Борис не беше петта колона, он беше добродушен (читај Наивен) и затоа кога малце се опамети, маките му ги кажа на ...
(и тоа за каква "коинциденција" во чив двор)
Од друга страна и Русија е далеку од остварување на овие нејзини целни за сега. Во моментов делува дека Русија нема на терен во Украина доволно сила за некои силни офанзиви, освојување целосно бар на овие 4 области кои ги анексираа, во некој брз период, да речеме од неколку месеци, или другата опција би била дека не се решаваат за такви офанзиви, зошто би имале многу поголеми загуби од моменталниве. Така да во моментов се чини дека и едната и другата страна, бар како стојат работите во моментов, не би ја натерале другата на договор кој би се сметал за пораз или капитуалција.
Колега ти како да не ја пратиш војнава во детали... Не следиш во каква состојба се економиите и индустриите на противниците?
Притоа се разбира дека не зборувам за разурнатата утепана Украина. Зборувам за САД и нивните вазали, нивните економии и индустрии нема уште долго да го издржат ова темпо на војната.
И навистина некогаш кога ќе заврши оваа војна како што еднаш мора да заврши, тогаш се разбира дека ќе мора да има победник и поразен... Зарем тогаш ти ќе ситничариш „поени“ кој колку брзо ја добил војната? Или ќе се согласиш дека победата е најважното нешто што вреди да се брои? Пошто ова е војна на трошење. Не е војна на брзи маневри, и „блицкриг“ шеми. Ова е војна која ќе трае подолго, и војна во која ќе победи оној што е поспремен за ваков вид на војување... Од тој аспект ако не гледаш разлика меѓу завојуваните страни, тогаш јас немам повеќе што да кажам.
Поентата со Косово е што Косово си обезбеди добар грб, кој вредеше за Србија. А како што гледаме грбот на Украина не вреди толку многу за Русија. Епа јебига, лош избор и лоша одлука води до катастрофален резултат. Не е првпат во историјата да се случи, ниту пак нешто што ретко се случувало. Примери има со лопата да ги ринеш. Само пак ќе кажам, лево и десно не се ни осудувате да погледате, туку само право... Уствари не е право, само насоката во која што другите сакаат да гледате.
На туѓ грб нема долговечен профит, почесто на зијан иде. Така ни „грбот“ на Косово не е вечен, всушност му се гледа крајот... Епа тогаш ќе дојдат сметките за плаќање.
Види ако се водам по твоја логика, сега треба за Ал Каеда, ИСИС, Ердоганова Турција да навивам?
Немам никаков влог во војнава, навивајте си вие за Русија, и надевајте се дека САД ако се тргни од регионов дека ние ќе имаме подобра позиција од блварите, шиптaрите и грците како што се надеваш ти, ти реков можеби сум песимист па се извинувам тогаш од срце.
Је не сум во ниеден воен сојуз. Прави разлика помеѓу Македонија државата и народот, ама толку ти фаќа црпката. Државата не е наша, така да и да влезе у стратешки сојуз со Зимбабве не ми мења нешто многу. Ние како народ конкретно се најдовме против западот и ја изгубивме и војната и држава, или што би рекле на кајгана форум- нерешено со албански премиер у продужетци.
Жити се.
Тоа што живееш во држава членка во воен сојуз тебе те исклучува од последици?
Па знаеш ли ти дибек еден што те дели од украинската судбина да те киднапираат по улици за да те пратат на фронт и да гниеш по ровови каде ќе чекаш да те разнесе руска артилерија. Или дронови. Или нуклеарка? Буквално ништо. Само една одлука на газдите. Тие за кои навиваш... САД.
Тие ако/кога ќе одлучат, твоите политичари знаеш што кажат? Ќе прашаат „Колку високо“, и додека да трепнеш ќе дојдеш во ситуцација да размислуваш каде и како да бегаш за да не те соберат да бидеш топовско месо.
Пази а не си ни најглуп ни најнеук. А пак си билмез... Што останува за широката народна маса?
Знаеш што? Само просто надевање дека работите нема да дојдат до таму (каде се сега во Украина).
Класичен примерок како размислување еден просечен член на темава. Ние водевме војна што никако не можевме да ја добиеме. Милион ипол народ против Албанците, подржани од САД, кој во тоа време беа единствена супер сила и ебаваа мајка кај стигнат. А позади нас не застана апсолутно никој, 0, nada.
Украинците се 30-40 милиона народ, екстремно напалени и мотовирани, подржани се од најсилната економија и војска на планетата. Добиваат пари за пензии, ракети, дронови, интел, you name it. Ние добивме расипани бугарски тенкови. Ама ние сме можеле да победиме,а они не. Braindead.
Аман. Па ти као сметаш дека Пакс Американа со сите свои ресурси се фокусираше да ја покори Македонија.
Аман... Па они со сите свои ресурси се фокусираа да ја покорат Сирија. Не успеаа. Со сите свои ресурси се обидуваат да го покорат едно племе што се викаат Хути... Не успеваат.
Знаеш што е разликата? Помош и асистенција од некој кој има интерес и може да помогне. Не за да ти учини, туку затоа што има свој интерес за да го направи тоа.
Епа тогаш немавме. Немавме никој да помогне, па и мал напор од САД беше доволно за да не покори. Ама барем не ни се иселија 3/4 население, не ни изгина пола милион луѓе. Тука сме за следната шанса... Која може да дојде побрзо отколку што мислиме.
Украинците? Не баш, како што стојат работите толку е со нив. Тие што им се иселија не се враќаат. Тие што погинаа, не се враќаат. Тие што се инвалиди, тие се тука и другите треба да ги хранат и чуваат. Инфраструктурата е разурната. Индустријата е непостоечка. Имотите се во посед на Блекрок и останатата американска олигархиска шема... Да сјeбaни сме и ние и они, и сјeбaни сме од истите САД, но ако не можеш да направиш разлика, тогаш си и поглуп одошто те сметав.
Остај, уште и државник го прават. Можеби и херој. Пошто погина во неисправен владин авион, кој којзнае како беше одржуван... Нема врска што во негов мандат како држава примивме стотици илјади непријателско неблагодарно население кога потоа водеше војна против нас, и кое и ден денес работи против нас.
Поентата ми беше да ти доловам дека има 2 страни од парата, како за Украина така и за нас, вие тука ја гледате само Руската што е сосема валидна, ама не единствена за објективно да се дискутира па затоа си тера темава како што се тера.
Добро де, те сваќам постои објективно гледиште и постои навијачко гледиште. Но пак ќе ти кажам, како сакаш гледај ги работите, Украина го направи погрешниот избор. Еве и од Украинска страна да гледаме. Јас кога би бил Украинец (оној најхардкор националист) и кога би гледал без емоции ќе знаев дека Украина направила грешка која ќе ги кошта неспоредливо повеќе одколку што нас не кошта нашата грешка. Да не идеме во детали што и како тече војната, пошто се откажав од објаснување, слободно маркирај го постов и ќе збориме кога ќе заврши све ова.
И муабетот за рамковниот не беше насочен кон тебе дека ти си го поддржувал, читај ги мислењава на тупинофилската групација тука на темава, ќе видиш каков е ставот за Украина и за нивниот рамковен договор (иако за нашиот имаат различен став)
Токму рамковниот договор е причина за тоа што таа групација зема толкав замав. Ти објасни убаво војводата. Човековата природа е таква да бара обајснување за работите и затоа така го интерпретираат. И плус Македонците се калимеровци, бараат правда. А пошто ние неправдата ја осетивме на сопствен грб, тогаш автоматски знаеме каде е тука правдата. Така да на некој чуден начин, по некоја чудна логика, они се во право, само не секој знае точно да го артикулира тоа.
Украина е многу побитна од Косово или Македонија и не знам искрено како гледате од сегашна точка дека САД ќе ги клизнат, тие теории што си ги правите во глаите ваши дека Украина ќе се вратела во прегратките на мајчица Русија се wishful thinking ништо друго, барем во блиска иднина. Сум ти кажал, тие теории можат да се случат ако текот на војната беше различен и ако се скинеше глата на змијата со дополнитено "пивотирање" на САД на Западен Пацифик наместо губење време на небитни точки на судир во И.Европа (барем така ќе си се тешеа Американците). Сега за сега, само бајки се тоа, кога ќе се мени ова, ако се мени тагни ме ќе правиме муабет.
Прво и основно Украина е едно од трите најважни геостратешки точка на земјината топка. Зошто е тоа така искрено незнам, не сум стигнал до таа лекција. Можам само да претпоставам.
Второ, никој не вика дека Украина ќе се врати во прегратките на Русија, тој воз помина.
Трето, Русија не може да си дозволи непријателска Украина Источно од Дњепар и со излез на Црно Море. Од тука може и да се наслути исходот на војната. Ако не може да се врати во прегратките на Русија, едноставно ќе ја снема. Или ќе се редуцира.
Четврто, за Америка, ова не е од егзистенционално значење, туку opportunity, Америка и ако ги клизнат не добиваат многу помалце одколку ако одат all in, кај што ризикот е многу голем. Едноставно САД ја добива бабарога-та и стабилно производство и извоз на оружје претплатено за наредните 100 години. Пошто нели ако Украина се лизна ради проблемите со вооружувањето, тогаш ние треба да натрупаме доволно оружје да се браниме успешно од клетите Руси. Така да клизањето на Украина ќе го претворат во успешен бизнис, кој ќе ги извади од лајната во коишто се наоѓаат.
Така да сум Украинец, не би го палел кандилото на Американците.
За последниот пасус, тоа е резултат на недогледноста на Украинската надворешна политика и нивните елити, одлуките што ги носеле сега имаат последици какви што ги гледаме. За разлика од нас, имаат грб во војнава од светска сила, па ако се водиш по реал политик ќе видиш дека има смисла ова што го прават пошто имаат "сила", за разлика од нив, ние немавме и потпишавме капитулација.
Кога се мерат две сили што треба да ги одбереш околу твојата територија, ќе треба да пазиш која сила е пикната во ќоше. Тоа значи дека другата има повеќе шанси да се повлече. Треба да имаш визија. Од тој аспект, ние и немавме друг избор, одколку да го направевме тоа што го направивме. Еве види ја и Србија, они ја имаа Русија позади нив, ама Русија тогаш и Русија сега не може да се споредат, а и значењето на Украина и Србија за Русија исто така се магаре и музика. Така да, пак ќе кажам грбот на Украинците им вреди колку само да изгинат во поголем број, ништо повеќе. Тотална утка, тотално политичко слепило.
Дека сме прошле добро е пресмешно. Да како индивидуалци пројдовме добро, никој не изгина, ама ја изгубивме државата и најверојатно ќе отидеме во историјата како народ.
Ок валидна поента имаш и тука си во право, потпишавме капитулација и ја изгубивме државата. Но што ќе се случеше ако одбиевме да преговараме и ако продолжевме да тераме, не како што ни викаа, туку како што сакавме да тераме.
Имаше ли опција според тебе, да ја задржиме државата? Имаше ли можност да ја задржиме државата?
Од денешна гледна точка Русиве топ изиграа што не го чепкаат Зеленски и тие околу него и што им дозволуваат на западњаците да одат на екскурзии во Киев за да си го покажат вистинското лице.
Ако пред две години наративот беше дека Русија започнала "unprovoked war" за територија, денес скоро никој и да не верува во приказните на западот. Исто така има милион докази за нео-нацизмот во Украина, а богами и надвор од неа. Врвот беше кога цел канадски парламент заедно со Зеленски му оддаде почит на 90 годишен украински нацист со громогласен аплауз.
Отсега понатака што и да прават во Украина (освен геноцид како Израел) ќе имаат целосна поддршка од нивните партнери ширум светот. Уште четири области да анексираат нема да им замерат што и не беше баш случајот во 2022.
Западот ништо не направи во врска со Македонските прашања и цело време понижување, лажни ветувања и никаква иднина. Резултатот е очигледен, гледате и сами луѓе исфрустрирани и нормално навиваат за Русија, кога економската ситуација на државата ја доведоа до дно.. што очекувате да се среќни и да навиваат западот да победи?
Западот ништо не направи во врска со Македонските прашања и цело време понижување, лажни ветувања и никаква иднина. Резултатот е очигледен, гледате и сами луѓе исфрустрирани и нормално навиваат за Русија, кога економската ситуација на државата ја доведоа до дно.. што очекувате да се среќни и да навиваат западот да победи?
At the moment, Ukrainian formations have made another attempt at a massive strike on the Crimean peninsula to carry out strikes, both UAVs are used to destroy ground targets, and unmanned boats are used to attack ships of the Black Sea Fleet. Another goal is the Crimean Bridge.
Judging by the explosions in the vicinity of Feodosia, one of the targets could have been the patrol boat "Sergei Kotov", which was in that area. It is unknown whether there were hits or whether explosions occurred as a result of the destruction.
Само тие останаа изгледа... Ок, и жените, децата и старците. Кои патем сите ги регрутираат (и потоа ги погребуваат, барем тие малкумина што успеваат да ги соберат и вратат назад).
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.