Кајганџиски книжевен предизвик за 2024 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2024?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.996
Поени од реакции
24.450
Како што ветив во претходната тема, ќе пробам да водам евиденција за сите книги кои ќе ги прочитам во 2024.
Целта ми е нов рекорд односно најмалку 20 книги. Многу е веројатно дека нема да успеам со оглед на спориов старт и фактот дека купив неколку игри на последнава распродажба на Стим па така ќе се гејма многу често, но никогаш не се знае.

1) Процес - Франц Кафка

Иако ми одзема повеќе од планираното време, сепак сеуште не ми е кристално јасен Процесот од Кафка. Изгледав неколку видеа, барав малку по форумов и најдов само еден коментар кој најдобро ми ја опиша целата книга и Кафка во кратки црти.
Јас го напратив спротивното од она што е пишано во коментарот на Сусаро, и пропуштив многу детали на сметка на големата слика. Многу често си го замислував како е он во лудница и како сите овие судници, ателјеа, децата, сликарот, помошниците, трговецот и другите останати се само во неговата глава или пак други будали или персонал кои се во иста установа со него и сето тоа ми влијаеше на концентрацијата додека читав. Моментално ми текнува на речиси секоја глава, на сите случувања и карактери ама е дефинитивно книга на која ќе морам да се вратам за да ја совладам целосно.

Имаше моменти кои страшно потсеќаа на Расколников и ми делува како да Кафка за Процес има црпено инспирација од Достоевски.

Ќе ги прочитам и другите дела на Кафка во иднина ама тоа ќе го направам на англиски.
Факт е дека ми е полесно на мајчин јазик ама тука имаше одредени зборови кои кога гледав рецензии ми беше многу полесно да ги разберам на англиски отколку на македонски. Особено оние функциите во банката и судот кој после толку години живеење надвор од Македонија по природно ми одат на англиски јазик. Истото го помислив и за книгите на Орвел. Ок се преводите, немам големи замерки ама мислам дека подобро читање за овие книги конкретно би било на англиски јазик. (Знам дека Кафка оригинално пишувал на германски, меѓутоа одредени зборови како прокурист ми се многу малку слушани/употребувани а Junior Manager би ми скратило многу време и би ми помогнало да не се преоптоварувам премногу мислејќи на преводот)
Одма во длабокото а :D ? Јас ја треснав од ѕид после првото читање. Буквално од ѕид ја треснав. Тогаш ја читав затоа што "морав", оти ми беше лектира. Нити е за 17 годишник, нити е добра за вовед во Кафка. Затоа реков, прво Америка. Во Америка имаш неколку моменти каде што мозокот ти се привикнува на нешто што не е секојдневен тек на дејство. Пример кога лута по ходниците во викендицата или кога двете политички партии имаат митинг пред зградата долу или кога регрутираат за театарот. Случките се пореални него ли во Процес ама почнуваш да го приметуваш зачинот на абсурдноста, на надреализмот, но точно во одредени дози каде што работите уште не станале "забегани" за ти како читател да се изгубиш. Тука се за да ги приметиш но не премногу за да те збунат и извадат од (читачки) колосек. Затоа што во Процес и Замок стануваат забегани. Ако си навикнат на книги од реализам каде што има нормален тек како што го знаеш од секојдневјето ова ќе ти бара штимање малце. Работи што бараат и се базирани повеќе на апстракција е нормално да се тешки на прва. Со Ходоровски е таков случај. Со Бруно Шулц е таков случај. Работите не ти се дадени на тацна каде што тебе ти преостанува само да ги конзумираш. Ова ти е повеќе како мебел во ИКЕА каде што конструкцијата мора да ја направиш сам. Парчињата од сложувалката ти се дадени ама тие парчиња пасуваат на повеќе логични места кои не се точни и нелогични места кои се точни. Фактички тоа ми беше првата мисла кога прв пат налетав на ова видео.

Видеово нема никаква врска со Процес на Кафка, ама во моја глава уште на прво гледање имаше секаква врска со Кафка и тоа е најдобриот начин и паралела на некого да му објаснам како Кафка функционира уствари. Читањето на Кафка и решавањето на оваа сложувалка за мене е скоро идентично. И во двете нема претежок материјал или прекомплицирани компоненти, има подлога, има дејство, не е тотално рандомно (пробај Шулц читај го па ќе правиме муабет) иако изгледа на моменти дека е така сепак си има тек, ситуацијата е таа како што е, не се појауваат змаеви од никаде и чашите не добиваат крилја и почнуваат да летаат без објаснение. Прати му го текот на мислата на типот дур решава. Пази што коментира. Истиот тек и јас го имав и претпоставувам си го имал и ти. А навидум сите компоненти ги имаш и дадени ти се. Треба само да ја врзеш приказната. И не можеш. Сложувалката е оценета со ниво 10. А види колку е едноставна.

Што ми е зборот. Ако не си решавал класични нормални сложувалки и директно идеш на оваа ќе ти биде многу тешко. Дури и да си решавал класични како што и типов на видеово решава оваа ќе ти биде мачење. Затоа има меѓуфаза каде што преоѓаш од една инсатанца и стејт оф мајнд во друг. Америка е таа меѓуфаза.

Режисерот Содерберг и сценаристот Лем Добс дошле до една многу интересна идеја да направат биографски филм за Кафка, ама во негов стил, како да е самиот лик во неговите дела и во неговиот свет. И нормално резултатот е филм којшто е тотално различен од било кој друг биографски за некој славен лик. Гледај го ако си во можност.

Добс исто ти е сценарист во Dark City.

Ти ги набројувам овие работи затоа што се добри дополнителни материјали, првиот како замисла како би изгледал животот на Кафка во свет во кој неговите дела би биле "реални", а вториот како добар вовед за таа меѓуфазата што ти ја кажав. Чисто да ти се навикне мозокот на оној другиот стејт оф мајнд. А кога еднаш ќе знаеш да се наштимаш на тој стејт оф мајнд е полесно и секогаш кога ќе налеташ на вакво дело ќе знаеш да се свичнеш во тој модус на размислување и толкување.

П.С. Видеото со сложувалката најтопло ти препорачувам да не го рипнеш.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529

Америка не ми е читан, но ако добро памтам, нели тој беше недовршен роман? Не знам ни зошто го поставувам прашањето зашто кај Кафка веројатно и не би било од големо значење тоа, но прашувам зашто баш затоа секогаш сум го избегнувал. Дури ни дома го немам.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.996
Поени од реакции
24.450
Америка не ми е читан, но ако добро памтам, нели тој беше недовршен роман? Не знам ни зошто го поставувам прашањето зашто кај Кафка веројатно и не би било од големо значење тоа, но прашувам зашто баш затоа секогаш сум го избегнувал. Дури ни дома го немам.
Да, недовршен е. Ама недовршен е и Замок а тој му е најдоброто дело, дури ако ме прашаш мене и повеќе од Процес кој до некаде е и доста искомерцијализиран. Под тоа не мислам преценет туку едноставно по-популаризиран.

Ги има овие кафканските моменти и во неговите раскази на пример Во Колонијата на Казнетите или На Изградбата на Кинескиот Ѕид. Или на пример во Дувло. Дувло е ноќен кошмар за читање ако сакаш ентертејмент валју. Ама Америка е сепак роман, подолг е, ти бара подолго време да останеш на тие моменти додека расказите се пократки и побрзо ги проаѓаш. Но сепак романот е во главно реалистичен, од сите 3 романи тој е најреалистичниот. Ги имаш тие типични кафкански моменти и тука и тоа доста. Уште од почетокот на пример кога Росман се застапува за ложачот пред одговорните, па ходниците во викендицата, па сплетките со измамниците, посебно епизодата кога ќе работи во хотелот, судирот на политичките партии и реакциите на станарите кои гледаат од становите, регрутирањето во театарот Оклахома кој ги вработува сите кои аплицирале... Тука се тие типични моменти, ама уште некаде се држат на граница на реализмот. Во стил многу се чудни, скроз се невообичаени и несекојдневни, ама сепак не е нешто што не може да се случи. Многу ретко ама не и невозможно. Тоа ти ја олеснува работата за Процес и Замок, каде што работите стануваат многу позамрсени и границата е веќе помината. Едно е кога ќе влезеш прво во вода до глуждови или колена па знаеш од прилика што те чека, а друго е одма во длабокото да те фрлат. Е Америка е таа вода до глуждови.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Убаво ми почна месецов јануари.
1. Hercule Poirot's Christmas - Agatha Christie 3.5/5
2. Appointment with death - Agatha Christie 4/5
3. Мали нешта како овие - Клер Киган 4.5/5 (Откритие на годината - за сега)
4. The pianist - Wladislaw Szpilman 5/5 (исто како и филмот)
5. Се` уште можам нешто да сторам 5*/5- Фросина Пармаковска (фаворит за сега)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
02. Убиството на Роџер Акројд - Агата Кристи (Арс Ламина, 2020)
1707950906786.png

