И дека и Путин е дел од тоа и дека и Трамп е дел од тоа и дека Илон Маск и Такер Карлсон се дел од тоа... И дека сите што навидум се борат против тоа се уствари дел од тоа и дека никој неможе ништо да се превземе во врска со тоа... Едноставно треба да чекаме и да умреме.
Тоа е апатија... Ти како сакаш кажи го, факти макти, ама тоа е апатија. Како јас на човек кој се помирил со судбината и предодреденоста да му ја покажам светлината, кога едноставно тој е слеп.
Денеска најмоќните луѓе во САД се, Лари Пејџ, Марк Зукенберг, Бил Гејтс, Илон Маск, Џеф Безос.... целосната моќ за контрола врз луѓето во светот (не само во САД) ја имаат овие луѓе. Сите тие без исклучок не се дел од тие твои фамозни фамилии што владеат со светот иљадници години. Сите тие кога почињале пред 20-30 години биле клошари кои своите стартапи ги почнале во гаражи.
Па ти тврдиш дека САД ќе се распадне и ќе има голем ресет, и кој што и да каже викаш дека тоа мора така да биде и никој неможе тоа да го смени. Не е тоа помирување со судбина ?
Тоа што ти го проповедаш тоа, не значи дека се бориш со таа замислена сосотјба (проекција на твојата параноја), туку само ја шириш твојата апатија.
А цензурата ја правиш со твоите теории на заговор, кога интелегентни луѓе ќе се најдат во ист кош со тебе, порадо би преќутеле или инстантно би се тргнале од тебе, за да не бидат и они етикетирани заради твоите глупости и да станат они во очите на другите равноземјаши.... Пошто сакал ти или неќел во таква една скупина, ти си тој што ќе биде најгласниот, пошто висината на тонот ти е единствиот аргумент со кој можеш да се носиш.