Па половина од овие проблеми можеш да ги решиш со малку спорт!
Да! Сериозен сум!
Ништо не помага повеќе за депре и анксиозност од активност на отворено! Ем малкуцка ќе си поправиш форма
Не мора ни скроз да ослабиш! Остај ги овие теретани што ти предлагаат. Таму само ќе си набиеш комплекси и ќе дишиш смрдена пот!
Еве од мене ќе почнам…
Летно време пливам, пролет/есен трчам, едино преку зима е малце зафркнато… ама оваа се погоди само 2 месеца да биде!
Спортувај на отворено! Пронајди се во нешто, па макар и јога нека биде. Бескрајно многу можности имаш!
Јас едвај чекам да завршам со работа, да отидам да се истрчам и да поуживсм во природа! Таму ми е паметот. Веќе не се замарам со глупости.
Кога ќе се средиш психички, кога ќе почнеш да запознаваш нови луѓе, ќе почнат да се местат коцките…
Толку