Фан Клуб: Вардар

Член од
7 август 2011
Мислења
4.922
Поени од реакции
14.864
Џабе ли земав слободен ден за во Маџари да се игра Нека се договорат некако со Работнички они да платат сега за стадионот па кога ќе се стабилизира Вардар да вратат.
До кога ќе се игра на таа нива? Ризикуваме повреди, теренот е прелош…
Верувајте никој не сака да игра во Маџари, меѓутоа условите за оваа утакмица се тие. Кога ќе излезе распоредот за третиот круг, ќе има објава од клубот каде ќе се играат натпреварите. Верувајте кога ќе (ако) се вратиме на градски, цел град ќе гори една недела однапред со најави и подготовка за големото враќање. Тоа мора да биде плански, во рамки на буџетот и најважно согласно координација со стручниот штаб. Видовте како си поминавме со Шкендија на квалитетен и широк терен. Не е целта да се вратиме на Градски, и некоја побрза и потехничка екипа да не раздрма 5-0 на огромниот терен. Дополнително тука е притисокот, на Маџари со 2000 луѓе можеш да направиш поголем притисок, него на Градски со 15 000. Не викам дека треба завек да се преселиме таму, туку дека треба точно и прецизно да се искалкулира што каде и кога. Мора да ги земеме предвид сите околности при вака важни одлуки.
 
Член од
28 јануари 2024
Мислења
41
Поени од реакции
172
На Вардар местото му е на градски стадион и тука нема збор, но мислам дека сегашнисот ростер на играчи, играјки цела сезона во маџари не знам дали би се снашол да игра на нашиот нај голем стадион.
 
Член од
2 февруари 2023
Мислења
122
Поени од реакции
688
Во однос на навивачки план и долгорочно Маџари е поголема катастрофа за самите нас од БЛ, Кале и Нерези заедно. Нема дете од Скопје да остане што ќе навива за Вардар. Ако заради притисок си останеме таму, утре ќе нема кој да го направи. Само последиците ќе ги осетиме покасно. Додека од реален аспект парите во клубот се толку, не болело нас или не тоа што не играме на градски. Уверен сум дека луѓето задолжени за водење даваат се од себе за доброто на Вардар. Да не грешам душа, со дел од овие луѓе сум поминувал ноќи работејки за групата и знам на кое ниво го сакаат клубот.
 
Последно уредено:
Член од
2 декември 2022
Мислења
247
Поени од реакции
584
Во однос на навивачки план и долгорочно Маџари е поголема катастрофа за самите нас од БЛ, Кале и Нерези заедно. Нема дете од Скопје да остане што ќе навива за Вардар. Ако заради притисок си останеме таму, утре ќе нема кој да го направи. Додека од реален аспект кој секако има предност е тоа да сезонава се прегура некако таму со приоритет опстанок.
Во Маџари зимаме бодови на градски ке се погубиме , нека се истера сезонава вака па следна нека биде бум !
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Во однос на навивачки план и долгорочно Маџари е поголема катастрофа за самите нас од БЛ, Кале и Нерези заедно. Нема дете од Скопје да остане што ќе навива за Вардар. Ако заради притисок си останеме таму, утре ќе нема кој да го направи. Додека од реален аспект кој секако има предност е тоа да сезонава се прегура некако таму со приоритет опстанок.
Па јас претпоставувам дека сите мислат на тоа само за сезонава, секако нема ваљда да се надеваме и следната сезона ќе ја тераме на притисок и на добра атмосфера и со тоа само да има резултати. А плус на вакви бројки што се вадат сега и целата активација на групата за овие години, гревота е да не играме на градски и да се навива од запад.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
280
Поени од реакции
1.480
Good old Гача, не може да издржи три натпревари без да направи круцијално пливање по кое примаме гол... Сега не очекува еден од најважните натпревари каде што мораме да победиме, далеку сме се уште од опстанок.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
6.440
Стигна инфо дека Вардар е одбиен од ПУИГ за да игра бесплатно на градски , иначе за изнајмување цената е 2.000 евра за еден натпревар што во моментов според буџетот е скапо ...

Има најави дека Комити ке одлучат барем еден натпревар да се одигра на градски во пролетниот дел , сите други натпревари Вардар ке ги игра во Маџари ..
 
Член од
23 април 2022
Мислења
399
Поени од реакции
1.989
Значи 35.000 евра годишно би коштало играњето на Градски. Груба математика е дека една утакмица со 15.000+ би ја решила таа ставка во буџетот
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
199
Поени од реакции
304
Vo nekoi normalni vreminja ne se golemi pari. Ali vo ovoj moment i vo ovaa situacija za Vardar se ogromni pari
 

Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
552
Поени од реакции
1.782
Болна реалност е дека клубот на долги стази МОРА да бара алтернатива за сопствен стадион.
Фактот што сметката е блокирана поради долг за натпревари на стадион кој го сметаме наш, е парадоксално само по себе.

Поволна локација за стадион од помали размери сигурно има и што побрзо се отпочне со реализација на сопствен стадион, макар и првично со една трибина, тоа побрзо ќе се реши уште едно круцијално прашање за иднината на клубот.

ФФМ начелно со сигурност ви тврдам дека од програмата ХетТрик ќе обезбеди ист тревник како овој на Градски, ама се друго е политичка игра што актуелнава власт воопшто не би излегла во пресрет.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
6.440
Во времето на Самсоненко имаше најави за изградба на нов стадион во општина Аердором со капацитет околу 10.000 седишта, имаше и слики како ке изгледа ама се случи нели промена на власта и ништо не бидна од тоа .
Веројатно ако останаше уште некоја година во Вардар ке се изградеше тој стадион ...
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
796
Поени од реакции
3.086
Во времето на Самсоненко имаше најави за изградба на нов стадион во општина Аердором со капацитет околу 10.000 седишта, имаше и слики како ке изгледа ама се случи нели промена на власта и ништо не бидна од тоа .
Веројатно ако останаше уште некоја година во Вардар ке се изградеше тој стадион ...
И што ако се изградеше, ќе му го земеа и тој стадион како што му го земаа помошното, јас уште не можам да се помирам со тоа, како можеше да се дозволи, единствено нешто што беше на Вардар.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
280
Поени од реакции
1.480
Проектот за нов стадион беше од 2015 година, прво за во Аеродром, а потоа во 2017 година истото се пишуваше и за во Карпош. Ако не се лажам, во тој период имаше и препирки околу тоа што проектот беше без една трибина позади головите, па се реагираше дека намерно е изоставена Западната... Дека власта тргна против Самсоненко очигледно беше, но далеку од тоа дека тие беа причината поради која не се изградил стадион. Од денешна гледна точка, подобро што не го изградија, ќе си имавме уште една секирација повеќе на овие милијарда што ги имаме досега. Ниту Бранко, ниту пак Заев ги поставија претходните фаци што го водеа клубот и што не закопаа за век и векова, а богами ниту пак истиве фаци потпишуваа договори со сомнителни странци и ги раскинуваа после еден месец на штета на клубот. Резултат од сето тоа = милионски долгови и ништо во своја сопственост.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.741
Поени од реакции
6.440
И што ако се изградеше, ќе му го земеа и тој стадион како што му го земаа помошното, јас уште не можам да се помирам со тоа, како можеше да се дозволи, единствено нешто што беше на Вардар.
Грешка си тука дека некој му го зел , помошното он сам си го присвои и си направија своја фудбалска школа академија Парк за мали дечиња ...

Самосненко во Вардар заврши со две страни позитивни и негативни , се памтат титулите секоја чест ама памтиме дека на крај не остави на цедило со долг од 3 милиони евра и без никакви терени во сопственост на Вардар ..
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
796
Поени од реакции
3.086
Грешка си тука дека некој му го зел , помошното он сам си го присвои и си направија своја фудбалска школа академија Парк за мали дечиња ...

Самосненко во Вардар заврши со две страни позитивни и негативни , се памтат титулите секоја чест ама памтиме дека на крај не остави на цедило со долг од 3 милиони евра и без никакви терени во сопственост на Вардар ..
Како бре така си го присвоил? А бе дадено му е по легален пат, се води на име на жена му.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom