Безмалку да нема поголема беља, кога некој од домашните, блиски по род, ќе си „набие„ во главата дека токму тој знае, а сите други, особено оие кои се повикани и должи да знаат и да поучуваат, „као„ немале поим од ништо...Сагата продолжува. Половина месец подоцна, мајка ми стои на истото, поготово дека сретнала уште неколку луѓе што и го кажале истото, дека не треба да се мрда на гробишта до година дена после веридба.
Секој ден е истиот муабет, раат нема дома реално. Не можеш да и докажеш спротивно бидејќи „јас сум во право, како ќе кажам секогаш така испаѓа на крај“.
Од помен храна не се носела дома, дар не се носел дома, требало тоа сместа да се фрли, се зацрнувала фамилијата.
Денешните попови биле ку*варишта и не знаеле ништо.
Чаре луѓе? Побудалев веќе, не можам.
Чаре засега немаш(ш), освен да си трпиш и да очекуваш дека на мајка ти ќе и‘ помине „нападот од сезнаење„ и дека порано или подоцна, ќе се смири.
Таквото однесување е причина повеќе зашто на жените во Црквата не им е дозволено да поучуваат по било која верска или животна тема.
А надвор од Црквата, се чини дека можат да бидат “експерти за се‘ и сешто„.
Последно уредено: