Каков рекорд брка Интер? Колку најмногу бодови има освоено клуб (ветојатно Јувентус) кој земал скудето?
Ги видов доста нервозни на крај, а нема друга причина, кога веќе ја имаат освоено титулата, освен да бркаат рекорд?
Ќе видиме дали ќе го бркаат тој рекорд откако ќе ја осигураат титулата.
102 има Јувентус најмногу освоено бодови, не е недостижно, ама освен за лична сатисфакција и курч нема потреба да го бркаат.
Вечерва повеќе сакаа да тепаат за фановите зашто после испаѓањето од Атлетико им приредија дочек, пуштија огномет и банер „Горди на вас„ што реално им требаше, пошто колку сме ние разочарани како фанови што испаднавме на пенали, замисли па колку се они што на терен го доживеаја тоа, им требаше вака буст малце од фановите.
Со оглед на тоа дека сезоната практично е завршена за нас, формално само 5 победи им фалат што е прелесен залак ако имаш во предвид дека има екипи како Емполи, фросиноне, Каљари и Верона за играње, а во меѓувреме Милан треба да тепа се пред себе а и истовремено ќе игра уефа лига. Чудо треба да се деси до крај да ја испуштат титулата.
Скудето во џеп, втора ѕвезда на дрес, суперкуп освоен, следен суперкуп обезбеден, ЛШ наредна сезона и светско првенство обезбедено, како фанови треба да сме презадоволни. Имаат нов спонзор договорено за 30М по сезона, плус пари од Европа и од светското, ќе се стабилизира клубот, ќе може да гради и стадион и да биде финансиски независен(колку толку). Интер во моментов само светлина гледа напред, да се продолжи со трансфери да се погодуваат како Турам и Бисек добро ќе биде.