Непотребни се во овај момент критиките на рајата, СЛАБА ИГРА, ВАКА ТРЕБАШЕ,ТАКА ТРЕБАШЕ.
Важно беше само едно денес, да се победи и да е замат тие 3 бода.
На крај целта е исполнета, одиме на следен меч.
Прв официјален меч го имаме по 2 месеци.
Огромен притисок имаше да се добие, тешки нозе.
На крај, со добра одбрана во второ +6.
И пак незадоволна рајата.
Како да играт? Цепелини да фрлат?
Кој сме ние Кил, Барса, Веспрем, Магдебург?
Па да даваме по 35 гола на секој меч.
Не оди така лесно другари, не пијат и другите мастило.
На крај бодојте се памтат и титулите, играта никој не ја гледа.
Имавме противник шо излезе со 200 % од силите против нас.
А така ќе биди со сите екипи во овај плеј оф, сите ќе сакат да ни го земат скалпот.
Не беше реално да се очекува некоја лесна игра и убедлива победа уште во прва утакмица по толкава пауза.
Имаше грешки во напад, тешки нозе, неуиграни акции, грешки во прво полувреме во обични проигрувања..
Добро е шо имаме сега во Фитило лидер на екипата и покрај него и другите се ослободват од притисок.
Тајник искина во второ денес, клучен играч во напад ко се праеше разликата.
То шо ме радва денес мене е одбраната, искинаја сите во одбрана.
Вака се игра одбрана, на нож на секоја топка.
Да го измориш противникот, на Лазаревски на гла му се бесеа.
Нема лесни голој, нема мајтапи ко претходно, за секој гол мораа да се мачат.
Ако не се лажам, а мислам сум во право, ниту еден гол од брза транзиција не примивме, контра, полуконтра, шо кажва многу како се играше во одбрана.
Посебно во второ доста добро изигравме, ако примивме појќе голој во второ, одбраната беше камен.
Ако не беа тие исклучвања немаше ни 20 гола да примиме, а уште помалку ако голманите го имаа тој стандард учинок од барем 10 одбрани.
Еден куо голој примивме под пасивен, по +1 минута напад шо е доказ дека се изигра машки во одбрана.
Вака само со 1 одбрана на Гедбан и мислам 7 на Лесјак само на 21 гол останавме шо е одлично.
На 22.10 водевме цела утакмица со над 6 разлика,демек газиме, ама примивме еден куп лесни голој, на крај од гла ни се мана.
Зато треба да се земи поука од тој меч. да се клај акцент на одбраната.
Се гледа разлика од тој пристап на 17.09. во Скопје и денес, ко небо и земја.
Да не беше то глупирање таа утакмица немаше да прајме математики сега толку.
Додуша, сите утакмици се важни.
Вака треба да играт со сите, со Струга, Пролет итн.
Нападот не е проблем, има исксуство тука и неспорен квалитет, да проработи Борзаш треба, ако добиеме некој од Македонските бекој ќе биди добро, Танкосен, Павле, оти да не и Ѓорѓовски, ако добие шанса со Пролет, Струга и слично.
Да добиеме уште еден бек, покрај тие главни 4 бека, да се зачува свежината.
Петровиќ е бек ап за Цехте, ама на големи утакмици не можиме да сметаме сериозно на него, оти не можи да игра одбрана, тука му е најголемата мака.
За напад знај да биди незгоден и да понуди нешто солидно.
Од 3то коло и со Манасков,друга песна ќе биди.
Знај да уфрли на втор пикер, да извај некој шут кога никој не очекува, искусен и сигурен пеналџија. не би требало да љуфка зицери.
Искуството си го прај своето, не дека Цветан и Петар немаше да бркат работа, ама искуството е многу важно во вакви мечеви.
Наредните 3 кола во лига треба да се полесни и добро е да се зачува свежината и ако оди резултатот како се очекува да се изротираат играчите.
Бутел во гости, дома со Пролет и Охрид.
Ако е можно шо појќе да се штедат главните играчи, да се уиграт и другите.
Да се одбработат рутински овие мечеви, без да се потценат противниците.
Во ЛШ до крај на овај месец и почеток на март имаме 4 утакмици,
Реално нема ни шо да бараме овде.
Дома со ПСЖ и Алборг да се пробаме, ако ни дозволат и не потценат да парираме дури е можно, па шо биди биди.
Сепак, ќе видиме во живо еден куп легенди на модерниот ракомет.
И то е огромен бенифит за битолскиот ракомет.
Со Колстад и Кил на гости, овде треба да му дат шанса на другите, да го сетат филингот во ЛШ.
Без многу тензија и непотребни форсирања и критики да се доигра групата.
Па да се насочиме на тој клучен период во плеј оф.
Од 10 март до средина на април ни се најважните гостовања, Кавадарци и двете во Скопје.
Плус дотогаш ќе се изиграт и други мечеви шо ќе ја кројат табелата,
Не треба да не интересират другите, ако се посветиме само на нашата игра, без да се замараме за другите ќе биди полесно.