Јас ќе бидам искрен и транспарентен. Никогаш не сум ги гледал работите црно-бело, така нема и сега.
Се повеќе мислам дека нешто се случува во партијата и дека некој од надвор ја заштитува и за возврат мора да играат по нивни команди. Е сега, дали ова со забрана на знаме Кутлеш им е една таква наредба од надвор која ја прифатиле или чисто им доаѓа од скриените ставови на Апасиев (Дека Тито ни дал држава, дека немаме врска со античка Македонија и дека историјата ни почнува крај на 19ти век), тоа не сум сигурен, но кое и да е е еден голем минус и огромен чемер. Никако не можам да сфатам зошто народот не се поставува исто за присилна наметната промена на знаме како што се поставуваа за промена на име. Ќе рече некој ама тогаш моравме ембарго,вето, војни лоши времиња, сега не моравме, што е точно, ама баш тоа што толку сме биле присилени не е ли причина повеќе за револт. Уште повеќе ме боли кога структури ко армија гордо само тоа знаме го употребуваат (дури и на приватни настани), а никаде старото знаме со сонцето, со аргументот “ама браќата под ова знаеме загинаа во 2001“. Скроз сум убеден дека тие браќа да можеле да бираат тогаш 100% би го избрале знамето со Кутлеш да го носат на своите униформи, отколку вентилаторот. Така да не можам да останам рамнодушен ниту да ја сфатам нечијата рамнодушност кон тоа што Апасиев смирено им праќа меил на членството дека им забранува употреба на Кутлеш знамето, а единствените луѓе кои на протести вееле Кутлеш знаме и што гордо го поставиле на Фб профилте се избркани од партијата (не навлегувам дали е заслужено или не, јас многу добро знам како беа избркани правите левичари во партијата пред 7 години, што е потег без кој Левица немаше шанси да е ова што е денес, но е тотално неправеден кон 95% од тие луѓе).
Да се вратам на темава. И покрај се ова што кажав, сеуште сметам дека нема подобра опција на избори од Левица. Не можам да лажам некому дека би поддржал порадо соучесник и дежурен преќутувач на сите срања, само бидејќи е поброен, а некој што дигнал глас кога требало да го игнорирам. Тоа што го очекувам и барам во ситуацијата е јавно обраќање дека единствен услов за преговарање за влада е инстант поништување на преспанскиот договор, апсолутно ништо друго и дека тој услов ќе биде почитуван по цена на живот. Било кажано претходно во слични форми, нека биде во оваа форма пак кажано јавно секаде каде што е битно, без тактизирања, да знаат луѓето за што гласаат. И да, немам побитно прашање, и воопшто не ме афектираат муабетите од типот “скандали, онкологии, автобуси, запалени болници, корумпирано судство, купени дипломи, ти Филип за името си се фатил“, бидејќи знам дека се ова ќе си остане исто непроменето, бидејќи знам со кого живеам, и тоа не мислам јас само на една етничка група тука, се уверивме досега дека од нашите си патиме најмногу. Народот се чувствува како да живее под окупаија и дека има уште полоши услови од тие кои биле претставувани за најлоши и за кои биле водени сите наративи од типот “промена на име, но подобар живот, влез Еу, средена земја, високи плати, зеленила блабла“.