J
joli1
Гостин
мило ми е што почнавме да се сложуваме на одредени прашања кои се детриментални за една врска или брак, после толку тврдења како ние тука на форумов сме биле диктатори и останато само затоа што сметаме дека треба да има одредени граници во врските се со цел нивно нормално функционирање.Па мислам дека сите се согласуваме за журкањето до 5-6 саат сабајле, идењето кај колеги сама или кај колешки сам, па и за одморите се согласувам. Секој поединец треба да има граници кога е во прашање сопственото однесување, а и да ги почитува границите на партнерот.
Инаку во рани 20ти, па и до кај средина на 20ти океј, ама како идат годиниве мене се потешко ми е излегувањето. Да не зборам па за журкање до 5 сабајле. Последно, цела недела ми требаше да се опоравам од излегвање иако не пиев ни капка алкохол.
од друга страна, не го прави ништо различно журкањето до 2 саат сабајле у споредба со до 5 сабајле, исто како што не би правело никаква разлика одење кај колешка сам или пак одење кај пријателка сам, затоа што личноста и саатот нема да го превентира оправданиот сомнеж во овој случај, исто како што одење со пријатели или со рандом луѓе во дискотека или бордел или стриптиз бар до касни саати нема да го превентира оправданиот сомнеж, само може истиот да биде помал или пак поголем сомнеж (но сепак е сомнеж и ќе влијае на довербата во врската и во партнерот или партнерката) во зависност од факторите.
истотака не сметам дека играат улога годините ниту одредени постапки ги оправдуваат, затоа тоа што е погрешно е погрешно и во рани 20ти години, е и во касни 40ти години, затоа што несовесно понашање во врска е погрешно без разлика на годините, исто како што се и преварите погрешни независно од годините, не е како ај сега ќе праам што сакам у врскава само затоа што сум у рани 20-ти години, па после ќе се смирам или дај да го варам партнеров за да искусам како е тоа, за кога ќе стигнеме средовечна возраст да не го правам и слично, затоа што буквално во тие години се ствараат тие навики.
затоа е најдобро пред влагање во врска да си искусил одредени работи што те интересирале, како што можеби се дискотеки, ноќни клубови, стриптиз барови или бордели, затоа што во врска истите се најчесто само препрека и се детриментални за добро функционирање на врската.
а, доколку веќе си ги пропуштил тие работи поради одредени причини и имаш желба истите ги искусиш, тогаш дефинитивно е поправилно истите да ги искусиш со сопствениот партнер, наместо со рандом луѓе или пак сингл другари и другарки.