Максимум нормален бми е 25 што за човек од 1.80 значи 81кг.
Зголемена телесна тежина, без оглед дали масно ткиво или мускул, го оптеретува срцето и крвните садови и зголемува крвниот притисок и става стрес на зглобовите и рбетниот столб.
Зголеменото масно ткиво, дополнително, покрај овие проблеми го зголемува ризикот од дијабетес, рак, хормонални пореметувања итн.
Значи вежбај кардио и дигај тегови ама држи се во рамките на нормално бми.
Според кои докази ова го тврдиш?
Тоа па за шеќер и за кардиоваскуларен систем се тешки глупости.
Тоа воопшто нема што да се коментира тука.
А здрав човек што трча секој ден со 21 бми не прави стрес на колената и кичмата?
Според кое мерило тврдиш дека 5кг плус чиста мускулна маса без користење стероиди може да зголемува ризикот од дијабетес, рак, хормонални пореметувања итн.
ПС. Како што се прават/јакнат мускули така се прават и коски, со зголемување на тежината.
Кога ќе вежбате со тегови, вашите мускули влегуваат во акција и вршат притисок на коските, создавајќи стрес. Во одговор на овој стрес, вашите коски се адаптираат и постапно стануваат по густи и по јаки за да можат подобро да го поднесуваат оптеретувањето.
Дека + 5кг прават стрес на колена е просто неверојатно.
Значи сите што прават вежби за нозе и тело кои се вежбаат станат и додадат +5кг тежина се зафркнале дебело?
Па како тоа јас немам видено барем еден човек па макар и средношколец да крева помалку од 30 (сите креваат 30-120кг) на истиве вежби со години и ништо не им е
.
Па да работиш дома трева да косиш тоа машината со се каблите и корпата од трева има 20кг
.
И башка кај послаб човек поголем dmg дека не е навикнат на тежината.
Поголема е логиката на послабиот да му "паднат коските" него на овој што ги воспалувал-зајакнувал коските баш преку зголемена тежина.
А едино начин да зголемиш bone density е баш преку тоа. Да правиш стрес на коските.
А ако сакаш мускулите да ти растат правиш стрес на мускулите
Дај постирај студија што вика дека килажа од мускули = килажа од сало и дека +5кг од мускули предизвикува нешто од горе споменатите глупости
@PituGuli55