Не сум многу активен на форумов како порано, но оваа тема е единствена кои заедно со еден подфорум ги пратам колку можам редовно, па некако не можам да се изначудам за тоа како се третира темата избори, пред нас предстојат избори кои се судбоносни за тоа дали ќе имаме некогаш шанси да си ја вратиме државата или ќе отиде вечно во провалија, па на гласење наместо да се оди со избор која опција може да го сруши овој монструозен режим, 90 % од луѓето ќе одат од лични побуди да гласаат и да лечат лични фрустрации.
Едно нешто не ми бега од око, како тоа се амнестира дирекното учевство на Левица во Шарената Револуција, како партијата која беше втората најголема сила во истава револуција треба денес да ни биде спасот од последиците кои ги донесе таа револуција во целина на ниво на држава.
Па малце да видиме какво учество имаше самата Левица во Шарената Револуција, кога веќе сите заборавија.
Самата Шарена Револуција имаше три столба,односно три групации луѓе кои учествуваа во неа, првиот се самопрогласените со сина крв од "граѓанството" ("eлитата"), вториот столб беа НВО финансирани од странство, додека третиот и најрадикалниот и воинствен беа левичарите, не само од Левица, туку се што беше со левичарска идеологија во државата беше на најпрвиот ред во самата "револуциja", па токму најрадикалните протести и најмногу апсени и доскоро се влечеа по судови за насилните протести во кои учествуваа, од канцеларијата на Иванов па се до насилните протести пред Влада или Собрание, секаде организаторите беа левичарите.
Да не забораваме дека истиве левичари кога беа апсени тогаш одбиваа да изјаснуват националност (дека нели денес се ултранационалисти) сметајќи ја за халуцинација, па се гордееа кога еден од нив потоа и дел од Владата (сега си кидна у десна Австрија) се изјаснуваше како Југословен, а беше неразделен другар со Апасиев кој си доби функција у СЈО, пред да се поделат внатре у партија и Апасиев да направи пуч и да избрка скоро цело членство што ја основа партијата, да не заборавиме беа прва двојазична партија у Македонија, сите активни страници на партијата им беа двојазични, си стои уште старата
Социјалистичка левица - E majta socijaliste и сите локални локални организации од тоа време, така да не се праиме налудничави кој прв протнуваше двојазичност у државата
, пред Апасијата да стане популист и за гласови да збори едно, а да спроведува друго, ама си најде народ овца па си го стриже како сака
.
Да не заборавиме дека испадна дека сите официјални гласила на револуцијата беа водени од Левица, од фамозната Странски служби, до страницата Шарена Револуција која беше преименувана во Црвена Револуција а сега мислам истата е Трета Опција, каде се денес главни пропагадни гласила на Левица, заедно со порталот Антропол во кое излезе скандалната колумна на тој Шиндре за педофилијата , а да не заборавиме Левица беше единствена партија која даде поддршка тогашната 2016 на сега скандалните Субверзивен фронт кои сакаа да воведат толку прочуеното Сексуално образование со тоа и хомосексуалците да посвојуваат деца,
Левица ЛГБТ.
На крај врвот е претседателски кандидат кој ги рамнеше нашите бранители и дочекот нивни со оние на УЧК (за Јохан).
Сега за првиот другар на Заев, кој сега кобајаги се "освести" и ќе ја спасува Македонија, човекот кој буквално крвараше за таа идеологија да дојде на власт, Максим Димитриевски, дали ако не се доведеше неговиот личен авторитет у Куманово во прашање некогаш ќе тргнеше против своите, за денес истиот да биде новиот херој, да биде форсиран по сите медиумите како некоја чиста опција, човек кој ги зима сите оние кои го напуштаат бродот на СДСМ а се верни до смрт на неговата идеологија од една страна, а од друга страна треба да ги превземе оние незадоволни кои нема да гласат за Левица, да им ги земе на анемичното ДПМНЕ
Премногу сум пишал па доволно е за прв дел, па ќе пишам збор два и за ДПМНЕ бидејќи реално партијава е трагедија во најсудбоносните времиња за Македонија.