- Член од
- 8 октомври 2015
- Мислења
- 979
- Поени од реакции
- 3.302
- Возраст
- 28
Играте полуфинале со најголемиот ривал во Битола, а воедно и едно од најголемите вечни дербиња во Македонија и ми викаш да бидам реален, па по реален не можам да бидам. Ниту се потсмевам ниту за инает зборам, баш се понадевав дека ќе го има вашето дерби со две нг во нашата сала, напрајвме напори, се понудивме самите да ги извајме столчињата за двете групи но испадна шо испадна. Ете пак ќе земам една паралела, а се има случвано во минатото, и то на обични гостувања, каде на собир се јавуват за забрана или пак од х причини превозникот откажва 5 до 12, па сме тргале со коли или сме се се снаоѓале на различни начини. Дали мислиш доколку го имавме на тапет дербито Пелистер-Вардар во полуфинален куп фудбал/ракомет и се добиеше исто како вашата забрана, немаше да се напрат напори за истото да се реализира, зборам и за Комити и за нас, секако дека да.Тема е направена поради не задоволството на нивото на дискусија во другата тема ама како што можам да прочитам и тука е исто. Прво реален биди сам со себе ти и сите останати. Која група во моментов во Македонија освен Комити можат да го изведат тоа што вие го понудивте? На 2 сааати пред тргање добивме забрана за присуство тоа е негде околу 10:30 стига до нас. Се откажува превоз се јавува по лугето што биле договорени се откажуваат, тотална депресија, за после час и половина во 12 сааат да се стапи во контакт едни со други да се издејствува да се тргне забраната што не се успева. Околу 1 и 30 го гледаме постот ваш за некаков протест што за мене беше малку и смешно протест со не навивање на ЕДНА ЧЕТВРТИНА и добиваме повик 15тина минути покасно дека можеме да дојдеме со ваш збор дека ќе се погрижите за безбеден влез на сите групи и карти. Е сега моето прашање е која група во 2 часот ќе организира превоз за 50тина луге да стигнат во 5 часот во Битола? Ниедна освен Комити моментално. Испаднавте фер со самата намера и ангазман но реалноста во живо е сосема 3та. За финалето до негде ќе се согласам дека Фемили потфрлија со бројка ама моменталната ситуација е таква и нема што тука да се исмејува исто како што не пишува никој дека на фудбал неможете да собере повеќе од 50 луге цела сезона со еден или два исклучоци. Верувам дека да игравме ние во сабота ќе имавме подобро издание од ФА но тоа е што е, се надеваме на плеј-офф завршницата. За крај РЕСПЕКТ за сите што беа растрчани во петокот за тргање на забраната, едина позитивна работа што сум ја видел на мак-тифо сценаава последниве неколку години.![]()
Факт е дека после долгогодишната апстиненција и кај Фа и Цпб работите не се ни приближно ко шо треба, ова исто да се случеше 2011-2013 гарантирам дека и покрај забраната ќе се појавевте во добри бројки.
Пак ќе речам, ми е мило посебно за ЦПБ дека се враќат и пробват барем да се вратат, забележан е добар напредок.
А кога зборате сите за фудбалот наш, бројката на најобични утакмици варира 60-90 без некои посебни мобилизации поради фактот шо цела година а и претходната, секоја втора среда имаме ракометни утакмици во Европа, измеѓу и други активности, а многу пати се случвало да имаме и ваков хаотичен викенд, додека со подобра мобилизација до 150. Да бевме насочени само и само за фудбалот вервам дека ситуацијата ќе беше многу поинаква. Да бевме стабилен прволигаш исто така ќе влијаеше на бројката. Ние се напрајвме стабилни второлигаши со повременен влез во прва лига. На кој нормален во сабота во 13ч му се гледа Детонит Плачковица или Арсими?
Ама верваме дека и то ќе се промени.
Поздрав и се најдобро.