Ко некоја топ сикрет тајна да е па демек правев муабет имам инсајдерски информации, ваму ленорот е ваков онаму е таков...
Па секој може да провери, идеш у Кам и гледаш декларација на производот каде е направен кој е увозник идеш у Веро истото го правиш и дознаваш. И нема врска дека у кам идело шкарт у веро оргинал итн итн.
Ние користиме Ариел прашак за перење и до сега имам сретнато прашак прозиведен во Чешка и произведен во Турска, и вајда тој прозиведен во Чешка е поквалитетен и гледам тој да го купам. Во Кам продавале и од двата некогаш од CZ некогаш од TR. Истото се случува и во Кит-Го (не сум заприметил во Веро и Тинекс) продавале и од двата не дека секогаш во Кит-Го има од ист производител ама во Кит-Го цената била +20-30% поголема.
Нескафе, Рексона истата ситуација и во Кам и Кит-Го увозник и дистрибутер е истиот и во двата маркета значи се работи за истата роба во кам било 299 во кит-го 359 ден, рексоната 129 со 159 и сл.
Видете ги завршните годишни извештаи за Маркетите па ќе сватите зашто Веро, Рамстор, Тинекс се 20-30% поскапи од Кам, Стокомак... не дека таму носат поквалитетни примероци од истиот производ а другиве шкарт.
Прегледај го приврзокот 410393
Прегледај го приврзокот 410394
Кам има 2,5 пати поголеми приходи а дупло помала добивка од Веро, па сеа видите за што си ги давате парите. Али секако тоа е личен избор не некој не му прави разлика во месецот ако даде за пазарење плус 200 евра да си пазари во веро, ама причата дека ваму продавале чкарт ваму оргинал не поминува баш.