Океј супер, значи пак се сведува на тоа што го викам ја дека тука сериозно никој не верува дека некаква добивка би имале ние од Руска победа во војнава, одговорите на моето прашање се сведени на реваншизам кон САД, некаков си романтизам кон Русија, неоснована надеж за подобри времиња или со други зборови гладна кокошка просо сонува. Кого и да прашам на темава на кој основ ви е базирано мислењето дека за нас би било подобро ако Русија победи, одговорите се сведуваат на истото, за кого треба да се има симпатии, неосновани субјективни бајки и реваншизам. А за симпатиите му кажав и на Берик ако сакате и икони од Путин чувајте си по дома, никој не ви брани ништо, само кога се брани став за политика симпатиите по дома чувајте си ги.
Воопшто имаш мајндсет на нашите политичари, или барем тоа е мајндсетот што они го шират. Какви бајки каков реваншизам. Прагматизмот ми вика неутралност, затоа што наклонување на страна на Русија е опасно по нас во моментов.
А за реваншизмот, не е реваншизам туку е пак прагматичност. Ако одиш по патека кај што ќе те опљачкаат и претепаат, и пак утре тргнеш по таа патека и ти се деси истото, и така по ред неколку дена? Што излегува дека си, освен дека си глуп.
Без разлика дали се романтични бајки или не, историјата во последните 100 и нешто години ни кажува, покажува и продолжува да ни докажува дека западот не е апроприет за нас и дека мораме да си бараме алтернатива. Едно е сигурно, таа патња што ни ја приреди западот не е бајка, а тоа што го гледаат луѓето спасот во Русија, е резултат на таа патња. И да е бајка во моментов, тоа е бајка што мораме некако да ја материјализираме, иначе ќе не снема.
Значи све пробавме, на колена застанавме да не пуштат да влеземе во НАТО и ЕУ, во НАТО не примија одкако се пониживме, во ЕУ бараат уште повеќе да се понижуваме. Чија икона треба да си чуваме дома, на Урсула? Ти разбираш ли дека не сме во агендата на западот да бидеме држава на Македонскиот народ, затоа ни ја одземаа? Што да направиме уште за западот? Значи сме во ситуација на нож до коска. Од една страна ни доаѓа конфликт во кој уште еднаш има можност да се најдеме како топовско месо, од друга страна сеуште ни бараат да се понижуваме. Што треба да правиме, да се понижиме уште? Тоа е твојот предлог?
Неутралноста што ја проповедам, не се однесува на тоа дека ние ги мрзиме Русите и не сакаме да сме со нив. Туку од причина што тоа е единствениот начин да останеме надвор од конфликт. Тоа важи vice versa. Но дефинитивно сум за драматично доближување со Русија и во таа неутралност. Како што е Швајцарија блиска до западот, така и Македонија треба да биде поприближена до Русија отколку до западот, но неутрална.
А во врска со „Кого и да прашам на темава на кој основ ви е базирано мислењето дека за нас би било подобро ако Русија победи“, како ни беше подобро, вака додека бевме со западот, а западот беше на врвот на светот? Виде нешто позитивно од тоа што одевме по паметот на Западот? Прво одговори го тоа прашање, па после прашувај за ШББКББ сценарија. Ти го прескокнуваш главното прашање, што ние имавме од тоа што Америка „победуваше“ во Србија, Авганиста, Ирак...
Значи многу си краткоглед за некој што сака да дискутира за политика. Очигледно е дека си материјалист и дека претежно за тебе е главен стандардот и прво што ти текнува за Русија е беда. Но и така да гледаш, ние сме сега западот и пак сме беда за Русија.