Ova za zenski drustva e vo globala, tocno. Ne se site valjda isti, ama groto taka funkcioniraat. Shemi pravenje, ogovaranje, manipulacii, obavezno imas edna queen bee so e glavna I nejze ako ne I e denot, na site ne vi e denot.
Toa aj da go trpis vo tinejdz godini, mladi i zeleni, ama sea da trpam zeni da mi komandaat ko vo Mean girls, ke zeam ke se otepam.
Zenite se izuzetno ljubomorni stvorenja, kon drugi zeni. Ako ti ide OK vo vrska, odma imas komentari abe ko da se smeni ti taka malce. Odma dobivas drug tretman, malce te ignoriraat, moze I skroz da te otpisat. Ako ti ide poarno vo skolo, rabota, pari, ljubomora. Niso cudno da ti brojat I kolku I kako moze da trosis. Seriozna vrska, srekjna si, prsteni cuda, ljubomora. Nema apla direktno da ti bide kazano, ama se gleda.
Vo vakvi drustva nikogas ne sum se osekjala prijatno. Poarno e da imas par OK drugarki vaka od random sredini so gi imas zapoznato, bar za mene licno toa bilo sekogas poarno negoli drustvava standardni.
Ова што го пишуваш е сосема точно. Особено во делот на љубомора кога некоја ке си фати ок дечко и добро и иде. Целиот живот ми е карма да сум опкружен со жени.... им го знам софтверот комплетно со сите драјвери, екстензии и заебанции. Имам и вистински другарки до срж. Колку помеѓу жените има лицемерие, љубомора, завидување, дворски игри и подметнувања тоа не се мери на ниедна вага и за нас машките е тешко сватливо и комплетно ирациионално. Посебно тоа лицемерието, со дворски игри ке ја доведе ,,другарката,, во заебана ситуација а после неа ке ја теши и гушка а пред другите ке морализира и осудува.... Затоа, девојки, жени, бидете свои и баталете туѓи мислења и фејзбук, размислете што е најдобро за вас без ,,помош,, и без влијание од социјални мрежи каде се е прекрасно и идеално. И еве, да не бидеме надвор од темата, слободно може да се каже дека црвено знаменце е ако гледаш дека девојката многу лесно потпаѓа под туѓи влијанија и влијанија на фејзбуци, инстаграми... таквата слабост е експресна пруга кон провалија.
Погоре, во претходниот мој пост, опишав некоја ситуација. Ако таа ситуација продолжеме мисловно да ја развиваме, најверојатни се две сценарија: Едното сценарио е кога девојката е на место и нема да и се потпали фитилот и да ја чеша газот да излезе во петок со другарките па да го види тој бившиот симпатија, си го цени дечкото, не прифаќа влијанија и потстреци и си тера со животот. Другото сценарио е кога девојката потпаѓа под тие розови приказни од другарките, живее во некој фејзбук свет, инстантно се филма дека сите имаат подобар живот од неа и дека таа заслужува и може многу повеке. Ке отиде дома и ке му каже на дечкото дека била со другарките и дека за петок се договориле да излезат некаде да се дружат и не и било згодно да ги одбие оти и замераат дека многу се одалечиле, па ке направи атер и ке излезе ама дека нема нешто намера многу да се задржува оти во сабота рано има некоја работа... сето тоа изведено со финоќа, бакнежи, гушкање, ако живеат заедно ке смати и некој ручек... и ке го извлечи од типот она ,,ок,,. Деновите пред петок, без тоа да паѓа во очи на дечкото, ке посети фризер, маникир, педикир, депилација, парфимерија... И ете ти ја во петок, дотерана како што никогаш не се дотерала за дечкото, секси ама не курвински, го гушка дечкото (ради карминот не го бакнува) и заминува со другарките ,,на пијачка,,. Таа во умот нема намера да се скара со дечкото ниту има намера да се швалерисува со бившиот симпатија, таа во умот си мисли дека е стабилна, дека нема веза тоа што таму вечер ке и биде симпатијата, си го сака таа дечкото и не би направила ништо лошо... а што има лошо во тоа ете да си се подружи со другарките, па и да пофлертува со овој оној или симпатијата... тоа не е ништо лошо..ете така прават и нејзините другарки таа и таа а се гледа на фејзбук дека животот им е супер... таа е сигурна во себе и нема никаква опасност во нејзиното дејание... така си мисли, а јас да сум на местото на симпатијата баш би сакал така да си мисли. И почнува забавата. Пивнуваат по нешто некаде и одат во ,,местото каде што излегуваат,, а таму е и друштвото на бившиот симпатија. Таа е пристојна и у принцип си денса, си пие и си прича со другарките... после неколку пијачки друштвата се спојуваат, па набрзина летаат уште по неколку пијачки частовка од бившиот симпатија за новиот стан во капиштец, атмосверата е супер, опуштено, зезанции... симпатијата и почнува муабет, и кажува два три вица кои ги нема чуено а кои во комбинација со алкохолот се ептен смешни (за разлика од вицовите на дечко и кои ги има слушнато по 10 пати), па што си, како си, што работиш, слушам имаш дечко, како ви оди, дали ти е полно срцето... јас еве купив нов стан, почнав некоја работа, па запишав гага курс по германски преку германска амбасада оти ке ми треба за бизнисот, ако сакаш да учиш можам да ти средам за курсот оти сум ептен близок со тоа даскалицата.... времето врти, дошол 3-4 часот и друштвото се разотидува, си оди и таа, се чувствува супер, си поминала супер, надвор градите полни ладен воздух, па ете и го одбила симпатијата да ја превезе до дома со што се самопотврдила дека не прави ништо лошо, нема ништо лошо во нејзиното однесување, ништо со што би го повредила дечкото.... си оди дома, дечкото и става забелешка дека многу касно си дошла, нели излегувањето ке беше на пијачка... таа се правда дека биле на пијачка ама потоа другарките запнале да одат во клуб, на неа не и се одело ама атер за другарките и да не се дели од нив, отишла а потоа оти стојна била со кола морало да чека да си одат заедно а на стојна, како и на сите други, не и се одело... Не била нешто интересна забавата, нозете ја болеле, и било ладно, едвај чекала да си дојде дома... Дечкото нешто дроби и објаснува дека не и личи да ја чека до 5 сабајле, таа нешто се лути на тоа, го обвинува дека е без причина љубоморен и посесивен, дека таа е посветана на него и го сака, дека и фали друштвото, дека поради него ги изгубила другарките и пријателите, дека треба да и верува.... може тука и некоја солза да капне... и се се завршува среќно со секс. Пред да заспие го врти фејзбукот и чувствува некој горчлив вкус, некоја нелагодност од човекот со искинати гаќи кој хрчи до неа... а таму надвор се разденува, таму надвор е животот. Мислам дека толку збира странава, па ке продолжам на нова покасно.