќе бидеме посреќни, ни нарциси, ни гоустери, ни геслајтери ќе останат. Оти ќе знаеме што ни треба и кој не може да го пружи бај бај.
Опсесија, амбиција, борба за недостижно, овие пориви да ги искористиме на други полиња, пример кариера, здравје, статус.
И Израел да ја прекине инвазијата врз Газа, Зеленски и Путин да седнат да се договорат и на гладните во Африка да им обезбедиме 3 топли оброци на ден.