Прашање за Христијанството III

Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.960
Поени од реакции
5.700
29 Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.
:)

Десната страна повеќе се спомнува, додека левата е некако во сенка, задскриена.
Моето десно око не кажува на левото што видело.
А ако „ИЗГУБЕНОТО“ е во пеколот, го молам Бога и мене таму да ме фрли,
та повторно да бидеме заедно.
...
Десната страна, велиш?!?
Можеби на јудејците им значела нешто десната страна, та толку ја спомнувале...
Можеби е како што ти велиш,„ десно“ = „правилно“.
Можеби е „преводот“ површен, та од „право“ или „напред“ станало „десно“.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Да ве потсетам!
Оваа тема е за прашање до христијани и чекате одговор. Ако не ви чини одговорот или имате нешто за дискусија, или отворете тема ако нема таква или ако има таму дискустирајте.
Вака се губи прашањето и преминуваме во разговори наместо во стриктни прашање - одговор форма.

1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата (Но наведете дали се однесува за Католик, Православен или Протестант(адвентисти, баптисти, евангелисти итн))
2. Прашањето се одговара само од Христијански верник, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од верници од Христијанството, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!

Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
Не знам зошто заборавате кои теми за што се и до каде се... :cautious:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.879
Поени од реакции
5.005
Ако Исус седна десно од божјиот престол, кој седи од левата страна?
Фрли поглед на иконата „Света Троица„ насликана од монахот Рубљов. На таа слика, насликани се три ангели, како изобразенија за Трите Ликови од Троичноста Божја.

Левиот лик на иконата, односно левиот ангел, го изобрзува ликот од Синот Божји, кој е насликан оддесно на Отецот, а Отецот е пикажан преку средишно поставениот ангел. Ангелот кој е насликан десно од средишниот ангел, го изобразува Светиот Дух.

Така, средниот ангел е Бог Отец, оддесно од Отецот е Синот Божји, Господ Исус Христос, а лево од Отецот е Светот Дух.
 
Член од
7 април 2022
Мислења
13
Поени од реакции
2
Дали денес може да се користи печатот за петолебие за лепче со паричка?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.879
Поени од реакции
5.005
Дали денес може да се користи печатот за петолебие за лепче со паричка?
„Петолебие„ и погачата/месеното за парчиката за Св. Василиј не се идентични празници/обичаи, така да нема потреба од печатирање на погачата за Василица. Барем јас до сега немам видено печатирана погача намерена токму за Св. Василиј Велики.

А за секој случај, ако сакаш да бидеш сигурен, прашај кај свештенството во најблиската црква.
 
Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
75
Екипо, здраво.

Верен сум на 16 септември 2023 година, 2 месеци откако почина на вереницата едната баба. Никој ништо не рече тогаш.
Скорото почина и другата баба, пред 5 дена. Отидовме на погреб и имаше и постари лица, но никој ништо не ни спомна да каже дека нешто не треба да се прави.
Мајка ми стигна на погреб и веднаш почна да кажува како не требало да фрламе земја, не требало да одиме на парастас бидејќи сме биле "пресни" и до година дена ништо такво не требало да се прави (така и кажале постари).
Прашав поп за ова, ми рече дека немало врска. Други луѓе ми кажаа дека се додека не си регистриран или венчан во црква, нема врска ова. Дури и не бев крстен до пред една недела, ако тоа нешто значи.
Моментално мајка ми е налутена бидејќи вереницата моја отиде на 3 дневен помен на баба и која што ја растеше 11 години и мајка ми 24/7 само се подава нешто и врти муабет.
29 години сум, ги сакам родителите, сакам потомство да дочекаат, ама со ваквото однесување, не знам што ќе биде.

Може ли некој ве молам да ме упати каде грешиме? Благодарам.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.112
Поени од реакции
10.138

Никаде Вие не грешите...нажалост твојата мајка многу греши и прави грев на душа. Штом е толкав "Верник" нека најде каде тоа пишува дека не се оди на погреб тазе венчани и потсетете ја дека не треба да се лути оти прави така поголем грев..Бабини деветини ги викаат тие работи...епа ако се лути, нека и стои.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.879
Поени од реакции
5.005
Екипо, здраво.

Верен сум на 16 септември 2023 година, 2 месеци откако почина на вереницата едната баба. Никој ништо не рече тогаш.
Скорото почина и другата баба, пред 5 дена. Отидовме на погреб и имаше и постари лица, но никој ништо не ни спомна да каже дека нешто не треба да се прави.
Мајка ми стигна на погреб и веднаш почна да кажува како не требало да фрламе земја, не требало да одиме на парастас бидејќи сме биле "пресни" и до година дена ништо такво не требало да се прави (така и кажале постари).
Прашав поп за ова, ми рече дека немало врска. Други луѓе ми кажаа дека се додека не си регистриран или венчан во црква, нема врска ова. Дури и не бев крстен до пред една недела, ако тоа нешто значи.
Моментално мајка ми е налутена бидејќи вереницата моја отиде на 3 дневен помен на баба и која што ја растеше 11 години и мајка ми 24/7 само се подава нешто и врти муабет.
29 години сум, ги сакам родителите, сакам потомство да дочекаат, ама со ваквото однесување, не знам што ќе биде.

Може ли некој ве молам да ме упати каде грешиме? Благодарам.
Не барај совет од секого, особено не од “рекла-кажала„, од комшиите или од било кој кој не е упатен во православната вера. Дури ни од родителите не барај мислења за нешта за кои немаат абер.

Обрати се до свештенството во твојата најблиска црква и побарај од нив совет, за да дознаеш како се навистина поставени рабоќето и во животот и во смртта.
 
Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
75
Фала екипо. Ете она повеќе од попови знае, и да го дискутираме ова поручек со неа, пак ќе биде по нејзино и пак ќе испадне дека луѓето појма немаат и дека она е во право :)
 
Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
75
Сагата продолжува. Половина месец подоцна, мајка ми стои на истото, поготово дека сретнала уште неколку луѓе што и го кажале истото, дека не треба да се мрда на гробишта до година дена после веридба.
Секој ден е истиот муабет, раат нема дома реално. Не можеш да и докажеш спротивно бидејќи „јас сум во право, како ќе кажам секогаш така испаѓа на крај“.
Од помен храна не се носела дома, дар не се носел дома, требало тоа сместа да се фрли, се зацрнувала фамилијата.

Денешните попови биле ку*варишта и не знаеле ништо.

Чаре луѓе? Побудалев веќе, не можам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.139
Поени од реакции
12.123
Веќе доби одговор за ова. Да не прашуваш по форумов, ами во црква ако сте верници.
Насила секако не може поп дома да и донесеш за да разговара со нејзе...
Може и да го натепа. Посилни се народските адети, како прави народот.

Не барај совет од секого, особено не од “рекла-кажала„, од комшиите или од било кој кој не е упатен во православната вера. Дури ни од родителите не барај мислења за нешта за кои немаат абер.

Обрати се до свештенството во твојата најблиска црква и побарај од нив совет, за да дознаеш како се навистина поставени рабоќето и во животот и во смртта.
 
Член од
7 февруари 2013
Мислења
128
Поени од реакции
75
Веќе доби одговор за ова. Да не прашуваш по форумов, ами во црква ако сте верници.
Насила секако не може поп дома да и донесеш за да разговара со нејзе...
Може и да го натепа. Посилни се народските адети, како прави народот.
Бев во црква, прашав. Прашав и уште неколку луѓе кои живеат блиску до црква и отишле да прашаат за мене. Им кажале дека нема врска тоа со тоа.
Ама ете, комшиите и народот по улица се поверодостојни него свештените лица.

Многу е лошо кога некој нешто ќе си зацрта во глава дека е така и не можеш да го убедиш поинаку.
Проблемот е што ни барам совет, ни прашувам. Се симнувам на долен спрат и почнуваат глупостите. Не можеш 2 минути на раат да си поседиш.

Во моите 30 години не очекував дека вакви работи ќе бидат проблем во фамилијата и (недај боже) ќе ја растурат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom