И...како игледа разликата во „осеќањето„ меѓу „будиста„ и „евангелиста„?...Бев атеиста, православен, евангелиста, политеиста сега сум будиста. Најбоље се осеќам како будиста.
И...како игледа разликата во „осеќањето„ меѓу „будиста„ и „евангелиста„?...Бев атеиста, православен, евангелиста, политеиста сега сум будиста. Најбоље се осеќам како будиста.
...тоа што го пушташ бога во себе е една работа,а друга да го отфрлиш своето како тврдиш.Да, Го пушташ Бога во себе...
Автоматски споено мислење:
Има и такви (религии), ама таквите (ти) служат за да го оправдаш нивното неприфаќање, а не за да се впуштиш во трагање по вистинскиот бог...
Автоматски споено мислење:
Еве, ја‘ верувам дека секој збор кој го изнесуваш на темава, е чисто твој мисловен „производ„, односно став кој е толку оригинален, што никому на Светов и на веков до сега не му паднал на ум...
Пуштањето Бога во себе и утепувањето на својата суетност се обратно пропорционални движења...препорачани од Црквата....тоа што го пушташ бога во себе е една работа,а друга да го отфрлиш своето како тврдиш.
Посочи ми како се постигнува лична духовност без Бога, без Духот Свет....и впрочем зошто морам да трагам по нешто што веќе го имам во себе,а тоа е желбата за живот и свое лично перманентно духовно воздигнување.
Потрагата по Бога завршува со/во средба со Бога, не во бесконечно проповедање, па нека е тоа проповедање и во Негово име......и во таа наша потрага по Бог и она што се проповеда во негово име не смееме да заборавиме да живееме
„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“Потрагата по Бога завршува со/во средба со Бога, не во бесконечно проповедање, па нека е тоа проповедање и во Негово име...
Убаво склопена реченица, тоа "... премногу" те вади дека може да дебатираме што е премногу, релативно е. Пример ја лично мислам дека премногу расправаш, зборуваш негативно премногу посебно за староеонските религии шо ме тера да мислам дека сакаш да преобратиш. Зошто инаку толку би расправал?„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
- Liber AL, III:42
Премногу ми се долги постовите бидејќи како што реков, тука многу малку се заморувате со религии, догми и учења, а доаѓате тука да си ладете умот и претежно религиите ви се последното нешто за кое имате потреба да се заморувате...Убаво склопена реченица, тоа "... премногу" те вади дека може да дебатираме што е премногу, релативно е. Пример ја лично мислам дека премногу расправаш, зборуваш негативно премногу посебно за староеонските религии шо ме тера да мислам дека сакаш да преобратиш. Зошто инаку толку би расправал?
Премногу ти се долги постовите? Јас по 12 дена максимум постам.Премногу ми се долги постовите бидејќи како што реков, тука многу малку се заморувате со религии, догми и учења, а доаѓате тука да си ладете умот и претежно религиите ви се последното нешто за кое имате потреба да се заморувате...
Мора да се дообјаснува зошто нештото е кажано како што е кажано, инаку ќе се извади од контекст (тоа некои сепак намерно го прават заради нивни лични убедувања). Од друга страна, Телема за разлика од христијанство и ислам (за кои има томови книги и прераскажувања) е ново нешто, потребно е да се пишува, да се дообјасни, ако некои злобни јазици дрдорат глупости за да си ги оправдаат религиите и како нештото е лошо бидејќи не е нивното, мора малку да се испегла, да се има некој увид во нешата... тоа не е проповедање и убедување, само споделување информации... за да ако некој има волја (да, волја) да може да побара и да научи нешто повеќе, за да не биде овца и да верува на туѓите идеи за тоа што тој не го знае во моментот.
Да дебатираме е едно, да проповедаме и да се повикуваме на свети книги за да осудуваме нечиј идеал на Земјата кој што не се поклопува со нашето верување во богови и слично, се различни работи.
„Вистинските“ религии не велат ти погрешно веруваш или тебе ти се погрешни ритуалите и разбирањето на светот и дека ти си зло!
Покажи ми ги сега вистинските религии кои не го прават ова... го глеаш моето „негативно“ зборување, но туѓото такво зборување на кое си навикнат и сметаш дека имаат тие право негативно да зборуваат за другите, заради нивните догми дека „има само еден бог и тоа е нашиот и никој друг“ и погрешно разбирање на сето тоа заради нивни хирови....
П.С. ВО новиот еон не може никој да преобратиш... како ќе преобратиш? На сила? Со лага? Ако започне нештото со лага, не гледам длабоки темели во иднина тој човек да има на што да стои и да се изгради себе си подобро од сега, или пак да е способен да го промени светот околу себе!
На сила - тоа е лудост и многу спротивно од целата хиерархија...
П.С. Види колкав пост. Зошто? За да се разбереме подобро. Инаку можев да напишам, не, не е така - не преобратува Телема никој и толку.
...ако ти посочам како се доаѓа до лична духовност нема да биде повеќе лична,нели?Пуштањето Бога во себе и утепувањето на својата суетност се обратно пропорционални движења...препорачани од Црквата.
Автоматски споено мислење:
Посочи ми како се постигнува лична духовност без Бога, без Духот Свет.
За мене прашувам, за да не се мачам непотребно...
Автоматски споено мислење:
Потрагата по Бога завршува со/во средба со Бога, не во бесконечно проповедање, па нека е тоа проповедање и во Негово име...
Начелно да, веќе нема да биде лична, туку ќе биде страшно субјективна...до мерка од нејзина целосна погрешност, ако истата таа духовност не е употреблива и проверлива и од други субјекти, кои би можеле да ја потврдат како исправна/вистинска духовност....ако ти посочам како се доаѓа до лична духовност нема да биде повеќе лична,нели?
Ако секој поединец сам на себе си ја одредува смислата, па нека се однесува и на маленкоста, тогаш која од тие субјективни смисли е онаа вистинската?......ионака секој човек треба сам да му даде смисол на сопствената маленкост(ова не е моја мисла,но одлично го опишува нашето постоење овде и сега)
Ништо...ме убеди...утре идам у Црква и ќе ми речам на попојте да ме отпишат од Црквата...„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
- Liber AL, III:42
Не постои средба со бог во христијанството. Секој што нема авторитет и кој што ќе тврди дека имал средба со бога, свештенството (а со тоа и сите што го следат свештенството) ќе го прогласат човекот за отпадник од верата и дека не знае што зборува.
Нормално, Пајсиј зборувал со богот велат сега, но откако умре му се потврди тоа од луѓе кои не зборувале и немале средба со боговите, само се нашле во таа хиерархија според некоја наследна судбина
Не постои средба на човек со бог, само бог може да го издржи погледот на друг бог... а човекот во старите религии е убеден дека е само црв на земјата, пепел, прав никој и ништо, дојден да пострада...
Одете страдајте далеку од луѓето кои сакаат да живеат на Земјата и не ги задојувајте со отров оние кои не сакаат да ја пијат вашата чаша која вие по ваша волја сами сте си ја кренале и проголтале.
Затоа и многу од старите религии зборуваат како „никој не го видел“, не може да се види... средбите со бога се само проповеди таму, ништо повеќе, затоа и не се менува светот сеуште.
Премногу зборување, премногу собирање луѓе заради бројност е проклеството на старите религии. „Вистинската религија“ во стариот еон беше потврдена со тоа кој колку има верници, а и сега се чукаат во гради некои со такви будалаштини.
50 свесни луѓе се многу повеќе од 100к неписмени и лесно управливи луѓе кои многу лесно одговараат на надворешни дразби без да размислуваат, како автомати, роботи!
Кому му требаат верници, посебно верници кои не се заморуваат со религија и верувања и учења на догмата и сржта на самите религии? Кому? Да заборавиме да мислиме „И да го примиме бога“? Кој бог? Свештеникот тебе ќе ти каже бидјеќи ти си неспособен? Ако ти си неспособен и не може да размислуваш и тоа е опасно многу во однос на божественото, како ти тогаш ќе знаеш што е вистина? Имаш средба со бога?
Дали?
Ќе ти кажам кому инаку му требаат вакви верници од погоре! На оние на кои им требаат фанатици кои ќе одат во војни во името на ова или она, бидејќи старите религии се врзани со национализмот, историски е така, начин на зачувување на своето... неписменоста е виновна за тоа! Обичниот верник ги води братоубиствените војни задоен со религија која не ја разбира воопшто и со национализам кој шго го дели од другите!
Така да, вистинските религии не ги барајте во учења кои се нус-производ на еврејските езотериски школи, бидејќи тие се само егзотерија, почетна патека кон нешто многу подлабоко и подалечно од верувањето и догмата.
П.С. Не е се така црно во старите религии. На пример, луѓето кои се христијани, посебно православни верници многу добро ја разбираат Телема и Агапе идејата во Телема. НО бидејќи не смеат заради грев да напуштат верување во кое биле „насамарени“ да бидат дел уште како деца (и потоа како постари бомбардирани со идеја дека тоа е само искушение кое мора да се издржи, да се остане во религијата која ја надминуваат и не се пронаоѓаат веќе) им треба огромна волја и скок за да преминат отаде познатото на оние кои се околу нив и со кои битисуваат секојдневно!
Во Србија мислам дека ја има таа опција, кај нас мал број луѓе, не дозволуваат. Еднаш крстен и ти дале лист, толку... нема назад!Ништо...ме убеди...утре идам у Црква и ќе ми речам на попојте да ме отпишат од Црквата...
При крштевање и други обреди поповите 2 капки емоција не даваат. Денеска - крстен или не, исто ти се фаќа.Во Србија мислам дека ја има таа опција, кај нас мал број луѓе, не дозволуваат. Еднаш крстен и ти дале лист, толку... нема назад!
Ќе те бројат христијанин сакал ти или не... нема бегање од „вистинската“ религија!
Брат, нема потреба никаде да преминуваме од Православие, бидејќи имаме заедница со Бога во која се среќаваме, постојано со Него и Бог ни се дава на секоја литургија и за сè останато немаме потреба до толку да забегуваме. И милиони факти да ми приложиш за тоа дека Православието не е вистинската религија, и потполно да бидат точни, сепак ќе останам во него, бидејќи само овде се чувствувам слободен во духот и исполнет со благодат Божја. Кој не почуствувал и не сакал да осознае не знае.П.С. Не е се така црно во старите религии. На пример, луѓето кои се христијани, посебно православни верници многу добро ја разбираат Телема и Агапе идејата во Телема. НО бидејќи не смеат заради грев да напуштат верување во кое биле „насамарени“ да бидат дел уште како деца (и потоа како постари бомбардирани со идеја дека тоа е само искушение кое мора да се издржи, да се остане во религијата која ја надминуваат и не се пронаоѓаат веќе) им треба огромна волја и скок за да преминат отаде познатото на оние кои се околу нив и со кои битисуваат секојдневно!
Браво.И милиони факти да ми приложиш за тоа дека Православието не е вистинската религија, и потполно да бидат точни, сепак ќе останам во него, бидејќи само овде се чувствувам слободен во духот и исполнет со благодат Божја. Кој не почуствувал и не сакал да осознае не знае.
Уаааааааууу!...Браво.
Тоа испуштив да го кажам претходно, дека нема средби со богови, само чувства и на тоа се базира верникот. Факти и искуство - небитно. Друг спомна исто така од православна вероисповест дека и разумот друг ти го дава, свештенството...
Така да, повторно ќе речам: Браво.
Не знаеш. ТИ само веруваш и се чувствуваш убаво.