Ќе ти пишам еден подолг пост, се надевам дека ќе го прочиташ. Немаат сите држави ист суверенитет, барем не во пракса. Ајде вака, замисли НАТО, теоретски сите држави се равноправни, и секоја има право да стави вето. Така е во теорија, во пракса дали мислиш дека Македонија може да стави вето на некоја одлука донесена од САД?
Така е и во меѓународната политика, иако сите земји теоретски се равноправни и имаат ист степен на суверенитет, во пракса не е така. De jure драстично се разликува од de facto. Кога живееш на граница на империја, сакал или не сакал, имаш ограничен суверенитет во однос на империјата. Мексико и Канада имаат ограничен суверенитет во однос на САД, Украјина и Белорусија имаат ограничен суверенитет во однос на Русија.
Што значи да имаш ограничен суверенитет? Најпросто значи дека ако донесеш некоја одлука која се коси со интересите на империјата со која граничиш, ќе добиеш по главата. САД имаат и официјална доктрина околу ова, се нарекува Монроова доктрина. Што всушност се случува во Украина? САД се обидува да и покаже на Русија дека таа не е империја, и дека и за неа важат ограничувањата за немоќните. Русите баш не се согласуваат со ова, а цехот го плаќа Украина. Украинцие не успеа да ја препознаат својата историска улога како држава со ограничен суверинитет во однос на Русија, односно помислија дека со помош на САД ќе и покажат на Русите дека можат да прават што сакаат. Резултатот е уништена Украина. Кој не ја препознава реалноста, секогаш ќе биде ишамаран од неа.