Блам држава

Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
40.993
Сигурен сум дека некоја сцена од Македонски народни приказни се има снимано пред вратава. Ја замислувам Шенка Колозова како стои тука со скрстени раце и мафта со главата лево десно во неверување дека го нема чорбаџијата да се врати дома од меана. (маж и Ѓорги)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.706
Поени од реакции
37.689
+ шошонот што е обвинет за ова и неговата секретарка се во бегство. Никој незнае кај се :kafence: Само тој македонецот е фатен и разрешен од функција.
...сите тие се ситна риба и побегнале зошто мора нели да има кривец и осуденици, законот вели и ако работодавачот го тера работникот да направи нешто, а тоа би било прстап, а работникот е свесен, ама нели директор наредува, тој треба да побара написмено од Директорот тоа што бара и со тоа се ослободува од одговорноста доколку се докаже кривично дело околу таа ситуација на Директорот.

... инаку главните кривци кои никој не ги спомнува, се во царина кои ги „пуштале“ цариниле биолошките лекови, прашање дали воопшто некој ги видел во таа количина за што се работи или фиктивно потпис за влез во државата, потоа Малмед која како агенција под ингиренции на Владата е одговорна за лековите кои влегуваат во државата (ако воопшто влегле), па потоа ФЗОСРМ како тоа им давале средства на Онколошката клиника за дадена биолошка терапија на пациентите чии лекови биле цела година на реверс, ниту имало компјутерски влез ниту излез, а најмалку КАТО програма за евиденција, нели?

...прашање, како тоа се рагистрирале здравствените услуги на давање на билошки лекови кај пациентите кои биолошки лекови не фигурираат оти се набавени на „жими мајка“ т.е. на реверс што со закон е забрането, ако нема спроведен тендер и донесена барем Одлука кој го добил тендерот за тие биолошки лекови....па потоа да дебатираме на крај за таа ситна риба која поради овие поголеми злоупотреби со високи износи на главните кривци и тие ситна риба нешто да џапнат уз овие големите играчи со здравјето на пациентите кои дебело профитирале!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.655
Поени од реакции
16.864
сега гледам на Телма Гомнарот заговара Легализација на Рударење Крипто валути, А НЕ Е РЕШЕНО (НЕ)Плаќањето на СТРУЈА !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
40.993

Дај да му помогнеме на Бугар Османи луѓе, некоја кутија за донации, телефонски броеви за донации нешто да направиме да не го оставаме вака човекот од плата да живее, греота е.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.923
Поени од реакции
17.907

Дај да му помогнеме на Бугар Османи луѓе, некоја кутија за донации, телефонски броеви за донации нешто да направиме да не го оставаме вака човекот од плата да живее, греота е.
Кутриот тој едвај крај со крај составувал во услови кога има шофер и уште милион бенефиции. Едвај составува крај со крај и бидејќи жена му во АЕК работи за кикирики, а можда и позајмува од сестра му која е во МНАВ. Овој попатетичен од вучиќ излезе, да си ебе векот.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
40.993
Кутриот тој едвај крај со крај составувал во услови кога има шофер и уште милион бенефиции. Едвај составува крај со крај и бидејќи жена му во АЕК работи за кикирики, а можда и позајмува од сестра му која е во МНАВ. Овој попатетичен од вучиќ излезе, да си ебе векот.
Ама и оние од ДУИ се за еден стап, го оставиле човекот само од плата да живее, наместо да му отворат една фирмичка, па едно тендерче, па друго, малку и он да живне, вака греота живее како секој друг човек во Македонија, крпи крај со крај.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.706
Поени од реакции
37.689
Ама и оние од ДУИ се за еден стап, го оставиле човекот само од плата да живее, наместо да му отворат една фирмичка, па едно тендерче, па друго, малку и он да живне, вака греота живее како секој друг човек во Македонија, крпи крај со крај.
...има тој „резерви“ направени кога не се знаеше кој јаде и кој пие во здравството за време на пандемија, да не се повториме со набавки на респиратори, па антиковид вакцини, милионски суми на сомнителни донации, а тој тоа време бил постојан член на Владиниот кризен штаб за справување со КОВИД-19, а во првата половина од 2020 година, бил назначен за Главен координатор на локалните кризни штабови и Кризниот штаб на Градот Скопје,
....ехее хееее и дополнително работното место како специјалист хирург во Универзитетска Клиника за Дигестивна хирургија во Скопје му е во мирување, додека се занесува со политичка кариера, а кој му знае може и тоа како општ доктор паралелно си работи некаде по провинција го гледа ли некој, на таквите никогаш доста!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.714
Поени од реакции
25.135
Кутриот тој едвај крај со крај составувал во услови кога има шофер и уште милион бенефиции. Едвај составува крај со крај и бидејќи жена му во АЕК работи за кикирики, а можда и позајмува од сестра му која е во МНАВ. Овој попатетичен од вучиќ излезе, да си ебе векот.
jas vikam najbolje da si se vraboti kako doktor ili so i da bese i da emigrira u njemacka. em pari ke vidi em demokratija em anti ruska drzava.

vaka apla nesposoben ispadna... vnuk mu na alji na 26 god em petardi sverca em trgovski si kupi. sva sreka na ovoj toa AUDIto sto mu go pozajmil nekoj da vozi pa da krpi kraj so kraj inace so autobus ke idese na rabota... steta sto mu go zapalija, valjda ke mu dadat novo, eve ne mora AUDI slednoto Mercedes moze da e, onoj grujo so go kupi za zhabe li ke sedi u garaza...
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.742
Поени од реакции
4.207
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.706
Поени од реакции
37.689
zaev-zabrcanec.jpg

ПРОТЕСТИ СО ЛОГИЧКИ ГРЕШКИ

Marjan Zabrcanec

„Дечки, вие од вчера и вие од денес. Кој ве прати на протести? Кажете им на тие што ве пратија да си ги пратат сопствените синови и ќерки со фантомки на глава да кршат по улици, да се тепаат со полиција и да бараат смрт за, како што велите ,“каурите” и “Албанците”. Кажете им на тие што ве пратија подобро да ви објаснат кому и со какви пораки се обраќате.

Ви се протестира ради реда, ви фали агресија или имате конкретна цел?

Ако ви се протестира ради реда најдете друг повод и барајте нешто што е достижно, нешто што е конкретно и нешто за што секој ќе ве разбере. Еве на пример протестирајте против лошите услови во кои работат рударите и другите работници. Протестирајте да се зголеми нивната заштита, за да не гинат на работно место. Протестирајте за живот, зошто утре може и вашиот татко-работник да се лизне и да падне од необезбеден објект.

Ако ви се протестира за да се ослободите од акумулираната агресија, одете на утакмица, извикајте се, запишете се на кик бокс, изиграјте еден Counter Strike, исцепете 2 кубици дрва.

вметнат текст (да се потсетиме):
(фрлачот на кондоми со боја)
затворен вметнат текст“

Но, ако имате конкретна цел и ако протестирате за или против одредена појава или промена, седнете, размислете и запрашајте се дали со вакви протести може да ги остварите вашите цели. А, кои се вашите цели, кои се вашите пораки? И во чие име ги упатувате?

Вие, првите, велите дека протестирате против монтираните процеси во случајот “Монструм”.

Чекај, знаете нешто што не знаеме ние? “Монструм” е монтиран случај? Ако е така, дајте просветлете не, извадете докази и објаснете ни ја на сите монтажата, полесно ќе спиеме и ќе знаеме кој си игра со државава. А кому се обраќате за да спречите монтирани случаи? На Владата, на ДУИ, на Судот? Повторно, ако имате информации дека Владата, ДУИ и Судот го измонтирале случајот, излезете јавно со лице, име и презиме и приложете докази. Во исто време потенцирате дека Албанците и Муслиманите во Македонија не се радикални исламисти. И јас мислам така, но она што го правите на терен не ви оди во прилог на оваа ваша порака. Со кршење стакла на јавен простор и фрлање камења врз полиција прикажувате баш спротивна слика.

Вие, вторите, велите дека протестирате против радикалниот ислам. Претпоставувам дека радикалниот ислам го поврзувате со 5-кратното убиство од случајот “Монструм” и со изјавите на Јанкуловска дека извршителите се радикални исламисти. Дури и да е така, а не знаеме додека не одлучи судот, објаснете како со овие протести вие ќе се изборите против радикалниот ислам. Сте се собрале пред Влада со фантомки на глава, напаѓате полицајци и новинари, а во исто време се борите против радикализам. Изборете се прво против сопствениот радикализам.

Целосно нелогично е што најчесто слушнатите пораки на двата протести се “смрт за Каури” и “смрт за Албанци”.
Смртта ли ќе ве донесе до целта? Дали кога извикувате смртни пораки алудирате на етнички чистења?

Мислите ли дека некој ќе се осмели во 21 век во Македонија да врши етнички чистења и мислите ли дека НАТО коалицијата ќе седи мирна и ќе не гледа како се убиваме? Не, во Македонија не е можно масовно усмртување по етничка и верска основа и овие пораки се целосно надвор од контектстот во кој ги организирате протестите. Последниот обид за етничко чистење на овие простори го имаше Милошевиќ, а сите знаеме како заврши неговата приказна. И немојте со смртни пораки да се обидувате да покажете дека не сте радикални и дека се борите против радикализмот.
Замислете што ќе се случеше ако на протестите против полициска бруталност толпата која минатото лето секојдневно беше на улица демонстрираше насилство врз полицијата. Можеш ли да се бориш против полициска бруталност, а во исто време ти лично да применуваш бруталност? Тоа е исто како да сакаш да спасиш некого од крадец со десната рака, а во исто време да го украдеш новчаникот од жртвата со левата рака.
вметнат текст:
„(да се потсетиме)
zabrcane.jpg images.png
imagesдд.png imagesкк.png
ExCMI0ZWgAEhVxQ.jpg zabrcanecвв.jpg
затворен вметнат цитат!

Конечно, од каде ви дојде напливот на агресија врз новинарите? Па ако имате цел и ако сакате некому да се обратите (а гледам дека се обраќате на Владата, политичарите, судовите), медиумите се првите кои ќе ви помогнат вашите пораки да стигнат до сите граѓани и сите институции. Медиумите се вашите гласноговорници, а вие ги тепате. Каков е тој протест за кој не треба да известуваат медиумите? И каков е тој протест кој е против радикализам или сака да покаже дека во Македонија нема радикализам, а во исто време демонстрира радикално и насилно однесување кон медиумие.

Многу прашања, многу заблуди, многу логички грешки. И за се ова не сте виновни вие кои излеговте на протести, туку оние кои ги организираа протестите, а немаа доблест ни да ги најават ни да излезат јавно како организатори. Ако организаторите мислат дека со протестиве ќе се поистоветат сите христијани и сите муслимани во државава и дека овде народ од една вероисповест ќе војува против народ од друга вероисповест ,направиле грешка во чекори. И Македонците и Албанците од Македонија знаат дека тука ќе се живее живот, без разлика дали ќе биде соживот или живот на едните покрај другите. Дури и некој да одлучи поинаку, САД и ЕУ нема да дозволат крв до колена.“

:facepalm:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom