Секогаш мора да се зема тренер кој во глобала ќе ја следи визијата на клубот, за и после него, успешен или не, да може да се продолжи без преголеми промени. Една од причините зошто не сум толку за Конте.
Струката во клубот бира фудбалери кои ќе одговараат на таа визија.
Најмногу ме нервираа минатото лето кога повторуваа дека тренерот ќе има една од главните улоги во трансферите. Излезе повеќе околу профилот, па повеќе беше консултивен, отколку одлучувачки фактор, но поради него останавме без ДМ.
Досаден сум, но не смее да се остави така фудбалер што е земен како проект. И цело лето повторуваше Пиоли дека не смета на него, откако не знаеше што да направи со таков фудбалер. Во тие пресметки кој е најмногу крив за претходната сезона, настрада и Кетеларе. Мислам, на крај, за него и добро ќе излезе.
Да останеше во Милан, не гледам како би имал добра сезона со Пиоли, но тоа не е преголемо оправдување за ваквиот трансфер што го направија. Само што главната грешка овие што го водат клубот, ја направија уште во мај, кога го потврдија тренерот, а најголеми виновници беа Малдини и Масара, а не во август кога мораа да му бараат нов клуб.