Premier League - 2023/2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Ова е разликата меѓу Тен Хаг и класа тренер. Клоп да игра со 10 инвалиди, пак ќе го спреми тимот да се бори до сам крај.

Ќе им биде многу многу тешко на Ливерпул да го заменат. Лош потег како Јунајтед и може да ги чини многу во наредните неколку години.

Има разлика и што младинците што влегоа, има квалитет во нив. Види го овој Бредли. Десен бек, принудно преместен на десен средњак, никаков проблем.

Каков мелтдаун на Челси. Уште неколку години нема да можат менталитет да наметнат.
 
Епа на толку шанси неискористени ги стигна казна на крајот.
 
Срамно е воопшто да се дискутира мечов, на толку пари потрошени да едвај парираат на втор тим на Ливерпул е едноставно срамно. Без никаква дискусија тука што и како, едноставно срамно и бедно ама така е кога американци мислат дека се најпаметни и играат moneyball во фудбал.
 
Ливерпул со деца ги тепаше претплатениве ѕвезди на Челзи, слободно нека се самораспуштат синиве... :toe:
 
Најсмешно ми е што SRATM исчезна од форумот веднаш по потопот на Челзи. Ке се врати за некоја година кога ке се борат за 4то место.
Тогаш за Њукасл ќе навиват
 
Ливерпул со деца ги тепаше претплатениве ѕвезди на Челзи, слободно нека се самораспуштат синиве... :toe:

Не е одбрана или нешто, Челзи сами се победија и сами си ги промашија шансите.

И ова дека со деца, во ниеден момент не е точно, ама тоа е кога ги слушате Гери Невил и Карагер само во животот:

1709103748877.png

Изгубија и тоа е тоа, само наративот ви е површен и непроверен.
 
Не е одбрана или нешто, Челзи сами се победија и сами си ги промашија шансите.

И ова дека со деца, во ниеден момент не е точно, ама тоа е кога ги слушате Гери Невил и Карагер само во животот:

Прегледај го приврзокот 407951

Изгубија и тоа е тоа, само наративот ви е површен и непроверен.

Друже, децата што влегоа кај Ливерпул се играчи кои сите заедно немаат 10 натпревари за Ливерпул, и се од академија.
Од друга страна ги имаш децата Каиседо, Енцо, Палмер и Мудрик, кои заедно коштаат 350+ милиони.

Челзи се избламира за сите пари, Ливерпул беше без пола од регуларните стартери.
 
Тоа е друго. Наративот беше дека децата на Ливерпул победија против Челзи за на крај да излезе дека ливерпул има 2 години постар состав.

И не е дека Челзи нема повредени. Џејмс, Силва, Фофана и Лавија се прв состав и ги нема, а и најдобриот играч Нкунку се врати од 100 години повреда пред 3 дена. Исто Бадиашил, Кукурела, Чукуемека се повредени и се дел од првиот тим. Така да и Челзи имаше крпен состав, па никој не кажа ништо за тоа.

Пред да почне натпреварот сите типуваа дека ќе не изгази Ливерпул за на крај да излезе дека Челзи сами си ги испуштија шансите и лесно можеше уште во регуларниот дел да биде со 2+ разлика, па сега по натпреварот, Ливерпул биле херои, млад состав, а у.

Ок е, знаеме како кинеше Челзи па сега ред е да се ситите на бантер ерата.

Ама тука сме, ќе се видиме пак, има време и Челзи ќе излезе со состав од ~24години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom