Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.476
Ке земеме мисица ке стаиме да не се брукаме пред светот
...зарем мисиците се убави! реков преставителни, а не карикатури.

Kolinda-Grabar-Kitarovic10.jpg

...претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ (46),
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.388
Поени од реакции
7.028
Одворив намерно тема на ВМРО-ДПМНЕ, да видам @bijons што све има критикувано како тука, од тоа како се облакале, што мислеле за егејците, за тоа дали се торјански коњ или не, општо за све што тука пишува, и види чудо, 10 страни излистав, неколку месеци уназад коментари, не налетав на ни еден коментар од нејзе. Е сега, се двоумам дали не знае дека има и за нив тема или е банирана од таа тема. Нивни бот не е сигурно, рече е неопределена.
Ајде @bijons дај некое мислење за ВМРО, што мислиш за Мицко и ВМРО, за нивната политика, делување, неделување, околу името, Бугарски договор, онкологија, попис, Касами и компанија, како се облекуваат? Не се срами, слободно одговори во оваа тема.

За Левица е лесно, немаат никаква голема база, пипци низ институции, така да ако не оправдаат доверба, у заборав ќе отидат уште на наредни избори.
 

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
Одворив намерно тема на ВМРО-ДПМНЕ, да видам @bijons што све има критикувано како тука, од тоа како се облакале, што мислеле за егејците, за тоа дали се торјански коњ или не, општо за све што тука пишува, и види чудо, 10 страни излистав, неколку месеци уназад коментари, не налетав на ни еден коментар од нејзе. Е сега, се двоумам дали не знае дека има и за нив тема или е банирана од таа тема. Нивни бот не е сигурно, рече е неопределена.
Ајде @bijons дај некое мислење за ВМРО, што мислиш за Мицко и ВМРО, за нивната политика, делување, неделување, околу името, Бугарски договор, онкологија, попис, Касами и компанија, како се облекуваат? Не се срами, слободно одговори во оваа тема.

За Левица е лесно, немаат никаква голема база, пипци низ институции, така да ако не оправдаат доверба, у заборав ќе отидат уште на наредни избори.
Не е на арно цело време Левица што се замара со ВМРО . И ВМРО што се замара со Левица. Ќе си искористат СДС со сите Албанци…
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.135
Поени од реакции
13.261
Јас ќе бидам искрен и транспарентен. Никогаш не сум ги гледал работите црно-бело, така нема и сега.

Се повеќе мислам дека нешто се случува во партијата и дека некој од надвор ја заштитува и за возврат мора да играат по нивни команди. Е сега, дали ова со забрана на знаме Кутлеш им е една таква наредба од надвор која ја прифатиле или чисто им доаѓа од скриените ставови на Апасиев (Дека Тито ни дал држава, дека немаме врска со античка Македонија и дека историјата ни почнува крај на 19ти век), тоа не сум сигурен, но кое и да е е еден голем минус и огромен чемер. Никако не можам да сфатам зошто народот не се поставува исто за присилна наметната промена на знаме како што се поставуваа за промена на име. Ќе рече некој ама тогаш моравме ембарго,вето, војни лоши времиња, сега не моравме, што е точно, ама баш тоа што толку сме биле присилени не е ли причина повеќе за револт. Уште повеќе ме боли кога структури ко армија гордо само тоа знаме го употребуваат (дури и на приватни настани), а никаде старото знаме со сонцето, со аргументот “ама браќата под ова знаеме загинаа во 2001“. Скроз сум убеден дека тие браќа да можеле да бираат тогаш 100% би го избрале знамето со Кутлеш да го носат на своите униформи, отколку вентилаторот. Така да не можам да останам рамнодушен ниту да ја сфатам нечијата рамнодушност кон тоа што Апасиев смирено им праќа меил на членството дека им забранува употреба на Кутлеш знамето, а единствените луѓе кои на протести вееле Кутлеш знаме и што гордо го поставиле на Фб профилте се избркани од партијата (не навлегувам дали е заслужено или не, јас многу добро знам како беа избркани правите левичари во партијата пред 7 години, што е потег без кој Левица немаше шанси да е ова што е денес, но е тотално неправеден кон 95% од тие луѓе).

Да се вратам на темава. И покрај се ова што кажав, сеуште сметам дека нема подобра опција на избори од Левица. Не можам да лажам некому дека би поддржал порадо соучесник и дежурен преќутувач на сите срања, само бидејќи е поброен, а некој што дигнал глас кога требало да го игнорирам. Тоа што го очекувам и барам во ситуацијата е јавно обраќање дека единствен услов за преговарање за влада е инстант поништување на преспанскиот договор, апсолутно ништо друго и дека тој услов ќе биде почитуван по цена на живот. Било кажано претходно во слични форми, нека биде во оваа форма пак кажано јавно секаде каде што е битно, без тактизирања, да знаат луѓето за што гласаат. И да, немам побитно прашање, и воопшто не ме афектираат муабетите од типот “скандали, онкологии, автобуси, запалени болници, корумпирано судство, купени дипломи, ти Филип за името си се фатил“, бидејќи знам дека се ова ќе си остане исто непроменето, бидејќи знам со кого живеам, и тоа не мислам јас само на една етничка група тука, се уверивме досега дека од нашите си патиме најмногу. Народот се чувствува како да живее под окупаија и дека има уште полоши услови од тие кои биле претставувани за најлоши и за кои биле водени сите наративи од типот “промена на име, но подобар живот, влез Еу, средена земја, високи плати, зеленила блабла“.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Финтава е што моментот кога ќе навлезат разни комуњари во партијата кои во 90тите фатиле јаки позиции и направиле кариера партијата сама по себе ќе смени правец. Апасиев самиот викаше дека ќе тера со кадри кои му се проверени и се создадени во партијата, канидадот е баш еден лош пример, верувам дека и подолгиот период на собирање за потписи доаѓа баш поради тоа. Партијата ако сака да остане на народот треба длабоко да се дистанцира од одреден вид на луѓе ама они баш такви сака преседатели да ги прави, тука почнува главниот сомнеж дека ќе биде истата приказна од '45.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.855
Поени од реакции
10.818
Финтава е што моментот кога ќе навлезат разни комуњари во партијата кои во 90тите фатиле јаки позиции и направиле кариера партијата сама по себе ќе смени правец. Апасиев самиот викаше дека ќе тера со кадри кои му се проверени и се создадени во партијата, канидадот е баш еден лош пример, верувам дека и подолгиот период на собирање за потписи доаѓа баш поради тоа. Партијата ако сака да остане на народот треба длабоко да се дистанцира од одреден вид на луѓе ама они баш такви сака преседатели да ги прави, тука почнува главниот сомнеж дека ќе биде истата прилазна од '45.
Попрво би им се потпишал ако го кандидираа Господин Господин што знае да меша малтер, и е чесен граѓанин и работник… отколку оваа рециклиранава професорица!
Страшна грешка направија.
Ај Перо Камиказа беше од забавен карактер, и се знаеше дека е тука за да бустне популарност. Да узбурка тиња.. Ама дури и таков, тој имаше повеќе кредибилитет од оваа Ванковска!
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
2.491
Поени од реакции
4.247
...напротив сакам да изгледа преставително, тоа не е оцрнување кога се кажува вистината, ај погледај ги сликте во спојлер и биди и искрен личи за Претседател на Македонија со тоа сандалите?
Koga ke stane pretsedatel, togas ke izgleda pretstavitelno... Ti pred da stanes doktorka se setase u bela mantija??
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Попрво би им се потпишал ако го кандидираа Господин Господин што знае да меша малтер, и е чесен граѓанин и работник… отколку оваа рециклиранава професорица!
Страшна грешка направија.
Ај Перо Камиказа беше од забавен карактер, и се знаеше дека е тука за да бустне популарност. Да узбурка тиња.. Ама дури и таков, тој имаше повеќе кредибилитет од оваа Ванковска!
За Перо Камиказа мислам дека немал ниедна црна дамка човекот, женава буквално ја памтам по јадењето гомна за дочекот на Тарчуловски. Јас искрено мислев дека ќе извадат некој народен човек, нормално не некој од малтер што пред кооперација Солун го враќа, ама човек без оноа антимакедонско минато и човек кој пред се држи до македонштината, а најмалку некој кој ќе му смета што се организира дочек за Јохан.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.855
Поени од реакции
10.818
Мене ме интересира, еве како некој што не е член, што сака трета македонска неизвалкана опција…
Што мислат членовите на Левица?! Оние кои стварно веруваат и се борат за таа кауза.
Дали ние тука си правиме ехо-комора со незадоволството од нивниот кандидат?!
Или можеби е навистина широко распространето тоа незадоволство и во нивните редови?

Јер нешто, ама нешто многу не ми се уклапа со она што го зборува и за што се залага Апасиев… со тоа што го прават во пракса! Еве примерице гускава од кандидат!
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.110
Поени од реакции
3.862
Можеби непопуларно мислење тука, ама мислам дека Ванковска е баш топ кандидат за претседател. А по неа Силјановска, која мислам е исто добар кандидат. Другите кандидати се катастрофа, почнувајќи од оној љубави, па оној дебилот Османи, па Стевчо забеганиот, до Максим и Таравари.
Луѓето веројатно и замеруваат дека таа не ќути на никого и ставовите нејзини си биле константни со години - кој ја читал редовно, знае. Жената се разбира од геополитика, па оттука мислам дека е баш погоден кандидат за претседател. Да биде министер за внатрешни, земјоделие или за здравство, сигурно дека нема да е асален кандидат. Топ е што обезбеди место (и фали уште некој потпис) за на дебатите, а мислам дека таму нема никој да и биде рамен. Тука таа ќе си ги покаже квалитетите и каже тоа што голем дел од македонската популација сакаат да слушнат. Не очекувам дека би победила и мислам дека е и самата свесна за тоа, ама па ќе биде слушната и сигурно дека од дно подолу ќе ги направи и Пендаровски и Османи и на ним слични. Ќе беше интересно и Најчевска да биде кандидат, чисто за сеир. :icon_lol:
Очекувам на крај дека Силјановска ќе победи.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.855
Поени од реакции
10.818
Жената се разбира од геополитика, па оттука мислам дека е баш погоден кандидат за претседател.
Друже, ја мислам дека Мирка Велиновска се разбира од геополитика! За оваа гускава е професор доктор по меѓународни односи.
Па тоа не ја прави идеален кандидат за претседател !

И не дека е јако тешко да ги дриблаш на дебати: Црево, Гога Бајден, Максо предавникот на името и идентитетот, или тоа косоварите!
И баба тоа може :rolleyes:

Даааалеку е таа од добар канидат, а камоли претседник.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.073
Поени од реакции
7.742
Kako shto kazha Siljanovska, Ako pobedi ce i ponudi mesto na Vankovska za so zaednicki sili da ja iscistat kalta ljockovska i severdjanska.
I mislam deka ce bidat Tandem za pamtenje. I dvete imaat pokazhano deka imaat muda i tamu kade shto mnogu patlaci provisnale.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.027
Kako shto kazha Siljanovska, Ako pobedi ce i ponudi mesto na Vankovska za so zaednicki sili da ja iscistat kalta ljockovska i severdjanska.
I mislam deka ce bidat Tandem za pamtenje. I dvete imaat pokazhano deka imaat muda i tamu kade shto mnogu patlaci provisnale.
Ако вакви две личности кои и дишат комуњарски треба да не спасуваат, подобро метеор да не погоди уште сега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom