Има една работа што мора да се промени за разлика од претходните две години, подготвени да го започнат преодниот рок, а тоа значи, да се знае уште пред да почне, кој е во врвот и кој одлучува.
Прво чекавме да се договорат со Малдини, а следната година да решат што ќе прават откако ќе го сменат. Сега повторно се зборува за промена на Фурлани, а ќе треба на време да се и избере тренер. Ибра, Монкада, Фурлани, колективно, на крај, како сака нека е, но мора на време да се знае кој ќе одлучува и каков ќе биде преодниот рок.
Ако не јавно, барем внатре во клубот, веќе во април, најдоцна почеток на мај, мора да се знае кој ќе биде тренер за следната сезона. И до почеток на трансфер рокот треба да се знае дали и кој ќе биде продаден од Леао, Тео и Мањан. Чекање понуди за нив, длабоко во лето, само ќе ги искомплицира сите трансфери.
Би требало и пред ЕП да тргнат по нов напаѓач, затоа што подоцна, кога ќе почне трансфер рокот ќе се појави поголема конкуренција.