Морам да признаам дека не го очекував ова по „Мистериозниот случај во Стајлс“. Иако бев свесен дека „Убиството на Роџер Акројд“ е романот кој и донел светска слава на Агата Кристи и дека е единствениот нејзин роман кој е вклучен на листата „1001 книга која мора да ја прочиташ пред да умреш“, по екстремно лошото искуство по претходно споменатиот роман - прв од серијалот за Херкул Поаро, а и по тоа што знам дека ова е роман објавен само 6 години подоцна, не очекував да бидам до таа мера запрепастен. И овде не мислам само на последната глава од романот која не верувам дека би можела да не остави било кого занемен, зашто и најдобар детектив на светот да сте, нема ни на крај памет да ви падне кој е убиецот на Роџер Акројд (иако признавам дека читајќи помислував и на таа можност, но без никакви докази или било каква теорија), туку пред се на стилот на пишување: го нема досадниот Хејстингс и неговото претенциозно раскажување преполно со пофални зборови за Поаро од кое по само 3 страници ќе почнете да превртувате очи. Тука раскажувачот е сосема друг лик - докторот Шепард кој делува далеку поприземен и далеку помалку импресиониран од Поаро (очигледно дека стилот и јазикот на Кристи оделе во нагорна линија). Во поглед на оценката - ова ми е измеѓу 4 и 5, но бидејќи од Кристи го имам прочитано и „Убиство во Ориент Експрес“ кој ми е оценет со 4, а „...Роџер Акројд“ ми се виде далеку пооригинален и поинтерсен, иако има делови кои не ми се допаднаа а за кои не би говорел тука и иако сметам дека не е за 5, сепак му давам највисока оценка.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
1. ,,Да се убие птицата подбивница" - Харпер Ли.
2. ,,Идиот" - Достоевски.

Наредна ќе биде ,,Сто години самотија" од Г.Г.Маркес.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
03. Сè уште можам нешто да сторам - Фросина Пармаковска (Или Или, 2023)
1708417349957.png

Уште еден одличен роман на Пармаковска. Иако во основата е егзистенцијалистички, проткаен е со една нитка на магичен реализам која му дава дополнителна свежина. Го има се она што може да се очекува од авторката: чиста нарација; прекрасно изградени ликови за кои имаш чувство дека ги познаваш, такви како да се од крв и месо, но и твои, блиски; приказна која е реална, овоземска, иако допира и во некои други светови и четиво кое со сигурност ќе го препорачувам потем. Нејзиното писмо е позрело од секогаш, а романот се чини послоевит и покомплексен од било кој друг нејзин. Ретко кој се осмелува да пишува за машкото ментално здравје, тоа е како некоја табу тема кај нас, зашто мажите треба да се силни како карпи, нели, а не „да исчезнуваат“, затоа секоја чест за храброста и браво за секој збор, за секоја мисла, зашто не верувам дека некој друг некогаш кај нас ја доловил така добро целата таа комплексност на чувствата кај еден лик кој претрпел толку многу загуби што почнал на крај да се губи и себеси. Сега, откако го прочитав романот, само едно нешто почна да ми смета - не кај авторката, туку кај другите кои пишуваат за него: тоа што сите го нарекуваат Иван - „несреќникот“, „проклетникот“ или слично. Малку пејоративно ми се чини се тоа. За мене тој не е ништо повеќе од „човекот“. Ова е дефинитивно најзрелиот текст на Фросина Пармаковска! Прекрасен роман! Стискам палци да се чита, препрочитува, да се продава како алва, да доживее многу изданија, преводи, да се закити со бројни награди... И најважно од се: да допре до многумина, барем трошка од тоа ко што ме допре мене.

P.S. Иван и Пина гледале Better Call Saul. :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
04. Полиглот - Игор Станојоски (Муза, 2023)
1709373625614.png

„Во што се претвора човек без јазикот?“

Ова е едно од прашањата кои ги поставува „Полиглот“ исто како што е едно од прашањата кои си ги поставувавме сите ние последните неколку години. „Полиглот“ во еден од своите слоеви не потсетува и на едно наше блиско минато, но и секојдневието кое го живееме, правејќи паралела помеѓу политичките случувања во Македонија од последниве десетина години и случувањата во Украина пред и по 2013 година и „Мајдан“. Тоа му дава уште поголема длабочина и на некој начин не става и нас во улога на ликови во него. Слоевитоста на романот го прави „Полиглот“, според мене, најкомплексниот роман на Станојоски, иако можеби plot-twist-от на крајот (на кој впрочем сме навикнати во неговите романи) токму заради комплексноста е за нијанса поблаг отколку во едни „Гаргара“ и „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“. Малку сум растргнат во мислите не знаејќи на која страна да го насочам овој мој краток осврт, затоа што има навистина многу нешта за кои треба да се зборува и се плашам дека ќе испуштам нешто што би сакал да кажам. Изобилува со метатекстуални елементи, но и автореференцијалност, во кафулето „Книга“ видов слика на „Гаргара“ од истоимениот роман, улиците се истите, местата се истите, времето и аурата која го обвиткува се истите од претходните романи на Станојоски, така што ова не може да биде ништо друго освен уште еден дел од огромниот негов роман кој се уште се пишува. Навистина уште едно убаво дело во кое уживав од почеток до крај и кое ќе го паметам по многу нешта. Ако не по друго, барем по тоа што се заљубив во „Океан Ельзи“, чија музика мораше да оди во позадина додека читав. Најискрена препорака до сите! 5/5, нормално!

Последно уредено:

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.924
Поени од реакции
12.489
1. ,,Да се убие птицата подбивница" - Харпер Ли.
2. ,,Идиот" - Достоевски.
3. ,,Сто години самотија" - Г.Г.Маркес (боориинг).

Наредна ,,Демони" од Достоевски.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
2) Папокот на светот - Венко Андоновски

Кај книгава многу близу бев да ја баталам ама вториот дел ја извади. Но за тоа подоцна, о блажени, возљубени и бедни. :)
Очигледно е дека не ми лежат вакви книги кои се напишани на псевдоархаичен јазик (whatever that means)
Ако за првиот дел ми беа потребни најмалку 10 сесии, вториот го прочитав во два дена по два саати без никаков проблем.
А може и мене духот не ми е подготвен за тоа слово? Можеби јас сеуште сум со пајажина на очите за вакво слово.
 
Венко знае често да биде претенциозен. Од убав роман да го усере со некаков "возвишен" речник. Демек да се покаже дека е различен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.529
Венко знае често да биде претенциозен. Од убав роман да го усере со некаков "возвишен" речник. Демек да се покаже дека е различен.
Не, во „Папокот на светот“ не е таков. Тој роман е неколку нивоа погоре од се останато што имам прочитано или почнато да читам од него. „Папокот на светлината“, на пример, не можев да го дочитам. Не знам како да се изразам за да го споредам со кружењето околу стол на Бомбастичниот, ама ете: да беше филм, ќе кружев околу стол на него. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.919
Поени од реакции
73.289
Си ставив цел да прочитам барем 10 книги годинава, па да почнеме со тоа што сум го прочитал досега :D

1. Подвижни гробови - Божин Павловски (4,5/5)

Слаб сум на книги поврзани со македонската историја. Слаб сум и на книги со дебели корици, особено ако имаат врвка за одбележување до каде си стигнал со читање. Книга во која се опишува страдањето на различни генерации на македонскиот народ во Ресен и преспанската околина во време турско и во време на комунистичка Југославија. Дел од ликовите се македонци муслимани, односно торбеши, при што едниот од нив (незнаен јунак во историјата :D) имал идеја да ја ослободи Македонија од турците и сите да живеат сложно во овие предели без разлика на националноста. Приказната е испреплетена околу различни генерации од неговата фамилија, носејќи ме дури до Австралија. Ми се допадна стилот на пишување на Божин, ќе дадам шанса и на некоја од другите негови книги.

2. Чуварите на хагадата - Џералдина Брукс (4/5)

Уште една книга која опфаќа низа историски настани. Се работи за сараевската хагада, една еврејска книга која низ годините завршила во сараевскиот музеј. Австралиската писателка има направено една одлична фиктивна приказна околи целосното потекло на книгата и нејзиниот опстанок во период од над 500 години. Годините на инквизицијата, протерувањето на евреите од Шпанија, палењето на цела еврејска литература низ Италија, патот на хагадата преку Виена до Сарево кое тогаш било под австро унгарска власт. Муслиманите во Босна настапиле штитенички кон евреите, што помага да книгата ја преживува втората светска војна. На крајот, сараевскиот музеј е бомбардиран од страна на српската војска во распадот на Југославија, но повторно ќе се најдат херои кои ќе се жртвуваат себеси за да спасат дел од културното наследство во музејот. Покрај историските приказни, доста темелно се опишува како се врши реставрација на една книга.

3. Ноември - Алена Морнштајнова (4/5)

And guess what. Уште една книга со историски наратив. Тргнав да ја купам книгата Хана од чешката писателка, но продавчката ме премисли. Сите знаеме како поминале евреите во втората светска војна, но дали доволно знаеме за страдањата на луѓето од советските републики во минатиот век зад железната завеса. Книгата е уште една фиктивна приказна за тоа како би изгледала Чехословачка ако не се случел пресвртот на политичката сцена по протестите во ноември 1989 година. Во реалноста, доаѓа распад на социјалистичката република и почеток на новиот демократски развој на двете држави, но во книгата СССР им помага на сите свои социјалистички сојузници да се одбранат од "внатрешните непријатели" и да го задржат својот досегашен режим на владеење. Војска на улиците, лимитирано движење на граѓаните, слабо снабдени продавници, скоро невозможно напуштање на државата, забранет пристап до радио или тв програми од западниот свет, дозволена литература исклучиво од социјалистичките републики, кодошење на секој што барем малку ќе изрази сомнеж во правилноста на државното уредување, но и нулта невработеност, силна армија, безбедност на улиците, социјални станови за младите парови итн. Одлична книга.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
3) Смрт на Нил - Агата Кристи

Си мислев дека оваа книга ќе ми биде досадна со оглед на тоа што сеуште ми е во свежо сеќавање филмот со Кенет Брана како Поаро ама излезе спротивното.
Иако и влегов со одредено знаење сепак филмот и книгата се ептен различни. Не би да го коментирам филмот, нека прават што сакаат со тие нивни геј, блм и слични адаптации ама јас повеќе филмови базирани на книги не гледам. Јас кај филмот сакам да ја видам најблиската верзија до книгата. Нешто како епизодите со Давид Суше или па адаптациите на Холмс со Џереми Брет,а не нешто сосема спротивно со скроз различни карактери и менување на веќе постоечките.
Книгата е феноменална. Карактерите се одлично разработени и без разлика дали сте го гледале филмот со Кенет, овде ќе наидете на многу други карактери и различности кај одредени што ја прави целата приказна уште подобра.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Џереми Брет и Давид Суше се незаменливи. Гледав и постарата верзија со Питер Јустиноф но мислам таков широкоплеќ даса со напумпано его не се вклопуваше во карактерот со лажна скромност на Херкул Поаро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom