Кое е Вашето „црвено знаме“ (red flag)

Член од
5 март 2018
Мислења
16.769
Поени од реакции
19.081
Не, вака кога ги читаш форумџикиве тука..
Човек ќе помисли сите жени која од која повредна, која од која работлива, домаќинка, поштена.. абе сон!
(Без да навлегувам персонално дали е тоа така или не)

On the second thought…
Исто вака ги гледаш на инста, напучила усти, или коктел у рака, или кафе пред неа, или нозе на плажа..
Која од која поубава, позгодна.. идеална жена!

Разликата е само тоа што тука се фалат со зборови, а таму со слики, и чат-пат по некоја “мудра” мисла..

А праксата, сосем трета… за што сведочат и стотициве страни до сега :rolleyes:
А зошто жената ако ужива на плажа под тоа се подразбира дека не е вредна, или па ако е згодна тоа ја прави помалку вредна од другите ?
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.844
Поени од реакции
20.343

Најубави, најзгодни и најдомаќинки сме и фала за комплиментот :backa:
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.924
Поени од реакции
11.096
А зошто жената ако ужива на плажа под тоа се подразбира дека не е вредна, или па ако е згодна тоа ја прави помалку вредна од другите ?
Уфф… ама ми ја промаши поентава Стефи..

Тоа само како пример беше… каде секоја одбира најдобра позадина, најубава поза итн итн.
Сите се идеални таму(по соц. мрежите), ама богами и тука на зборови.. ;)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.402
Поени од реакции
4.266
А зошто жената ако ужива на плажа под тоа се подразбира дека не е вредна, или па ако е згодна тоа ја прави помалку вредна од другите ?
Не се проблемот плажата и уживањето. Треба да ужива. Глупоста е што мисли дека на луѓето ке им течат лиги кога ке ја видат дека е на плажа, глупоста е што си ги слика само нозете без стомакот и мисли дека е Клаудија Шифер, си го слика газот од далеку за да не се гледаат стриите и мисли тоа е многу убаво да се стави на фб, слика коктел и мисли дека луѓето ке речат ваау.... мисли со сликите ке го покрие својот празен живот и причините за празнотојата, дека луѓето ке ја гледаат со воодушевување, дека бившиот ке остане без сон..... А зошто побогу неможе само да си ужива? Зошто не може без да се глупира? Ваљда оти тоа е она вистинската...
 
J

joli1

Гостин
Здраво е да се биде со отворен ум и да се преиспитуваат миселњата и ставовите кога ќе станат достапни нови информации. Светот постојано се развива, а ставовите и мислењата кои биле прифатливи и вообичаени во минатото може да еволуираат заради променливи општествени норми, култруни промени, научни откритија итн. Критичкото размислување кое денес е подобрено заради подобро образование, дигитален пристап, глобални врски итн, исто така ни овозможува нам како единки да размислуваме за сопствените ставови и верувања, и доколку е потребно да ги ревидираме.
терминот open mind значи чекање додека ги знаеш СИТЕ ИЛИ МНОЗИНСТВО ФАКТИ, пред да создадеш сопствено мислење или став на одредена тематика, која во најголем дел од случаевите се работи за нова појава (најчесто во последниот век) во општеството, значи тука влага и консултирање со историјата и увидување зашто одредени работи биле какви што биле во општествата од минатото, а не само сметање на истите за назадни, за традиционални, за вакви или такви, без воопшто да се запрашате зошто тоа било така и што се случува или случило после менување на тие работи или погледи во општеството.

еве ти интересно прашање, зошто после нормализирањето и промовирањето на сексуалните девијации во општествата во историјата скоро секогаш следело распад на империи и општества, дали истите резултат на нефункционалното општество, или пак се причина за истото? што треба да научиме познавајќи го овој факт?

денес истиот термин најчесто се користи како прифаќање и одобрување на секоја нова појава во општеството, а притоа, намерно негирање на сите или мнозинскиот дел појави од минатото кои се одамна присутни во општеството, се со цел прикажување на себеси како ,,прогресивна" личност.

