Кажи ми ти сега мене, имавме агенда за НАТО и ЕУ уште од почетокот на нашата држава. Политичарите ни ги кажуваа како нашиот пат кон Евроатланските интеграции ќе влијаат врз нас, како ќе тече мед и млеко. Дали во 30 години го добивме тоа? Не.
Што сакаш сега, да ти кажувам бајки за Русија, како што ти кажувале бајки за ЕУ и НАТО и ти ќе се упецаш на тие бајки и ќе речеш, да, така одиме со Русија. Тоа ти е во најмала рака наивно поимање на светот, а поготово на политиката.
Сите индикации што се случуваат ни говорат дека да бевме под Руска капа, овие понижувања што ги трпевме од крајот на 19 век, па се до ден денеска, немаше да ги трпиме. Единствен пак кај што се замешала Русија во Македонското прашање, ние сме добивале подобра позиција. И после Балканските војни во просек животот на Македонецот се оправил, и за време на коминтерната, кога дефакто коминтерната го има признаено Македонскиот народ за посебен, и пресликано ја почнал државноста во СФРЈ од што произлегла Македонската независност.
Е сега тие приказни што се протнуваат „да не беше Америка, ќе ја снемаше Македонија“. Можеш ли да го објасниш тоа ШББ КББ сценарио од денешен аспект, кога дефакто ја снема Македонија.
Види јас секогаш сум стоел на ставот дека треба да се бара алтернатива, тоа што политиката во државава е НАТО фундаменталистичка не помага воопшто а муабетот е и колку стопаните во овој момент ќе ти дозволат да кокетираш со Русија, Кина you name it? После друго прашање што треба да се запрашаш е како Русија (специфично таа) не гледа нас како држава ако земеме во предвид каква е нашата надворешна политика во однос со нив. Мислам нема потреба да ти ја објаснувам ситуацијата со државава пошто и самиот ја знаеш и колкав е просторот за маневар.
Па затоа ти кажувам мора да се игра прагматично, а не да се тера ко вол у дол. Јас не реков „ми и Руси 200 милиона“. Туку реков дека многу ке ни беше многу подобро да издржиме уште 3-4 години да не влеземе во НАТО. Што реално ни донесе влезот во НАТО во овој аспект освен опасност. Не зборам за кокетирање со Русија, туку за муабет „извините дечки, ние не видовме никаков реален бенефит од НАТО, не викнавте како јагне на ручек, ќе ги заборавиме тенковите и авионите што ви ги дадовме, само оставете не да си тераме маката сами“. И тоа ова мора да има концензус и од Албанскиот фактор во земјата (ако сеуште има некој паметен таму). Ќе се обврземе дека нема воено да се врземе со Русија, ќе прогласиме неутралност и како симбол на неутралност ќе ги повикаме завојуваните страни да преговараат кај нас. Значи ги ставам настрана симпатиите што ги кажувам на темата и ти кажувам што е едно повеќе реалистично сценарио, иако е далеку од веројатно. За ова сценарио би имале ние влијание, за другите, што и да се деси немаме влијание.
Другото сценарио што може да се деси, за кое нели немаме влијание, е да дојде Трамп на власт и да ја повлече САД од НАТО. Во таков еден случај, барем 3 земји што моментално се во НАТО, ќе излезат автоматски од НАТО, па ништо ч
удно и да влезат во воен сојуз со Русија. Таков еден случај би бил најоптимистички за Русија. Во тој случај, крајната цел на Русија ќе се зголеми минимум до влијанието што го имале пред крајот на Студената војна, и многу веројатно е дека ќе го добие тоа. Пошто во Европа ќе настане општ хаос. И доста веројатно во такво едно сценарио и Македонија да се најде под капата на Русија.
Трето сценарио е НАТО деклајнот да се дешава постепено, но дефакто ќе се дешава сите индикации одат кон тоа. А тоа ќе значи војната во Украина ќе излезе од границите на Украина во некои други прокси конфликти и ќе бидеме сведоци на една нова Студена војна, меѓутоа со далеку побрутални конфликти од тие во студената војна и со далеку послаби запад во однос на светската економска и индустриска поставеност. Па така шансите за победа би ги дал на Русите и така на крајот пак ќе завршиме под Руска капа.
Ако можеме да кажеме дека за првото сценарио помина возот и многу тешко да се направи реверт, за нас лично најдобро и најбезбедно е да се случи второто сценарио, дека така ќе го избегнеме во голема мера конфликтот кој се отвара.
Да чекаме подобри времиња, ако воопшто ги дочекаме.
Значи да чекаме подобри времиња под западна диктатура. Што тебе ти дава надеж дека иднината во НАТО ни е сјајна како народ, па да ги чекаме пасивно тие подобри времиња? Ние сме со западот цел еден век и во тој век што сме добиле? Кој момент од минатото ти дава надеж дека односот на западот кон нас ќе се подобри? Еве влеговме во НАТО и дел сме од тоа како што го викаат „семејство“. А види, пак бара после све да се понижуваме уште повеќе.
Еве чекаме, ама да не биде како вицот со верникот што се удавил и што му бил лут на господ зошто не го спасил, а овој му одгворил ти пратив 2 чамци. Нас, едниот чамец ни е избеган, сега ни останува да ја чекаме следната шанса или вистинскиот знак.
Не знам која ти е поентата? Шарпшутер ме мислиш?
Никаков аер не видовме од САД, за ЕУ е дискутабилно во однос на економија и инвестиции. За разлика од тебе ја никаде не тврдам дека со САД и колективен Запад ќе ни биде поарно, ако најдеш нешто такво дека сум рекол слободно цитирај ме тука, додека ти тврдиш (неосновано) дека со победа на Русија во Украина нас ќе ми било поарно, па затоа те прашав.
Го добиваш одговорот во следниот пасос што си го постирал. Само инвестициите ли се важни за една државност? Само стандардот ли е битен? Дали знаеш дека многу деца си заминаа од државата што имаа 2000+ Евра плата за живот поскромен на западот. Дали можеш да го објасниш овој феномен. Затоа и реков дека си материјалист од филозоска гледна точка не од аспект да те навредам. Јас гледам од малце понаква призма, малце повисоко. Од бизнис аспект, ние многу лесно можеме да се опраиме без да ни се меша никој, па дури и без инвестиции. А инвестициите што ни биле потребни за буст, се смешни во однос на тоа што е потребно да се оправи земја која има 40-50 милиони жители. Многу лесно се привлекуваат инвестиции кај нас, бидејќи сме работлив народ. Но надворешните инвестициите јас ги сметам како лонг-терм импрувмент тул, пошто инвестиции во трети земји се претежно монтажни фабрики со евтини ресурси.
Напротив ние економијата можеме да ја поправиме сами. Ја поминавме транзицијата, стекнавме знаење, дојде нова генерација, која све повеќе отвара успешни не-транзициски и не-тендерашки компании кои тераат успех сами по себе. Еве фирмава која стои позади форумов ти е жив пример за тоа. Ако правилно се насочи енергијата на народот и на политичарите, за кратко време можеме да процветаме. Имаме услови за туризам, имаме услови за производство на здрава храна, имаме паметни деца за ИТ и Маркетинг, можеме пак да се навратиме на роботика и на машинска индустрија, па дури и развој на автомобили, не е тоа нешто што неможе да се постигне. Ти рачунај процентуално не верувам дека некоја држава во светот има поголем број на луѓе кои се бават во ИТ индустријата (вклучително тука и маркетинг)
Само треба државата да се среди во однос на законите и примената на истите и да се фокусира све ова да се постигне. Не ни треба НАТО, ЕУ, Русија, за да се постигне тоа. Само ти очекуваш друг да ти го зачисти прагот. Демек во Европа законите се применуваат не се краде кур се тресе. А уствари нашиве тендераштвото од тендерашките мастери во САД го научија. Тоа ти е краткогледоста.
А во врска со Кина и Русија, пак тука не го гледаш правилно потенцијалот на Русија и потенцијалот на Кина. Еве земи го вооружувањето. Кина речиси и да нема сопствен правец на вооружување. Речиси 2/3 од вооружувањето е или Руско/Советско или Руска лиценца. Тоа што имаат подобра економија, тебе ти гледа дека се светска сила. Но светска сила е нешто подруго од економија. Ете го и Либија на Гадафи имаше најдобар стандард во Африка, Либија имаше пари да ја купи цела Африка, па пак Гадафи заврши со бајонет во газот.
Во светот во денешницата води оној кој позади него ја има науката и технологијата. Дај кажи некој Кинески научник од денешницата од типот на Тесла, Ајнштајн, Павлов, Менделеев, Марија Кири, Стивен Хокинс.... Нема, не само што нема, Кина нема научници што се во вториот и третиот ешалон. Едноставно Кина е далеку да го превземе водството во светот самата како што е. Е сега можеби Русија со Кина покрај себе би имале добра шанса да го земат заедно приматот, но кога се сами по себе, шансите на Кина да го превземе приматот, само со економија се смешни, додека Русија има наука има технологија, како што гледаме има и индустрија.... така да. Таков погрешен впечаток ти дава материјалниот пристап на светот, исто како што е тоа причина за краткогледоста.