ВИКЕНД РЕЗИМЕ!
ПМФЛ/ВМФЛ
Комити Запад | ФК Вардар - ФК Брегалница (25.02.2024)
МОБИЛИЗАЦИЈА
Герила акции, видеа и цртање на графити во текот на цела недела. Многу нови млади екипи самоорганизирани, но и минус за некои подгрупи кои не се ангажираа. Се на се, одлична мобилизација, континуирана!
БРОЈКА
Бројката во копот одлична, стадионот речиси полн. Десетина блокови полни со Комити, што е преголем успех. Фалеше уште многу малце за полн стадион, иако во копот крцаше, така да горе доле мисијата за полн стадион беше исполнета. Само ќе треба сево ова да се одржи!
КОРЕОГРАФИЈА
Кореото беше составено од транспарент на ограда, на кој вистински шалови го оформуваа зборот ,,Копнеж", збор кој многу добро ја опишува борбата и емоцијата кон клубот. Пропратен дел беа 20 шалови од по 3м, нацртани на платно, кои не дојдоа толку до израз поради далеку поголемиот број на луѓе од ,,предвиденото", додека пак сето тоа беше проследено со пиротехника - стробови.
Тоа што е за пофалба е дека речиси секој член на трибината дојде со шал. Тоа е важен сегмент затоа што збори за однос на член кон групата. Порано ќе беше ,,А бе каков шал, не ме заебавај" додека пак сега сликата беше сосем различна. Покрај тоа, радува присуството на многу екипи, членови кои повторно се на трибина. Приказната расте и станува се посериозна!
НАВИВАЊЕ
Прво полувреме 45 мин.речиси грмење. Се виде желбата по долгата пауза. Мал пад имаше само додека се учеше новата песна, која по мене СЕКОГАШ треба да се учи на помали натпревари, никако кога е полн стадионот. Второто полувреме беше уживанција. Навивање топ, со тоа што пак се случува ист проблем. До 60-та минута луѓе влагаат во коп, што е недозволиво. Добро е што имаше озвучување, затоа што мегафони тука немаше да завршат работа.
Се на се, одличен старт, можеби над очекуваното. Само клубот да реди успеси, тоа е сепак најважниот сегмент кој ги влече сите останати.
Видео извештај наскоро.
ЧКЕМБАРИ БИТОЛА | ФК Пелистер - ФК Новаци (24.02.2024)
МОБИЛИЗАЦИЈА
Реално слабо одработен сегмент. Минатата недела беше ракометот оправдување, оваа?
Освен официјален плакат, кој е протокол, не видовме ништо друго. Некако, како да се спадна на дечките од подгрупата ,,Баир бојс", и како да се очекуваше дека се тие ќе завршат. Мое мислење.
Баир бојс кои прославија јубилеј - 2 години постоење, имаа една герила акција, со која повикаа на присуство и со кое го најавија одбележувањето.
БРОЈКА
Дефинитивно имаше поголема бројка од претходното коло, сосем коректна, но прашањето е колку истата е избоксувана од страна на ,,Баир бојс" бидејќи знаеме дека јубилеи знаат да привлечат луѓе..останува да видиме. Во секој случај, има прогрес кој треба да расте.
КОРЕОГРАФИЈА
На оградата беше поставен транспарент ,,Баирска- 2 години -младина" додека пак на оградата беа запалени неколку бакљи, пропратени со димни.
НАВИВАЊЕ
Нема видео извештај, не можам да дадам коментар за ова.
РК Пелистер - РК Охрид (25.02.2024)
МОБИЛИЗАЦИЈА
Мислам дека немаше никаква мобилизација, барем јас не најдов ништо.
КОРЕОГРАФИЈА/ПИРО
Немаше ништо, барем не најдов слика.
БРОЈКА
60-тина луѓе во коп, додека пак салата доста солидно пополнета. Натпреварот беше важен и од резултатски аспект, а секако Чкембари често пати ја истакнуваат својата приврзаност кон РК, затоа и ме изненади ова.
НАВИВАЊЕ
Го следев натпреварот во живо и реално имаше многу лошо навивање. Многу големи падови, буквално цели периоди не се ни навиваше. Да, порано ќе беше разбирливо, бидејќи натпреварот ќе се решеше во првите 10 мин. Но тука цел натпревар беше егал, реално со Вардар полесно поминавте, а повеќе грмеше трибината. Дури на средина од второто, копот фати каков таков, солиден приклучок, па на крајот и остатокот од салата се вклучи и се создаде добар амбиент.
ЛОЗАРИ КАВАДАРЦИ | РК Тиквеш - РК Вардар (24.02.2024)
МОБИЛИЗАЦИЈА
20-30 членови со неколку бакљи присуствуваа на тренингот на РК Тиквеш и со тоа го најавија дерби дуелот.
Покрај тоа ,,Црвено-бели" само објавија фотографија но ако капирам добро, сликани се во склоп на просторот околу самата сала, па многу веројатно е дека е направена пред самото влегување на тренинг. Не знам ниту дали е можеби стара сликата, ако може некој нека потврди.
Не најдов ништо друго.
БРОЈКА
Околу 100-120 луѓе во копот, по моја проценка, додека пак салата верувам дека била речиси исполнета.
КОРЕОГРАФИЈА/ПИРО
Немаше.
НАВИВАЊЕ
ТВ преносот е таков каков што е, носиш сам заклучоци. Не дека имаше некое јако грмење, затоа што реалноста и бројката во копот се тие..но на моменти нормално и поради резултатот, убаво се слушаше..
ГФК Тиквеш-ФК Работнички (25.02.2024)
МОБИЛИЗАЦИЈА
Освен протокол плакатот, акција или било каква герила немаше.
БРОЈКА
Језиво изгледа долгата трибина кога на неа се 40-тина луѓе. Бројката на Лозари иначе е лоша на фудбал, ама дека толку долго ќе трае ова, никој не веруваше. Уште кога ќе додадеме и дека во таа бројка спаѓаат и Чкембари кои дојдоа да дадат поддршка пред се на РК Тиквеш...некако, како да се наоѓаат во пат ситуација.
КОРЕОГРАФИЈА/ПИРО
Немаше ниту корео, ниту пиро.
НАВИВАЊЕ
Немам коментар, не го проследив натпреварот, а и инаку се ем малку, ем даалеку од камерата на ФФМ, така што...
ФАЛАНГА ШТИП
Не присуствуваше во Скопје, ниту па прати официјален допис до ФК Вардар.
АЈДУЦИ СТРУМИЦА | ФК Беласица-ФК Беса (24.02.2024)
Групата буквално живее на апарати. Бројката слаба, клубот ни ваму ни таму, а некако и градот нема еуфорија, особено со создавањeто на Брера. Посочив и пак ќе кажам, вакви групи мора да создадат нова генерација, затоа што реално може да ги прегази времето.
МАЈМУНИ ПРИЛЕП | ФК Победа-ФК Башкими (24.02.2024)
Целосен распад-систем. Во копот 15-20 членови, пуштаат димна сите се тргаат настрана, без концепт, правец...не знам искрено која е замислата и стратегијата, ама ова не личи на ништо...При што, да потенцираме дека Прилеп важи за еден од најфудбалските градови. Јеби га, последица о катастрофални одлуки и ликови низ годините..Се надевам искрено дека ќе се кренат, затоа што има Прилеп тифо-континуитет..не дека се паднати од небо.
РИБАРИ ОХРИД | Гостување | ФК Караорман-ФК Охрид Лихнидос (24.02.2024)
МОБИЛИЗАЦИЈА
Целата мобилизација почна симболично на полноќ со истакнување на пароли на платно, додека пак следуваше и видео најава.
БРОЈКА
Малце опадна бројката во однос на претходното дерби, некако како да спласна работата, па така во кафезот имаше околу 50-60 луѓе.
КОРЕОГРАФИЈА/ПИРОТЕХНИКА
Корео немаше, додека пак на почетокот на второто полувреме имаше прво димнијада, а по неа и баклијада.
НАВИВАЊЕ
Горе-доле пристојно, не може ниту да се очекува повеќе затоа што и бројката тука игра важна улога.
Толку, ако има некој нека дополни, нека каже свое мислење.