Со Шибенка првата, победа на мускули....
Петокот со Домжале, заслужена победа, незаслужено ќе беше да не победиме, тотално надигравме тим играчки поквалитетен од нас, многу имаме осцилации во играта, да се чуди дури чоек или играме предобро без грешка и можи секој да победиме како шо беше со МЗТ, па сега со Домжале или сме дупе и губиме 200 разлика од Работнички, Чаир и Еуроникел. Со Домжале, Костовски погоди доста клучни тројки, а мотм беше Мијо, страшна партија изигра, за после за со Сутјеска да е невидлив.
Тука рака на срце добро го насамаривме екс играчот Бернард каде дури беше топката во него цело време се бараше да шутира, а овај буквално ништо не погоди и играше со нервите на публиката и на крајот заврши со 0 поени
Со Сутјеска пораз кој носи вина Радуле и уште еднаш докажа дека е чист просек тренер, мечот се реши уште првите 5 минути каде Сутјеска ни напрај 14:0, пет минути да не дајш кош во кошарка....шта речи....?
Иако резултатски се вративме таму дури крајот на полувремето, ама не беше дозволиво оваа Сутјеска вака да не отвори...
На крај дури имавме и напад за победа, ама маестро Радуле реши последниот напад за победа да го решава американецот, кој претхо,аа со 3 од 3 ќе бевме 85% во плеј офот, вака на следниот турнир милум силум мора една победа да се напрај особено со директниот конкурент ББЛ.
На балонот Пелистер имаше многу симпатии од рандом публика, на сите утакмици речиси повеќе сакаа Пелистер да победи.
п.с. Друга работа, кога ќе губите не мора одма да бегате од публиката, не само за победи браво браво, ако вас ве болат поразите, мене и останатите други, 10 пати повеќе од вас не болат...
Нека се одморат до купот, со добра анализа на противниците и "битолско" судење да се надеваме на првата титула !