ДК
Родена сум со среќна звезда, фала му на Бога и жал ми е за некои женски кои се родени изгледа во свирипичино, богу иза леџа, не ги обдарила мајка природа со лепота, па јадничките се гледаат негативно, пазарат во мали тесни прљави маркети, продавачките не се воопшто љубезно со нив, одат у кој знае какви банки каде има толку многу гужва и мамец се за стари дртала да си го чешаат газот од нив....греота...лоша судбина имаат и затоа си велам да не им замерувате на лошотилукот и зајадливоста што ја носат у душа....ама барем имаат ХОУП...
Вака сега, пошто ничему позвана, ме ставаш у уста, јадничката јас би сакала да ти направам една психоанализа, да ти се посвети и тебе малку внимание, само се шуткаш наваму натаму џабе не те заприметува никој, па еве јас ќе одвојам од моето јадно и бедно животче дел во катчево и за тебе, па уживај и читај лепото моја со среќна ѕвезда <3
Да почнеме од името. Поздрав еден топол. Тоа се родило кога како неискусна и неупатена во технологијата и форумите мислела дека пишува пост поздрав другарчиња дојдов јас, ама беља тоа не било пост него никот си го ставила и нема назад
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Како оние старците на фб кога пишуваат коментар под некоја слика, а мислат дека приватна порака пишуваат. Е тоа како што кажавме ни кажува дека се работи за постар член во поодминати години, некој што на старост дошол во допир со интернетот и ништо тука не треба да се исмејува зошто и на баба ми да и дадеш да се регистрира на форум, ќе се пише со ник сине да не си гладна.
Тоа со името го решивме, одиме понатаму.
Ќе го земам во обзир само овој пост зошто немам баш искуство со постови на поздравот топол, ги прескокнувам и затоа и мојата анализа може ќе делува и малку празно. Ама кога веќе настојуваше да и направам, ајде..
Изјава како фала богу што сум родена во Скопје не свирипичино кажува три работи. Се работи за премногу депресивен и разочаран член на кој најголем успех во цел тој долг живот му е престојот во Скопје, а пошто тоа го гледа како најголемо достигнување во животот и палењето свеќи за благодарност кон бога што е во Скопје кажува само дека членот не ни излегол надвор од Скопје. Не прошетал надвор од границите, не бил на места каде ќе сфати дека уствари Скопје е свирипичино спрема огромните метрополи низ светот. Тоа што не шетала е поради недостиг на пријатели и сретства, не се патува сам и без пари. И третото, омраза спрема тие од свирипичино, значи огорчен и злобен човек кој нема други квалитети да се издигне над свирипичинејците па пак се враќаме на она аааа јас сум од Скопје ти од свирипичино и тоа ја исполнува, тука нема што да дискутираме, осамен и очаен човек се фаќа и за банална работа барем малку да се осети надмоќен.
Навредите кон некого како не те обдарил господ со лепота и мажите се лепат за тебе, само кажува дека уствари членот е одлепен и не знае што кажува, а за тоа може да се криви повеќе причини, како климакс, алцхајмер и слично. На грда жена нормално дека никој не би се триел. 5 години од животот овој член би дал само еднаш еден пензионер да се потрие и од неа, зошто како што ги кажавме овие осамени и очајни луѓе и оваа работа со триењето која нормалните луѓе ја гледаат и како кривично дело, нив им изгледа како нешто што така треба да биде и љубоморат на тоа, затоа што имаат испревртено мислење за пријателствата, симпатиите и љубовта, затоа што никогаш и не биле во контакт со истите.
Понатаму низ постот се само нападите на самотија и очај, а исто и тоа што моето професионално око го заприметило кај оваа кутра жена е тоа дека таа просто во Бијонс го гледа сам бог. Малтене алтер его. А тоа се заприметува по бројните пофалби или имитациите на понашањето на дотичната и манијакалното бранење од свирипичејците.
Тоа малку нешто што го знам за овој член го исцедив колку можам повеќе да извадам нешто, па се надевам дека сте задоволни на мојата психоанализа на тетката со среќна ѕвезда, тетка поздрав еден топол и ви благодарам на пажњата на овој пост каде не се откриени никакви лични податоци, ни се користени навреди и исмејувања. Чисто само професионален профил на една осамена жена за која се надеваме дека еднаш барем ќе пие кафе со својот идол...
Во Скопје.