Која е вистинската вера/религија?

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.029
Бев атеиста, православен, евангелиста, политеиста сега сум будиста. Најбоље се осеќам како будиста.
И...како игледа разликата во „осеќањето„ меѓу „будиста„ и „евангелиста„?...o_O
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Да, Го пушташ Бога во себе...
Автоматски споено мислење:

Има и такви (религии), ама таквите (ти) служат за да го оправдаш нивното неприфаќање, а не за да се впуштиш во трагање по вистинскиот бог...
Автоматски споено мислење:

Еве, ја‘ верувам дека секој збор кој го изнесуваш на темава, е чисто твој мисловен „производ„, односно став кој е толку оригинален, што никому на Светов и на веков до сега не му паднал на ум...
...тоа што го пушташ бога во себе е една работа,а друга да го отфрлиш своето како тврдиш.
...и впрочем зошто морам да трагам по нешто што веќе го имам во себе,а тоа е желбата за живот и свое лично перманентно духовно воздигнување.
...и во таа наша потрага по Бог и она што се проповеда во негово име не смееме да заборавиме да живееме :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.029
...тоа што го пушташ бога во себе е една работа,а друга да го отфрлиш своето како тврдиш.
Пуштањето Бога во себе и утепувањето на својата суетност се обратно пропорционални движења...препорачани од Црквата.
Автоматски споено мислење:

...и впрочем зошто морам да трагам по нешто што веќе го имам во себе,а тоа е желбата за живот и свое лично перманентно духовно воздигнување.
Посочи ми како се постигнува лична духовност без Бога, без Духот Свет.
За мене прашувам, за да не се мачам непотребно...:)
Автоматски споено мислење:

...и во таа наша потрага по Бог и она што се проповеда во негово име не смееме да заборавиме да живееме :)
Потрагата по Бога завршува со/во средба со Бога, не во бесконечно проповедање, па нека е тоа проповедање и во Негово име...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.142

„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
-
Liber AL, III:42

Не постои средба со бог во христијанството. Секој што нема авторитет и кој што ќе тврди дека имал средба со бога, свештенството (а со тоа и сите што го следат свештенството) ќе го прогласат човекот за отпадник од верата и дека не знае што зборува.
Нормално, Пајсиј зборувал со богот велат сега, но откако умре му се потврди тоа од луѓе кои не зборувале и немале средба со боговите, само се нашле во таа хиерархија според некоја наследна судбина :)

Не постои средба на човек со бог, само бог може да го издржи погледот на друг бог... а човекот во старите религии е убеден дека е само црв на земјата, пепел, прав никој и ништо, дојден да пострада...
Одете страдајте далеку од луѓето кои сакаат да живеат на Земјата и не ги задојувајте со отров оние кои не сакаат да ја пијат вашата чаша која вие по ваша волја сами сте си ја кренале и проголтале.

Затоа и многу од старите религии зборуваат како „никој не го видел“, не може да се види... средбите со бога се само проповеди таму, ништо повеќе, затоа и не се менува светот сеуште.

Премногу зборување, премногу собирање луѓе заради бројност е проклеството на старите религии. „Вистинската религија“ во стариот еон беше потврдена со тоа кој колку има верници, а и сега се чукаат во гради некои со такви будалаштини.
50 свесни луѓе се многу повеќе од 100к неписмени и лесно управливи луѓе кои многу лесно одговараат на надворешни дразби без да размислуваат, како автомати, роботи!
Кому му требаат верници, посебно верници кои не се заморуваат со религија и верувања и учења на догмата и сржта на самите религии? Кому? Да заборавиме да мислиме „И да го примиме бога“? Кој бог? Свештеникот тебе ќе ти каже бидјеќи ти си неспособен? Ако ти си неспособен и не може да размислуваш и тоа е опасно многу во однос на божественото, како ти тогаш ќе знаеш што е вистина? Имаш средба со бога?
Дали?

Ќе ти кажам кому инаку му требаат вакви верници од погоре! На оние на кои им требаат фанатици кои ќе одат во војни во името на ова или она, бидејќи старите религии се врзани со национализмот, историски е така, начин на зачувување на своето... неписменоста е виновна за тоа! Обичниот верник ги води братоубиствените војни задоен со религија која не ја разбира воопшто и со национализам кој шго го дели од другите!
Така да, вистинските религии не ги барајте во учења кои се нус-производ на еврејските езотериски школи, бидејќи тие се само егзотерија, почетна патека кон нешто многу подлабоко и подалечно од верувањето и догмата.