она што е евидентно, најчесто не се работи за некоја еволуција на тие ставови и мислења кои што ни се оставени од претходната генерација се со цел добробит и напредок во општеството, туку најчесто се работи за намерно дегенерирање на истите како и на одредени вредности, како и намерно одење во другата екстрема.

тука не се сложувам, критичкото размислување не е воопшто зголемено кај поголемот дел од популацијата што е евидентно по работите што се случуваат секојдневно на светско ниво, светската популација не е нешто попаметна или помудра од светската популација пред неколку векови, дури и јас би рекол дека порано биле далеку помудри отколку што сме ние сега, разликата е само во зголемениот проток на информации (од таму и зголемена анксиозност и други растројства како резултат на истото) кои можат да бидат пишувани од било кого со било каква агенда и најчесто се само детриментални и освен стимулирање на лачење на допамин, носење пари на групации кои те намамиле да кликнеш на кликбејт артикал, ништо друго не се постигнува.

критичкото размислување е резултат на когнитивни способности и способноста за објективно расудување и гледање работите, милион примери денес на академско образовани лица кои не размислуваат критички, а притоа имаш лица кои немаат ни факултет, некои ни средно, а ја имаат таа способност.

па денес живееме во кловн свет каде што ти тврдат како јајцата, месото биле нездрави, сојата која што го мимикира естрогенот во тело била одлична за мажите, трансџендеризмот не бил родова дисфорија и психичко пореметување туку нормална појава, никој не кажува како социјалните мрежи ти играат на импулси секојдневно (црвени бои за нотификации, скролање, алгоритми кои претпоставуваат и колку години имаш и какви жени преферираш и се останато, реклами кои се појавуваат само што ќе ги помислиш или пак ќе кажеш дека имаш потреба од некоја услуга/производ во реален живот, језиво) како и тоа дека истите лачат ненормална количина на допамин, што на крајот на денот резултира во колективна депресија каква што имаме денес кај младината, ти викаат дека требало бубачки да јадеш, ти зборат за глобално затоплување истите луѓе кои што у два дена имаат поголема емисија на јаглерод отколку што ти ќе направиш цел живот, ти тврдат порнографијата и мастурбацијата била скроз океј, знаеш, здрава е, затоа што сите вие мастурбирате поради здраствени бенефити, а не поради лачење на допамин при еџирање или ејакулација, или пак порнографијата не е нешто заедничко на мнозинските сериски убици и манијаци, жените требало да бидат ,,послободни", а истите иако уживаат најголема автономија во историјата, сепак никогаш статистички понесреќни не биле, и милион други работи.

да не навлагам во моабетот за студии каде што студиите и ,,научниците" скоро секогаш се финансирани, врбувани од луѓе и компании на кои што наштелуваните студии ќе им донесат финансиски или некаков друг бенефит (најчесто терање агенда), вакви случаеви колку сакаш, затоа што денес ,,науката" е новата религија кај луѓето.

Значи јас ти ја оспорувам идејата дека на жените инхерентно им е потребна машката заштита. Не правиме тука муабет за заштита од партнер, родител, брат, пријател (под дифолт, сите ги уживаме тие привилегии, не спорам) туку тука генерализираме. Сметам дека на секој беспомошен човек кој е изложен на некаков ризик му треба некаква форма на заштита и тоа нема врска со полот. Зошто толку се наметнува потребата за заштита на жените, а не се наметнува потреба за заштита на ранливи мажи, постари луѓе, општеството во целина ?

Иритантно од сето ова е што општеството обично ги гледа жените како нежни и беспомошни суштества, а тоа не е секогаш случај. Не се сите жени принцези на кои им треба спасување. И жените учевствуваат во заштитата на своите семејства и на заедницата, но на поинаков начин (без употреба на физичка сила, или колку што им дозволуваат способностите. Иако во 21 ви век, не знам кој современ маж употребува сила за заштита на семејството, сите го бираат менталниот капацитет, пред тоа...физичката сила уствари треба да биде последниот избор, ако сите останати избори се исцрпени). Можеби жените користат помеки методи на заштита, но и те како ја превземаат улогата на заштитник кога мажите не можат, дали поради здравствени причини, или поради тоа што не се дома, или поради тоа што се со некои бубачки во глава. Па колку жени има што ги штитат децата од мажот дома, заради тоа што е пијан или насилен?
дефинитивно е инхерентна, ако го одговореше прашањето што ти го поставив во врска дали поголема е шансата жена да биде физички или сексуална нападната кога е сама или со другарка, или пак кога е со другар или маж, ќе го увидеше истото.

не е ни случајност што во историјата, после битка и убивање на машкото население скоро секогаш следело палење на селата или градовите и силување на жените, кои веќе ја немаат таа протекција која што ја имале од мажите, а не е никогаш обратно, силување па убивање на машкото население, зошто?

општеството во целина е скоро секогаш штитено од мажите, секоја опасност (војни, поплави) за општеството резултира така што мажите повторно го штитат општеството, сигурно нема жените утре да идат во војна при влагање во конфликт со друга држава, колку и истото да пробува да се форсира, или пак при одредени поплави сигурно нема да идат жените да спасуваат луѓе, да ставаат вреќи со песоци се со цел да се превентира дополнително поплавување на места кои што не се поплавени и слично, запрашај се зашто е тоа така.

мора да увидиме дека имаме животински импулси, џабе ти без употреба на физичка сила ќе го штитиш општеството, кога ќе дојде некој ненормален и прост и поради физичката сила ќе те освои, ќе те убие, ќе те принудува на нешто и слично, мораш да разграничиш негување од заштитување.

физичката сила е далеку подоминантна од било која друга сила кога се работи за заштита, дури и јас би рекол дека заштитувањето у најголемиот дел случаеви е користење на физичка сила се со цел спасување или превентирање на одредена работа, а веќе се сложивме дека мажите се далеку физички посилни од жените.

Да жените генерално се физички послаби од мажите, но тоа не значи дека не постојат жени со +100 килограми, со криминално минато, сериски убијци, силувачи, разбојници и слично. И треба да се заштитиме од сите нив.
тоа не игра воопшто улога кога ќе се земе во предвид дека сепак далеку мнозинскиот дел од тие луѓе кои што се со криминално минато, сериски убици, силувачи, разбојници се сепак од машката популација и тоа истото не е без причина, затоа е и инхерентно машките да ги заштитуваат жените, затоа што жена не може да парира на машко во физичка сила, а машкото е свесен дека ваквите појави на криминалитет, сериски убици, сексуални девијантни личности кои секогаш применуваат физичка сила се машки.

јас ти гарантирам дека машко без криминално минато може да биде далеку посериозна опасност и за машкиот и за женскиот род како и за општеството отколку што тоа е жена со криминално минато, истотака ти гарантирам дека машко со 80kg со еден бокс ти нокаутира и жена од 150kg, итн.

еве ти чиста хипотетичка ситуација, да речеме дека си разбојник, дали би ограбувала машки или женски? или, планираш да речеме пљачка, што би преферирал, касиер или касиерка да е на работа? и зошто?
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
16.769
Поени од реакции
19.081
Не се проблемот плажата и уживањето. Треба да ужива. Глупоста е што мисли дека на луѓето ке им течат лиги кога ке ја видат дека е на плажа, глупоста е што си ги слика само нозете без стомакот и мисли дека е Клаудија Шифер, си го слика газот од далеку за да не се гледаат стриите и мисли тоа е многу убаво да се стави на фб, слика коктел и мисли дека луѓето ке речат ваау.... мисли со сликите ке го покрие својот празен живот и причините за празнотојата, дека луѓето ке ја гледаат со воодушевување, дека бившиот ке остане без сон..... А зошто побогу неможе само да си ужива? Зошто не може без да се глупира? Ваљда оти тоа е она вистинската...
И ? Вие преку социјалните мрежи заклучивте дека таа не е вредна за извршување на домашни обврски ?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.402
Поени од реакции
4.266
И ? Вие преку социјалните мрежи заклучивте дека таа не е вредна за извршување на домашни обврски ?
Ма за домашни обврски е супер, не ја терај само да мисли.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.924
Поени од реакции
11.096
Немој не го спомнуј више..
Вчера нешто се зафркавав.. и заглавив цела вечер да слушам Лепа Брена :ROFLMAO:
Уште ја слушам солажата на “Пожели сречу другима” :unsure:
Автоматски споено мислење:

И ? Вие преку социјалните мрежи заклучивте дека таа не е вредна за извршување на домашни обврски ?
Абре Стефи…
Кој црни социјални мрежи се фана!?
Зборот ми беше, таму сите глумат “перфекција”, тука(на форумов) исто сите перфекција!

Да не може човек на улица да се размине од перфектни жени…:rolleyes:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.769
Поени од реакции
19.081
Немој не го спомнуј више..
Вчера нешто се зафркавав.. и заглавив цела вечер да слушам Лепа Брена :ROFLMAO:
Уште ја слушам солажата на “Пожели сречу другима” :unsure:
Автоматски споено мислење:

Абре Стефи…
Кој црни социјални мрежи се фана!?
Зборот ми беше, таму сите глумат “перфекција”, тука(на форумов) исто сите перфекција!

Да не може човек на улица да се размине од перфектни жени…:rolleyes:
Не постои перфекција никаде, барем јас не сум сретнала таква особа
 
J

joli1

Гостин
Дали треба да се земе како ред флег ситуацијата во која ти како машко долго време очекуваш конкретен одговор од женско ?
На пример нешто се договарате и таа ти вика не знам, кога ќе дознаам ќе ти кажам. Тоа што треба да го дознае се дознава најкасно за 24 саата ама таа 3 дена сеуште размислува и сеуште те нема удостоено со одговор. Што викате ?
дефинитивно, брат.

она што многу малкумина млади мажи денес го знаат е дека има голем број на жени кои што ќе комуницираат со тебе, нормално, реплицирајќи ти после двоцифрен број минути, саати, како со гз, незаинтересирано, или пак ќе те држат у неизвесност и нема да ти даваат конкретен одговор, само заради тоа што се зависни од социјални мрежи, како и од нотификации, истиот момент кога ќе прекинеш да им реплицираш или да ги забављаш и веќе нема да им носиш нотификации, ќе ги остаеш на seen, очекувај одма да го сменат понашањето и да те прашуваат зашто си ги оставил на seen, а нема да те прашаат дали во моментот си заузет или дали е се во ред и слично, туку прво нешто што ќе те прашаат е зошто seen? слободно испробај го ова.

и ние, и они, кога имаме интерес спрема другата страна, не ни е некој проблем да одвоиме време во денот без разлика колку сме заузети и со обврски.

вакви карактеристики укажуваат на две работи, или незрелост кај другата страна која што игра mind games со тебе кои верувај ми само ќе се амплифираат при стапување во врска и психички ќе те замараат, или пак едноставно незаинтересираност, во двата случаеви ти е подобро да ја баталиш, бар според мене.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
Не се проблемот плажата и уживањето. Треба да ужива. Глупоста е што мисли дека на луѓето ке им течат лиги кога ке ја видат дека е на плажа, глупоста е што си ги слика само нозете без стомакот и мисли дека е Клаудија Шифер, си го слика газот од далеку за да не се гледаат стриите и мисли тоа е многу убаво да се стави на фб, слика коктел и мисли дека луѓето ке речат ваау.... мисли со сликите ке го покрие својот празен живот и причините за празнотојата, дека луѓето ке ја гледаат со воодушевување, дека бившиот ке остане без сон..... А зошто побогу неможе само да си ужива? Зошто не може без да се глупира? Ваљда оти тоа е она вистинската...
Sega nemoj i ti so vakvi detski muabeti. Za koj kur bila na odmor i piela koktel ako ne se slikala i objavila na socijalni mrezi. Mislam ajde ti se molam, isto ko da ne bila.
Ko maz ako kleca a da ne se pofali na nikoj. Djabe klecal. Ednostavno ne funkcionira taka svetot :toe:
P. S za poneiskusnite dodatok.
Ako se slika cela, od glava do petici, se reklamira kao vidite kolku sum jaka.
Ako ja slika samo glata i to od pticja perspektiva, debela e, inaku ke se slikala cela.
Ako slika raka, gluzd ili pejsaz, ili e grda ili e livadarka.
Ako e samo so decata, razvedena ili tuka nekade pri kraj ;)
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.924
Поени од реакции
11.096
Не постои перфекција никаде, барем јас не сум сретнала таква особа
Шуќур… се разбравме…

Ама сега има друг проблем :sneaky:
Кој тоа глуми “перфекција”?! Уште тоа да го расчистиме.

Сто пати спомнавте фрлање на смрдени чарапи сред соба. Така?
Се тригерна ли некој од маживе тука, м?
Громогласна тишина во позадина..

Али затоа, кога стана збор за “делење на обврски”, сите наеднаш станавте дрвосечачи, браварки, молерки, едино мислам дека никоја не спомна и на дребонг дека работела..

Не дека ви бараше некој оправдување, ама тука проработе она типично женско “потреба за докажување и млатење празна слама”, и се разбира вродениот комплекс дека Вие не сте исти! Посебни сте, уникатни… па се испокршивте да кажете која поголем кауч или шифоњер кренала од другата…

Нејсе…
Јас се зафркам на моја сметка, кажувам дека Лепа Брена слушам! Можев ли да речам дека Dokken и Bon Jovi слушав?!? Можев…
Ама зошто побогу да лажам или да се докажувам…
(А вакви примери имаш стотици од машките форумџии тука.. кај што нема да видиш глумење лудило)

Епа нешто слично е и со социјалните мрежи…
Не дека таму мажите нејќат убаво да изгледаат, или не дека нема ропаци од нашиот пол…
Ама па се сведува на тоа дека добар дел од нас, не се преправаат…
За разлика од жените…
И тука веќе стасувам до поентата…
Ама ќе ти дадам време да кренеш два прста, и да кажеш кај заглави, за да пообјаснам пред да продолжам… охи :)
 
Никој не го негира тоа дека жените се преправајнчарки, исто како и кај мажите шо има дибеци кои глумат лудило на социјални мрежи па се сликаат со бмв па продаваат слама за бубрези а две по пет немаат во џебот.

Никој нејќеше тука да се претстави како перфектна жена, патем зошто би сакала да се прикажам во такво светло на форум, кај шо сме скоро сите со скриен идентитет најчесто.
Дискусијата беше оти јоли ми реплицира на постот кај шо опишав кои се црвени знамиња за мене, па од таму почна целата дискусија за машко/женски обврски
Можам јас да ти глумам тука дека сум Кејт Мидлтон и со прст не мрдам низ дома, дека со слуги сум, ама не сум :)
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Дали треба да се земе како ред флег ситуацијата во која ти како машко долго време очекуваш конкретен одговор од женско ?
На пример нешто се договарате и таа ти вика не знам, кога ќе дознаам ќе ти кажам. Тоа што треба да го дознае се дознава најкасно за 24 саата ама таа 3 дена сеуште размислува и сеуште те нема удостоено со одговор. Што викате ?
Може имала неодложни обврски па изумила, може се десило нешто, може е во хаос, се е можно. Ако ова е константно тогаш да. А за еднаш треба да имаме некое разбирање за луѓето понекогаш.

Значи сега и таа што се слика на плажа не чини? Зошто бе луѓе? Да се слика со танга купаќа прекршена на лежалка и без горен дел покриена цицката со косата да во ред. Ама ако јас си имам слика на плажа најнормална по нормални купаќи зошто да не? И зошто мислите дека сликите (освен на таа со тангата) се само да се фали, да собира лајкови и да собира напалени удвачари? Слика си е спомен на прво место. Што треба жена според вас да има од слики на друштвени мрежи за да е домаќинка по вас? Сликана со престилка и тава со пиле печено? Скриншот од рецепт? Некои цитати од семе синапово? Планини, реки, што?
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.924
Поени од реакции
11.096
И зошто мислите дека сликите (освен на таа со тангата) се само да се фали, да собира лајкови и да собира напалени удвачари?
Ајде уште една со поентата..

Kajgana Shop

На врв Bottom