Здраво е да се биде со отворен ум и да се преиспитуваат миселњата и ставовите кога ќе станат достапни нови информации. Светот постојано се развива, а ставовите и мислењата кои биле прифатливи и вообичаени во минатото може да еволуираат заради променливи општествени норми, култруни промени, научни откритија итн. Критичкото размислување кое денес е подобрено заради подобро образование, дигитален пристап, глобални врски итн, исто така ни овозможува нам како единки да размислуваме за сопствените ставови и верувања, и доколку е потребно да ги ревидираме.
терминот open mind значи чекање додека ги знаеш СИТЕ ИЛИ МНОЗИНСТВО ФАКТИ, пред да создадеш сопствено мислење или став на одредена тематика, која во најголем дел од случаевите се работи за нова појава (најчесто во последниот век) во општеството, значи тука влага и консултирање со историјата и увидување зашто одредени работи биле какви што биле во општествата од минатото, а не само сметање на истите за назадни, за традиционални, за вакви или такви, без воопшто да се запрашате зошто тоа било така и што се случува или случило после менување на тие работи или погледи во општеството.
еве ти интересно прашање, зошто после нормализирањето и промовирањето на сексуалните девијации во општествата во историјата скоро секогаш следело распад на империи и општества, дали истите резултат на нефункционалното општество, или пак се причина за истото? што треба да научиме познавајќи го овој факт?
денес истиот термин најчесто се користи како прифаќање и одобрување на секоја нова појава во општеството, а притоа, намерно негирање на сите или мнозинскиот дел појави од минатото кои се одамна присутни во општеството, се со цел прикажување на себеси како ,,прогресивна" личност.
она што е евидентно, најчесто не се работи за некоја еволуција на тие ставови и мислења кои што ни се оставени од претходната генерација се со цел добробит и напредок во општеството, туку најчесто се работи за намерно дегенерирање на истите како и на одредени вредности, како и намерно одење во другата екстрема.
тука не се сложувам, критичкото размислување не е воопшто зголемено кај поголемот дел од популацијата што е евидентно по работите што се случуваат секојдневно на светско ниво, светската популација не е нешто попаметна или помудра од светската популација пред неколку векови, дури и јас би рекол дека порано биле далеку помудри отколку што сме ние сега, разликата е само во зголемениот проток на информации (од таму и зголемена анксиозност и други растројства како резултат на истото) кои можат да бидат пишувани од било кого со било каква агенда и најчесто се само детриментални и освен стимулирање на лачење на допамин, носење пари на групации кои те намамиле да кликнеш на кликбејт артикал, ништо друго не се постигнува.
критичкото размислување е резултат на когнитивни способности и способноста за објективно расудување и гледање работите, милион примери денес на академско образовани лица кои не размислуваат критички, а притоа имаш лица кои немаат ни факултет, некои ни средно, а ја имаат таа способност.
па денес живееме во кловн свет каде што ти тврдат како јајцата, месото биле нездрави, сојата која што го мимикира естрогенот во тело била одлична за мажите, трансџендеризмот не бил родова дисфорија и психичко пореметување туку нормална појава, никој не кажува како социјалните мрежи ти играат на импулси секојдневно (црвени бои за нотификации, скролање, алгоритми кои претпоставуваат и колку години имаш и какви жени преферираш и се останато, реклами кои се појавуваат само што ќе ги помислиш или пак ќе кажеш дека имаш потреба од некоја услуга/производ во реален живот, језиво) како и тоа дека истите лачат ненормална количина на допамин, што на крајот на денот резултира во колективна депресија каква што имаме денес кај младината, ти викаат дека требало бубачки да јадеш, ти зборат за глобално затоплување истите луѓе кои што у два дена имаат поголема емисија на јаглерод отколку што ти ќе направиш цел живот, ти тврдат порнографијата и мастурбацијата била скроз океј, знаеш, здрава е, затоа што сите вие мастурбирате поради здраствени бенефити, а не поради лачење на допамин при еџирање или ејакулација, или пак порнографијата не е нешто заедничко на мнозинските сериски убици и манијаци, жените требало да бидат ,,послободни", а истите иако уживаат најголема автономија во историјата, сепак никогаш статистички понесреќни не биле, и милион други работи.
да не навлагам во моабетот за студии каде што студиите и ,,научниците" скоро секогаш се финансирани, врбувани од луѓе и компании на кои што наштелуваните студии ќе им донесат финансиски или некаков друг бенефит (најчесто терање агенда), вакви случаеви колку сакаш, затоа што денес ,,науката" е новата религија кај луѓето.
Значи јас ти ја оспорувам идејата дека на жените инхерентно им е потребна машката заштита. Не правиме тука муабет за заштита од партнер, родител, брат, пријател (под дифолт, сите ги уживаме тие привилегии, не спорам) туку тука генерализираме. Сметам дека на секој беспомошен човек кој е изложен на некаков ризик му треба некаква форма на заштита и тоа нема врска со полот. Зошто толку се наметнува потребата за заштита на жените, а не се наметнува потреба за заштита на ранливи мажи, постари луѓе, општеството во целина ?
Иритантно од сето ова е што општеството обично ги гледа жените како нежни и беспомошни суштества, а тоа не е секогаш случај. Не се сите жени принцези на кои им треба спасување. И жените учевствуваат во заштитата на своите семејства и на заедницата, но на поинаков начин (без употреба на физичка сила, или колку што им дозволуваат способностите. Иако во 21 ви век, не знам кој современ маж употребува сила за заштита на семејството, сите го бираат менталниот капацитет, пред тоа...физичката сила уствари треба да биде последниот избор, ако сите останати избори се исцрпени). Можеби жените користат помеки методи на заштита, но и те како ја превземаат улогата на заштитник кога мажите не можат, дали поради здравствени причини, или поради тоа што не се дома, или поради тоа што се со некои бубачки во глава. Па колку жени има што ги штитат децата од мажот дома, заради тоа што е пијан или насилен?
дефинитивно е инхерентна, ако го одговореше прашањето што ти го поставив во врска дали поголема е шансата жена да биде физички или сексуална нападната кога е сама или со другарка, или пак кога е со другар или маж, ќе го увидеше истото.
не е ни случајност што во историјата, после битка и убивање на машкото население скоро секогаш следело палење на селата или градовите и силување на жените, кои веќе ја немаат таа протекција која што ја имале од мажите, а не е никогаш обратно, силување па убивање на машкото население, зошто?
општеството во целина е скоро секогаш штитено од мажите, секоја опасност (војни, поплави) за општеството резултира така што мажите повторно го штитат општеството, сигурно нема жените утре да идат во војна при влагање во конфликт со друга држава, колку и истото да пробува да се форсира, или пак при одредени поплави сигурно нема да идат жените да спасуваат луѓе, да ставаат вреќи со песоци се со цел да се превентира дополнително поплавување на места кои што не се поплавени и слично, запрашај се зашто е тоа така.
мора да увидиме дека имаме животински импулси, џабе ти без употреба на физичка сила ќе го штитиш општеството, кога ќе дојде некој ненормален и прост и поради физичката сила ќе те освои, ќе те убие, ќе те принудува на нешто и слично, мораш да разграничиш негување од заштитување.
физичката сила е далеку подоминантна од било која друга сила кога се работи за заштита, дури и јас би рекол дека заштитувањето у најголемиот дел случаеви е користење на физичка сила се со цел спасување или превентирање на одредена работа, а веќе се сложивме дека мажите се далеку физички посилни од жените.
Да жените генерално се физички послаби од мажите, но тоа не значи дека не постојат жени со +100 килограми, со криминално минато, сериски убијци, силувачи, разбојници и слично. И треба да се заштитиме од сите нив.
тоа не игра воопшто улога кога ќе се земе во предвид дека сепак далеку мнозинскиот дел од тие луѓе кои што се со криминално минато, сериски убици, силувачи, разбојници се сепак од машката популација и тоа истото не е без причина, затоа е и инхерентно машките да ги заштитуваат жените, затоа што жена не може да парира на машко во физичка сила, а машкото е свесен дека ваквите појави на криминалитет, сериски убици, сексуални девијантни личности кои секогаш применуваат физичка сила се машки.
јас ти гарантирам дека машко без криминално минато може да биде далеку посериозна опасност и за машкиот и за женскиот род како и за општеството отколку што тоа е жена со криминално минато, истотака ти гарантирам дека машко со 80kg со еден бокс ти нокаутира и жена од 150kg, итн.
еве ти чиста хипотетичка ситуација, да речеме дека си разбојник, дали би ограбувала машки или женски? или, планираш да речеме пљачка, што би преферирал, касиер или касиерка да е на работа? и зошто?