П.С. Не е се така црно во старите религии.
На пример, луѓето кои се христијани, посебно православни верници многу добро ја разбираат Телема и Агапе идејата во Телема. НО бидејќи не смеат заради грев да напуштат верување во кое биле „насамарени“ да бидат дел уште како деца (и потоа како постари бомбардирани со идеја дека тоа е само искушение кое мора да се издржи, да се остане во религијата која ја надминуваат и не се пронаоѓаат веќе) им треба огромна волја и скок за да преминат отаде познатото на оние кои се околу нив и со кои битисуваат секојдневно!
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.046
Поени од реакции
2.486
„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
-
Liber AL, III:42
Убаво склопена реченица, тоа "... премногу" те вади дека може да дебатираме што е премногу, релативно е. Пример ја лично мислам дека премногу расправаш, зборуваш негативно премногу посебно за староеонските религии шо ме тера да мислам дека сакаш да преобратиш. Зошто инаку толку би расправал?
 
Премногу ми се долги постовите бидејќи како што реков, тука многу малку се заморувате со религии, догми и учења, а доаѓате тука да си ладете умот и претежно религиите ви се последното нешто за кое имате потреба да се заморувате...

Мора да се дообјаснува зошто нештото е кажано како што е кажано, инаку ќе се извади од контекст (тоа некои сепак намерно го прават заради нивни лични убедувања). Од друга страна, Телема за разлика од христијанство и ислам (за кои има томови книги и прераскажувања) е ново нешто, потребно е да се пишува, да се дообјасни, ако некои злобни јазици дрдорат глупости за да си ги оправдаат религиите и како нештото е лошо бидејќи не е нивното, мора малку да се испегла, да се има некој увид во нешата... тоа не е проповедање и убедување, само споделување информации... за да ако некој има волја (да, волја) да може да побара и да научи нешто повеќе, за да не биде овца и да верува на туѓите идеи за тоа што тој не го знае во моментот.

Да дебатираме е едно, да проповедаме и да се повикуваме на свети книги за да осудуваме нечиј идеал на Земјата кој што не се поклопува со нашето верување во богови и слично, се различни работи.
„Вистинските“ религии не велат ти погрешно веруваш или тебе ти се погрешни ритуалите и разбирањето на светот и дека ти си зло!

Покажи ми ги сега вистинските религии кои не го прават ова...
го глеаш моето „негативно“ зборување, но туѓото такво зборување на кое си навикнат и сметаш дека имаат тие право негативно да зборуваат за другите, заради нивните догми дека „има само еден бог и тоа е нашиот и никој друг“ и погрешно разбирање на сето тоа заради нивни хирови....

П.С. ВО новиот еон не може никој да преобратиш... како ќе преобратиш? На сила? Со лага? Ако започне нештото со лага, не гледам длабоки темели во иднина тој човек да има на што да стои и да се изгради себе си подобро од сега, или пак да е способен да го промени светот околу себе!
На сила - тоа е лудост и многу спротивно од целата хиерархија...

П.С. Види колкав пост. Зошто? За да се разбереме подобро. :) Инаку можев да напишам, не, не е така - не преобратува Телема никој и толку. :)
 
12212112

17.04.2024
Член од
25 октомври 2023
Мислења
167
Поени од реакции
145

Премногу ти се долги постовите? Јас по 12 дена максимум постам.
Инаку мојата вера е вистината.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Пуштањето Бога во себе и утепувањето на својата суетност се обратно пропорционални движења...препорачани од Црквата.
Автоматски споено мислење:

Посочи ми како се постигнува лична духовност без Бога, без Духот Свет.
За мене прашувам, за да не се мачам непотребно...:)
Автоматски споено мислење:

Потрагата по Бога завршува со/во средба со Бога, не во бесконечно проповедање, па нека е тоа проповедање и во Негово име...
...ако ти посочам како се доаѓа до лична духовност нема да биде повеќе лична,нели?
...ионака секој човек треба сам да му даде смисол на сопствената маленкост(ова не е моја мисла,но одлично го опишува нашето постоење овде и сега) :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.029
...ако ти посочам како се доаѓа до лична духовност нема да биде повеќе лична,нели?
Начелно да, веќе нема да биде лична, туку ќе биде страшно субјективна...до мерка од нејзина целосна погрешност, ако истата таа духовност не е употреблива и проверлива и од други субјекти, кои би можеле да ја потврдат како исправна/вистинска духовност.
Автоматски споено мислење:

...ионака секој човек треба сам да му даде смисол на сопствената маленкост(ова не е моја мисла,но одлично го опишува нашето постоење овде и сега) :)
Ако секој поединец сам на себе си ја одредува смислата, па нека се однесува и на маленкоста, тогаш која од тие субјективни смисли е онаа вистинската?...:unsure:
Автоматски споено мислење:

„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
-
Liber AL, III:42

Не постои средба со бог во христијанството. Секој што нема авторитет и кој што ќе тврди дека имал средба со бога, свештенството (а со тоа и сите што го следат свештенството) ќе го прогласат човекот за отпадник од верата и дека не знае што зборува.
Нормално, Пајсиј зборувал со богот велат сега, но откако умре му се потврди тоа од луѓе кои не зборувале и немале средба со боговите, само се нашле во таа хиерархија според некоја наследна судбина :)

Не постои средба на човек со бог, само бог може да го издржи погледот на друг бог... а човекот во старите религии е убеден дека е само црв на земјата, пепел, прав никој и ништо, дојден да пострада...
Одете страдајте далеку од луѓето кои сакаат да живеат на Земјата и не ги задојувајте со отров оние кои не сакаат да ја пијат вашата чаша која вие по ваша волја сами сте си ја кренале и проголтале.

Затоа и многу од старите религии зборуваат како „никој не го видел“, не може да се види... средбите со бога се само проповеди таму, ништо повеќе, затоа и не се менува светот сеуште.

Премногу зборување, премногу собирање луѓе заради бројност е проклеството на старите религии. „Вистинската религија“ во стариот еон беше потврдена со тоа кој колку има верници, а и сега се чукаат во гради некои со такви будалаштини.
50 свесни луѓе се многу повеќе од 100к неписмени и лесно управливи луѓе кои многу лесно одговараат на надворешни дразби без да размислуваат, како автомати, роботи!
Кому му требаат верници, посебно верници кои не се заморуваат со религија и верувања и учења на догмата и сржта на самите религии? Кому? Да заборавиме да мислиме „И да го примиме бога“? Кој бог? Свештеникот тебе ќе ти каже бидјеќи ти си неспособен? Ако ти си неспособен и не може да размислуваш и тоа е опасно многу во однос на божественото, како ти тогаш ќе знаеш што е вистина? Имаш средба со бога?
Дали?

Ќе ти кажам кому инаку му требаат вакви верници од погоре! На оние на кои им требаат фанатици кои ќе одат во војни во името на ова или она, бидејќи старите религии се врзани со национализмот, историски е така, начин на зачувување на своето... неписменоста е виновна за тоа! Обичниот верник ги води братоубиствените војни задоен со религија која не ја разбира воопшто и со национализам кој шго го дели од другите!
Така да, вистинските религии не ги барајте во учења кои се нус-производ на еврејските езотериски школи, бидејќи тие се само егзотерија, почетна патека кон нешто многу подлабоко и подалечно од верувањето и догмата.

П.С. Не е се така црно во старите религии.
На пример, луѓето кои се христијани, посебно православни верници многу добро ја разбираат Телема и Агапе идејата во Телема. НО бидејќи не смеат заради грев да напуштат верување во кое биле „насамарени“ да бидат дел уште како деца (и потоа како постари бомбардирани со идеја дека тоа е само искушение кое мора да се издржи, да се остане во религијата која ја надминуваат и не се пронаоѓаат веќе) им треба огромна волја и скок за да преминат отаде познатото на оние кои се околу нив и со кои битисуваат секојдневно!
Ништо...ме убеди...утре идам у Црква и ќе ми речам на попојте да ме отпишат од Црквата...:(
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.142
Ништо...ме убеди...утре идам у Црква и ќе ми речам на попојте да ме отпишат од Црквата...:(
Во Србија мислам дека ја има таа опција, кај нас мал број луѓе, не дозволуваат. Еднаш крстен и ти дале лист, толку... нема назад!
Ќе те бројат христијанин сакал ти или не... нема бегање од „вистинската“ религија! (y)
 
12212112

17.04.2024
Член од
25 октомври 2023
Мислења
167
Поени од реакции
145
Во Србија мислам дека ја има таа опција, кај нас мал број луѓе, не дозволуваат. Еднаш крстен и ти дале лист, толку... нема назад!
Ќе те бројат христијанин сакал ти или не... нема бегање од „вистинската“ религија! (y)
При крштевање и други обреди поповите 2 капки емоција не даваат. Денеска - крстен или не, исто ти се фаќа.
 
Член од
15 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
15
П.С. Не е се така црно во старите религии. На пример, луѓето кои се христијани, посебно православни верници многу добро ја разбираат Телема и Агапе идејата во Телема. НО бидејќи не смеат заради грев да напуштат верување во кое биле „насамарени“ да бидат дел уште како деца (и потоа како постари бомбардирани со идеја дека тоа е само искушение кое мора да се издржи, да се остане во религијата која ја надминуваат и не се пронаоѓаат веќе) им треба огромна волја и скок за да преминат отаде познатото на оние кои се околу нив и со кои битисуваат секојдневно!
Брат, нема потреба никаде да преминуваме од Православие, бидејќи имаме заедница со Бога во која се среќаваме, постојано со Него и Бог ни се дава на секоја литургија и за сè останато немаме потреба до толку да забегуваме. И милиони факти да ми приложиш за тоа дека Православието не е вистинската религија, и потполно да бидат точни, сепак ќе останам во него, бидејќи само овде се чувствувам слободен во духот и исполнет со благодат Божја. Кој не почуствувал и не сакал да осознае не знае.

А и да не заборавиме да погледнеме наоколу, или низ историјата со сите факти и случувања. И најголемиот доказ, Благодатниот Оган што секоја година се пали само на Православниот Велигден! Доволно е мислам тоа, што да бараме повеќе. Секојдневно сме сведоци на многу настани околу нас за наша поука, но само дали сакаме да ги согледаме како живи примери, или сакама пак да си веруваме во некоја читанка и да си креираме имагинарни богови и светови кои само во нашиот ум постојат.

П.С. А што религија е тоа што го извади, онака чисто информативно прашувам?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.142
И милиони факти да ми приложиш за тоа дека Православието не е вистинската религија, и потполно да бидат точни, сепак ќе останам во него, бидејќи само овде се чувствувам слободен во духот и исполнет со благодат Божја. Кој не почуствувал и не сакал да осознае не знае.
Браво. (y)
Тоа испуштив да го кажам претходно, дека нема средби со богови, само чувства и на тоа се базира верникот. Факти и искуство - небитно. Друг спомна исто така од православна вероисповест дека и разумот друг ти го дава, свештенството...
Така да, повторно ќе речам: Браво.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.029
Браво. (y)
Тоа испуштив да го кажам претходно, дека нема средби со богови, само чувства и на тоа се базира верникот. Факти и искуство - небитно. Друг спомна исто така од православна вероисповест дека и разумот друг ти го дава, свештенството...
Така да, повторно ќе речам: Браво.
Уаааааааууу!...

„Мудро„ збориш, ама ај да видиме кај грешиш-непрекинато.

Чувства (црковно кажано-душевност) имаат и атеистите па и животинките, ама овие првите пак не веруваат во Бога. За чудо, вторите знаат.

Кога верникот верува во живиот Бог и е убеден дека тој бог е вистинскиот, тоа значи само едно-дека атеистот трагал по некаков бог, Го нашол Бога, се сретнал со Бога и токкму тогаш, ради таа средба, атеистот се преумил и станал Божји следбеник.

Човекот може да поверува во Бог не затоа што читал некаква литератира, туку затоа што ги активирал своите духовни очи, со кои секој поединец може да се согледа себе си, својата битска состојба и конечно, да Го спознае Бога.

Бог не е душевност, туку доховност.

А ти, во меѓувреме, пишувај ни за античко-новоенските старо-нови бајки...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.142
Не знаеш. ТИ само веруваш и се чувствуваш убаво.

За што сакам пишувам исто како и ти што пишуваш.

Кога верникот верува во богови, не знае и може да е убеден во сешто и тоа е многу лесно, посебно денес. Реков претходно: автомати, лесно примаат дразби од надвор. Види погоре, всушност ќе ти бувнам линк тука за да ти има смисла ова што ти зборувам :)

Ете правиславниот верник вели факти не им требаат, што сака нека се фактите (факт значи неоспорна вистина) тој пак ќе си биде убеден... реков тоа го сметате за искушение, дека некое „зло“ ве искушува и ви го поматува умот кој сте го дале под кирија кога се работи за духовни работи: духовен отец подобро од тебе знае за твоите лавиринти!
Абе ок ли сте? Како се убедивте дека е така? Како паднавте толку ниско и далеку од патеката?

Да си убеден не значи дека си убеден во вистинитоста на нештата, бидејќи друг си дозволил да мисли за тебе и за тебе да вели што е добро што не, вашето свештенство, црквата - ти како обичен верник е да наведнуваш глава и да веруваш.

И никој не вели да не го правиш тоа, ако ти е волја немаш никакво друго право освен да го правиш тоа, но да убедуваш други дека тоа е вистината на светот и како сите други се зло и непотребност на Земјата - не е ок :)
Тоа не е вистинска религија. Шири омраза и го дели брат со брат ,татко со син, итн итн... како што пишува нели...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom