Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.213
Прегледај го приврзокот 408543

...не му личи, со вакво пишување „куртони“ му се губи тежината на искажаното, а се покажува за несериозен политичар!
Да, ама па од друга страна го имаме кАнал5 и таквите кои и не разбираат поинаков речник од овој.
Тие единствено разбираат кога ќе им “удриш“ некоја воспитна.
Медиумите од пред многу години во Македонија станаа алатка на Калето+гувернерскиот совет (г-дине амбасадоре што ќе препорачате, наклон љубим дупе, па опет љубим дупе...) и крупниот капитал (тнр олигарси) не дека во светот е поинаку, ама кај нас имаат и доплнителна улога креирање на квислиншка свест, не е време да се расправа за нив, времето е заминато за нив, се перципираат како седма сила, што и се, но ја злоупотребуваат до неслутени граници.
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2023
Мислења
476
Поени од реакции
502
...аааа види како осудуваш, зш бе не почитуваш туѓо мислење, за политика треба знаење? политичариве све се со знаење, мислам ејјј напротив за политичар треба неемотивец, неморален и пожелно почесто глупо да се однесува!
За политика треба знаење, поготово за ти како граѓанин да разликуваш кој кога и како те манипулира, за да можеш да изградиш став кој што конструктивно би го бранел. Онака секогаш ќе завршиш на погрешната страна од Данинг Кругер кривата и ќе бидеш жртва на дезинформации.


Став од типот: Апасиев рече ќе го врати името и ќе го поништи Охридскиот договор е во рамките на лудилото и нема начин како логички да убедиш некој во истиот ниту пак да го бранеш конструктивно.


Во демократски систем, кај што народот бира на избори кој ќе ти ја репрезентира политичката моќ во наредниот мандат, доколку имаш значителен број на некомпетентен електорат, разумно е последицата да секогаш ти биде, политичката моќ во голема мера да се додели на популисти кои ќе те лажат, ќе крадат у позадина, ќе вработуваат партиски и нема да и мислат добро на државата, бидејќи популизам е најлесен пристап да напумпаш гласачко тело и затоа нашата политичка структура најчесто тој пристап го бира.

...тоа е само твое мислење, а тоа „легален“ со позадинска помош на нелегални поставени луѓе од странски служби.

..машинеријата работа, а богами и местенките, но те молам не го мешај чесниот македонски народ, барем поголемиот дел.
Можеме да си играме со поимот легален и нелегален колку ти одговара, бидејќи така си го пласираш ноншалантно, меѓутоа бројките зборат сами за себе, а тоа е дека 36 проценти од народот гласал ЗА Преспанскиот договор.

Бош муабет ти е тоа што го лабелираш народот што не гласал како "чесен македонски народ", рачунај дека грубо кажано ни Палчо не гласал за промена на името, ни сите полтрони од електоратот на ДПМНЕ, ни Латас не гласал, а ниту пак оние кои ја поддржуваа дпмне за време на бомбите па се свичнаа кон Левица потоа.

Знаеш, тоа не се чесни луѓе по дефиниција. Ако направиш една статистичка анализа, у редот на оние што не гласале, ќе најдеш повеќе нечесни луѓе отколку од оние што гласале.

Околу тоа што етнички го делиш гласачкото тело у старт, притоа игнорирајќи дека живеме у држава која е мултиетничка според сите легални и уставни дефиниции, а истовремено поддржуваш партија која името и е Левица е иронија сама по себе и кажува многу за тоа какви луѓе партијата Левица привлекува.

... а демек сдсм е партија со муда и исправена кичма и има добра политика и никогаш не биле притиснати од меѓународниот фактор :icon_lol:
Јас тоа не сум го кажал, ти си го заклучил погрешно.

За жал, ти, бидејќи си екстремен десничар, тешко можеш да признаеш друга политика која е прагматична и. зрела во зависност од околностите, па за тебе едина политика која ти одговара е муда, исправена кичма, и курчење пред меѓународниот фактор.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.770
На Левица гревовиве за кои разглабате навелико се пичкин дим у однос на вмровските гревови.

СДСМ е холм оф фејм, ол тајм грејт. Недостижни у тој спорт.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.877
Поени од реакции
6.704
Ја не ги разбирам луѓево, колку дила заедно направија сдс и ВМРО?

Еве пред некој ден си изгласаа закон заедно...

Левица се Левица, зашто да не прифатат помош од било која партија, па нели тоа било политика, нели Апасиев не го бивало пошо незнаел дилови да прави со други партии?

А сега па обратно, не го бива пошо праи дилови политички.

Ова е ако уопште е точно овој статусов на фејсбук.

И да е точно нема сигурно Апасиев да им возврати и да повика у втор круг да се гласа Стево, освен ако не добијат нешто од ВМРО па да ја подржат нивната мислам дека ќе повикаат секој да си гласа како сака.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
493
Поени од реакции
1.365
Гледам и овде на форумов и по медиумите опозицијата веќе почна мегусебна пресметка.Е па македонче чорба и наздравје бричење.
Автоматски споено мислење:

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.861
Ја не ги разбирам луѓево, колку дила заедно направија сдс и ВМРО?

Еве пред некој ден си изгласаа закон заедно...

Левица се Левица, зашто да не прифатат помош од било која партија, па нели тоа било политика, нели Апасиев не го бивало пошо незнаел дилови да прави со други партии?

А сега па обратно, не го бива пошо праи дилови политички.

Ова е ако уопште е точно овој статусов на фејсбук.

И да е точно нема сигурно Апасиев да им возврати и да повика у втор круг да се гласа Стево, освен ако не добијат нешто од ВМРО па да ја подржат нивната мислам дека ќе повикаат секој да си гласа како сака.
Ти се фати за најневажната сламка од целото мислење. Суштината на статусот е друга.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.877
Поени од реакции
6.704
Ти се фати за најневажната сламка од целото мислење. Суштината на статусот е друга.
А што е суштината, дека сакаат по секоја цена да ја растурат партијата?
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Ова сето е сајд-ефект од пивотот на Левица да прави ПР што ги таргетира неопределените, разочараните, на кои сигурно не им е дојдено до Карл Маркс и ганџа, веројатно функционален систем и некаков достоинствен живот.

Според подкастов со браќава лично имав 3 заклучоци:
1. Едниот буквално си кажа, шо сака нека се случува (со име, систем, држава..) само да има легализација на марихуана.
2. Напуштаат поради непотврдени сомнежи дека Апасиев/Левица е под некаква контрола (протести, знамето, бла бла бла).
3. Аферата околу донациите им била услуга кон некој бизнисмен кој бил рекетиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

И сега ако ги земеме 3-те најголеми „кутии“, и се друго ставиме во една Пандорина кутија го имаме следново:
1. СДСМ, непроменет слободарски дисфункционален систем.
2. ДПМНЕ, реставрација на рекет дисфункционален систем.
3. Левица, во најлош случај некоја вазалска кутија како горните две.

Да се разбереме, и мене ми е дегутантно како Апасиев, Левица, стигнала до тука и тоа што не си ја расчистиле работата кротко, малце помалку дегутантно политиката што ја водат, и нималку невкусно како изгледа Ванковска (што цело време го коментира @bijons, чист bias).

Првиот мотив и заклучок за поддршка е фактот дека Левица беше дел од Шарена по која можеше да се вдомат со СДСМ, и дека крволочно го напаѓаат ДПМНЕ, што не би имало смисла од толкав интензитет доколку се „во врска“.

Уште еден заклучок дека Левица се бори сама е фактот што Бранко Ристов кој е од самиот зародиш во партијата би обзнанил некаков договор порано, напротив, според постот, неговата оставка е заради тоа што го пишува во првата реченица, а дека неправедно е омаловажен преку Левица, тоа секој здраворазумен би го признал.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.861
А што е суштината, дека сакаат по секоја цена да ја растурат партијата?
Кој тоа сака да ја растури? Тие што Апасиев ги избрал и сега ги нарекува "џганот"? Или Савески, кој е еден од основачите на партијата?
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.595
Поени од реакции
3.854
Кој тоа сака да ја растури? Тие што Апасиев ги избрал и сега ги нарекува "џганот"? Или Савески, кој е еден од основачите на партијата?
И што има врска ако е од основачите ? Во новите партии сигурно има одредени ликови што се инфилтрираат од служби и слично со цел подоцна да прават бунтови и сл негативни работи за да ја растурат партијата. Ако не се лажам баш овој Здравко е од таа екипа што буткаше woke работи во партијата па затоа во 2016 програмата има глупости за лгбт, дозволување истополови бракови и сл.

Сега ги нема тие, партијата има ново и подобро раководство. Дали ќе ја оправдаат довербата ќе видиме ама во споредба со Дпмне и Сдс се многу почиста партија
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.861
Во новите партии сигурно има одредени ликови што се инфилтрираат од служби и слично со цел подоцна да прават бунтови и сл негативни работи за да ја растурат партијата. Ако не се лажам баш овој Здравко е од таа екипа што буткаше woke работи во партијата па затоа во 2016 програмата има глупости за лгбт, дозволување истополови бракови и сл.
In addition, the term left-wing has also been applied to a broad range of culturally liberal social movements, including the civil rights movement, feminist movement, LGBT rights movement, abortion-rights movements, multiculturalism, anti-war movement and environmental movement as well as a wide range of political parties.

Како се викаше партијава за која зборуваме?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom