Грешка број 2, колку обиди имавме да задржаваме време, да лежат на терен и да се овозможи играчиве да земат воздух и да одморат? Нула, ова е несвојствено за екипа што чува резултат, тука најдобро се оцртува целокупното неискуство на тимов ама ова во глобала под дифолт се подразбира и стварно не ми е јасно како самите играчи ова не го правеа, а и Инзаги не можам да го сфатам зашто не им го сугерираше. Најмногу ради тоа што беа уморни го зборам ова, а после и за ебаното време иако овој беше спремен 10 ммин да продужи али небитно тоа.
Ова цело време го мислев за време на натпреварот. Ако веќе се браниш и противникот е во ритам, мора да фаулираш насекаде. Не ми е јасен пристапот, на пример кога игравме со она гомно од екипа, Севиља, не убија од фаули. Се надигруваш додека можеш, ако не можеш тогаш земи сечи ја играта. Неверојатно е како се однесуваа на терен.
Фудбалот некогаш е суров, убеден сум дека да не го примевме оној смешен гол кој психолошки не уби, ќе поминевме лесно, сосема поинаков тек ќе имаше натпреварот. Од друга страна, мора и да созреат и не смеат да паѓаат психички како вчера. Тоа е тоа искуство кое Syn го спомнува, не се согласувам со
@Mondonico кој пиша на другата тема дека е ова резултат на преценување поради играње во слаба лига, но блиску е Мондо: ова е резултат на неверување во сопствените можности бидејќи немаш противници да те тестираат неколку пати во годината, да видиш што можеш што не можеш. Немање самодоверба, со други зборови.
За квалитетот, го имаме доволно да поминеме ваков Атлетико, но го немаме доволно да стигнеме далеку. Играме цела сезона со двајца напаѓачи и доволно е еден натпревар да не им оди, како вчера, и толку е. Нема кој да влезе да направи разлика. Средината со Микхтаријан и Чаланоглу е супериорна во Италија ама не и во ЛШ, ни требаат физички посилни играчи. Инзаги го игра Ерменецот премногу често во решено првенство, човекот не може да се соземе.
На крајот, ова е добра лекција за Инзаги, има огромен напредок човекот но во ЛШ секоја грешка се казнува. Немаше никаква потреба од оние измени на 1-1, да ги оставеше како што беа уште 10 минути ќе беше многу подобро. Па ако примиме гол и бидне 2-1, тогаш види какви измени можеш да правиш за продолжение. Тој фрли се на една карта при 1-1, испаничи и се деси што се деси. Не плукам по него, да не се разбереме погрешно, ни достави Скудето и сезона за паметење. Се надевам дека во иднина ќе оди похрабро, и тој а и играчите.
За пеналите, шта речи а не заплакати. Секој може да промаши пенал, ама изборот на играчи вриштеше. И што знам, веќе никој не се обидува да го прати голманот на една и да шутне на друга страна, само рогање што појако и ако биде.
Тоа е, дај втора ѕвезда на грбот и одиме понатаму.
П.С.
Костич, ќе те банирам до смрт братче, не ми е проблем воопшто.