Кога он ти збори за левица против десница тука судирот ќе биде на база на економски прашања, не на национални прашања. И со фондот на левичари кои ги има Македонија од истиот период нема потреба да се споменува ниту Сталин, ниту Ленин, ниту некој друг. Таквите дискусии се за внатре во партијата.
Али јас не би рекол воопшто дека е мал бројот на луѓе во Македонија кои се за имање на План за разивање на Македонската економија, ниту пак дека државата треба повторно да превземе контрола врз стратешките сектори како енергетика, телекомуникации, банкарство, наменска индустрија, ископување и примарна обработка на суровини, итн ....