Како што кажав, многу лесно луѓето претеруваат со очекувањата, после две утакмици во кои првата беше со екипа која туку што се состави, а вториот со екипа која е главен кандидат за отпаѓање.
Шкендија најмалку ни одговара од сите екипи, затоа што игра напаѓачки фудбал. Со дефанзивна тактика може ќе извадевме некое мртво нерешено, али реално беше да изгубиме. Не се споредувајте како поминуваат други екипи со нив. Една е мотивацијата на екипите кога играат против Вардар, друга е кога играат со останати клубови.
Добро е што Брегалница и Ѓорче загубија и веќе се знае дека ние ќе ја биеме битката со нив. Дуелот во среда е од клучно значење и огромен минус е што се игра во мртов работен ден...
Лошо е што Воска веќе ни бега и за жал ќе обезбедат опстанок, а на сметка на тоа три македонски екипи ќе се борат за која ќе се спаси делумно...
Вардар и требаше да оди на реми, секако никој објективен не очекуваше наша победа денес. Грешнаа беше идејата да се излезе со двајца напаѓачи, во ситуација кога реално немаш никаков импакт од нив во играта. Алтипармаковски е крајно време да се седне на клупа, Омерагиќ ќе мора да го толерираме ради татица и статусот на У-21 играч, иако дечкото е тотално безопасен и нема инстинкт на голгетер.
Околу мотивацијата се слагам, дури ми се чини дека кај нив беше на доста повисоко ниво. Дали поддршката од домашната публика и самото име Вардар делумно си го направија своето, останува да анализираат од стручниот штаб, но како кај нас да изостана мотив плус.
Воска ни бега 3 бода тачно, но далеку е тоа од недостижна предност. Има уште многу за игра бе луѓе, не се ни Тиквеш, Пандев и Работнички предалеку избегани.
П.С. Не можам да не го искоментирам судијата. Па онакво лигавење, к*ропушење кај домаќините, дури и во моменти на одлучен победник, е толку мизерно да не може да не' те иритира...